@Aleksandra789 мт не е опција да те боцка ништо страшно, само некој треба да му покаже, полека, внимателно и нема што страв. Мачно е тоа идење на 4ри дена боцкање, вака за 5мин работа Мене мм ме боцкаше што и да треба во газот и стоп инекција он ми ставаше. Јас сум учителката, покажав како и супер идеше
Фала ти. Јас зборев со ембриологот, ми рече околу 2.500 еур се вкупно, со се МАКС методата би дошло, без терапија и ми се види многу. Го прашував за природен модифициран и некако се збуни, како да не знае што му зборам и ми рече директно докторот да го прашам, а и сестрите исто. Ама чим е така, ако немаат разлика во тоа на каков циклус се прави ивф, јасно ми е зашто е збунката. Малку не е фер ова кај нив, ама они си се изгледа посебна држава, посебни правила Не зборев уште со докторот, ембриологот ми објасни дека се одвојуваат на тој начин фрагментираните сперматозоиди и остануваат тие што не се фрагментирани, па од нив се бира за оплодување. Методата е се уште нова, но може да се каже колку е зголемен процент на живородени, но има зголемен процент на клинички бремености и се добиваат поквалитетни ембриони, тоа веќе може да потврдат. И секако се прави таму кај што има индикација, значи мора да има зголемен процент на ДНА фрагментација.
Исправка, не може уште да се каже за живородени, но за другото веќе имаат потврда, за поквалитетни ембриони и зголемени клинички бремености
@Желба и јас бев зачудена зошто е така со цените .Пункција и на природен циклус е 600 евра . Без анестезија . Лично го прашав Др Таше зошто е толку скапо , и му кажав дека во Систина е помалку од 200 евра . Одговор добив - секоја болница има различна политика
Членки мене ми бараат инсеминации од фонд со ниска оваријалма резерва 1до 2 на десен и 4 до 6 на лев антрални...мислам дека не се фер...што мислите вие можно ли е да успеам со инсеминација? Многу се разочарав
На сите различно ги кажува цените,. Во случајов само да имаме позитивен тест ништо друго не ми е битно
Ти имаш правено пункција или ти има кажано лично докторот цена конкретно само за пункција? Реално , многу ми е скапо 600 евра . Тродупло поскапо од Систина и Ремедика
Ако ти се ОК каналите и ако е добар спермограмот, не се разочарувај, можеш да успееш и со инсеминација, штом имаш и супер антрални. Преку еден месец можеш да ги правиш ако не успееш одма, можеш и на клиника, евтино е мислам околу 1000 ден
Имаш ок антралните. Ако спермограмот е добар, други проблеми немаш, зашто да не пробаш со инсеминации? Не се мешам, ама не им е лош советот. Како да можев и јас да имам барем некоја шанса со инсеминација
Дај боже да боде се ок проблемот е што доктпрпт нејќе да ми ги троши резервите ќе мпра на природен циклус а во ппследноте месеци сите фоликули во цисти поминуваат..се надевам дека нежа и овој
Женски завршивме со трансферот денес.. Дај те совет храна, пијалоци, активности.. Штто е најдобро да правам во следните две недели?
Mila jadi po dva brazilski orevi dnevno dobri se za implantacijata I srecno za dve Ned da ni se pofales so visoka betahcg
Во нашиот случај предложена е зошто на резултатот од днк фрегментацијата се покажа дека има само 1%морфологија а не постои днк фрегментација Сопругот правеше днк фрегм. И после резултатот ни ја предложи методава. Имам ваучер и ќе го искористам до крај на септември, чекам да започнам пистапка Среќно, позитивни мисли и чекаме убави вести
Направи си ги на природен циклус, не мора со стимулации да ги правиш. Па може и успешна да е инсеминацијата
Најдобро е следните 2недели нозе во вис и одмарај и кулирај. Околу храна јади тоа што ти се јаде, не се оптеретувај многу, многу, повеќе течности и за 14дена чекаме убави вести @Valentina888 каде е?? Видов дека од мај не пишала на форумов. Можеби си одмара, но нека даде знак дека е добро
Фала ти мила Емка што ме мислиш Ги следам темиве редовно,но мн.ретко пишувам. Добра сум,терам 19 та недела. Но стравот од вториот скрининг,не ми дава мир.... Кога велат уживај во најубавиот период(бременоста),јас си велам ах,само да ми се роди здраво и право,па тогаш ќе се опуштам.
Денес предпоследно ехо пред пункција. Закажавме во понеделник уште едно ехо и стоп инекција, па здравје со Господ напред во среда пункција. Ендометриумот сега е 10,5 фоликулите се 16 има некои по 14/15 добро реагираме на пурегон и мерионал. Која е најдобра големина пред пункција, треба ли нешто посебно да се внимава пред пункција..некое искуство..ме фаќа паника..