Изгледа едноставно кажано, му се може . Ај што е толку поскапо, туку и да нема разлика во цена кај природен циклус. Еве ништо да не разбираме, доволно е да споредиме со другите клиники, ако толку е ист трошокот и за класично ин витро и за на природен циклус, тогаш и другите клиники исто ќе наплаќаат, нема сигурно да работат во загуба. Ама во Скопје има 3 клиники кои добро работат и меѓусебно се корегираат во цените, а во Битола нема барем уште една. Да има, не знам дали ќе тераат иста политика И плус ако уште некоја клиника ја уведе таа МАКС метода. Но до тогаш, тоа е. Ако си помлада од 40 и плус сите други параметри ви се добри, веројатно затоа ти побарале. Обично на повозрасните не им бараат и башка ако има некоја друга индикација дека инсеминацијата ќе биде губење на време. Заборавив да пишам, јас имав и две операции поради ендометриоза, може и тоа го зеле предвид. Но, знам и за други случаеви, жени над 40, им одобрија и без и со 2 инсеминации. Во секој случај не се разочарувај, може па и ти прават услуга, дај Боже да имаш успешна инсеминација, воопшто не е исклучено да успеете. Ин витрото сепак се применува како последна метода. Со среќа! Искрено не се разбирам многу во врска со спрермограмите, не знам колку таа метода е препорачлива кај морфологија, ако се сомневаш, може најдобро да си побараш второ мислење. @hub те молам опушти се, се е супер кај тебе до сега, навистина немаш никаква причина за паника. Ендометриумот ти е одличен. Слушај го докторот, кај кој и да си, сигурно има веќе стотици ин витра направено, знае што прави, верувај му. Со среќа! @Aleksandra789 ако осеќаш големи болки, било каде во телото, оди на лекар. Ако осеќаш слаби болки во стомакот, може да се последица од пункцијата, а исто така и непријатното чувство како стегање во долниот дел од стомакот. Исто така ако дај Боже ембрионот се вгнездува, може да чувствуваш некакви сензации и кога ќе се имлантира матката почнува да се шири, па и тоа предизвикува чувство на грчеви и болки. Но се тоа ако е умерено, ако било што е силно и сомнително и секако ако имаш некое крварење, одма на лекар. Одмарај се, јади потечна храна првите денови поради столицата, протеини, овошје и зеленчук и надевај се на најдобро. Со среќа и да не израдуваш со висока бета!
Да прашам дали ќе ми ги признаат инсеминациоте ако ми се правени во два циклуса едно по друго оти ми кажаа демек требало 1 месец пауза по првата па потоа друга?
Прашај си, јас имав поднесено 4, од кои две ми беа една по друга, па ми одобрија. Не би требало да е проблем, ама за секој случај прашај.
Здраво , штотуку добив ваучер за ин витро , ќе биде ли некој љубезен да ми ја објасни процедурата од почеток на пиење контрацепција до самиот чин на оплодувањето и колку време трае
Женски кои од следниве документи се задолжителни ХСГ, лапароскопија, хистероскопија, лапаротомија, ехо 4 Д? Јас имам 4Д, али ХСГ ми е стар од 2012 год, дали ќе мора и него да го пуштам или доволно е само 4 д?
@Лаура82 како што ти пиша Queen8, најубаво јави се кај некој од докторите, имаш броеви на страната на ФЗОМ и прашај. Јас немам никакво искуство со инсеминации. @sonce2012 контрацептивите се пијат втор или трет ден од циклус, 28 дена, па неколку дена потоа треба да ти започне наредниот циклус кога почнуваат да те стимулираат. Зависно со кој протокол ќе бидеш, боцкањето ќе биде или од тој циклус или пред да започне. За околу две недели отприлика би требало да биде и трансферот, но се зависи од тоа како ќе реагираш на стимулации. Најубаво да отидеш кај докторот и он да ти објасни со каков протокол ќе одите и која е неговата проценка, колку се ќе трае отприлика. Со среќа! @Софија 88 јас би направила копија од ХСГ и би ја поднела и неа, ако може ја имаат и во досие.
Мила се замислив дали ќе ме вратат зошто ХСГ од 2012 год е, и сакав само 4д да им дадам, а страв ми е да не ме вратат ..
ПРОЦЕСОТ НА ВОНТЕЛЕСНО ОПЛОДУВАЊЕ Кога ќе се договорите со Вашиот лекар да правите ИВФ, ќе Ви биде дадена шема по која ќе треба да ги примате сите препарати и инекции. Овде ќе ја објасниме генералната пракса: КОНТРАЦЕПЦИЈА Еден циклус пред да се прави ИВФ обично жената зема контрацепција. На овој начин се намалуваат шансите да дојде до синдром на хиперстимулација на јајниците и појава на цисти. Исто така се зголемуваат шансите во следниот циклус кога ќе се прави хормоналната стимулација да се добијат повеќе јајце клетки. СТИМУЛАЦИЈА Кога ќе добиете менструација, официјално започнува Вашиот ин-витро циклус. Вториот ден од циклусот ќе Ви бидат испитани хормоните и ќе биде направен ултра звучен преглед. Ако се е во ред, ќе почнете со хормоналната стимулација со гонадотропини. Видот и бројот на инекциите кои ќе ги примате, ќе зависи од проценката на Вашиот лекар. Инекциите за стимулација најчесто се примаат приближно околу 10 дена. За да се избегне природна овулација, се даваат гонадотропни агонисти или антагонисти. Тоа ќе го спречи природниот скок на лутеинизирачкиот хормон. Додека ја примате хормоналната стимулација, ќе бидете следени на ултра звук за лекарот да види како се развиваат фоликулите. Исто така ќе биде следена концентрацијата на естрадиол во крвта. По тие параметри лекарот ќе утврди дали треба да се зголеми или намали дозата на стимулацијата. Кога неколку фоликули ќе достигнат големина од 18-20мм, се дава инекција со hCG хормон, тоа најчесто е Прегнил или Овидрел. Многу битно е правилното темпирање на давањето на оваа инекција, затоа што ако се даде премногу рано јајце клетките нема да бидат зрели за оплодување, а ако пак се даде предоцна може јајце клетките да бидат престари и да има проблем со нивното оплодување. АСПИРАЦИЈА После 34-36 часа од примањето на инекцијата со hCG, се прави аспирација или вадење на јајце клетките од фоликулите. Препорачливо е аспирацијата да биде со анестезија, затоа што може да биде доста болна. Аспирацијата се прави со посебна игла, која преку задниот ѕид на вагината се носи до фоликулите. Водењето на иглата постојано се следи на ултразвук. Потоа се вшмукува содржината на секој фолкул. Заедно со течноста од фоликулот се вади и јајце клетката. Во фолкулот има по 1 јајце клетка, но некои фоликули може да бидат и празни или пак да не биде успешно вадењето на јајце клетката. После аспирацијата можеби ќе имате благо крварење или спотинг и грчеви во долниот дел од стомакот. Следниот ден овие симптоми најчесто исчезнуваат. Од денот на аспирацијата или ден после неа, ќе почнете да земате прогестерон. Прогестеронот може да биде во вид на инекции или најчесто во вид вагиналети. Прогестеронот се зема се до 12 седмица од бременоста или пак негативен тест за бременост после 14 дена од трансферот. ОПЛОДУВАЊЕ Додека се прави аспирација кај жената, сопругот остава примерок од спермата. Потоа спермата се обработува во лабораторија, се промива и се издвојуваат само квалитетните сперматозоиди. После аспирацијата земениот материјал од фоликулите на жената се испитува и се бараат јајце клетките. Ембриологот ги проценува јајце клетките и оние што се зрели за опплодување ќе бидат ставени со стаклени садови заедно со обработената сперма од сопругот. Садовите се чуваат во посебен инкубатор. После 12-24 часа се проверува дали дошло до оплодување на јајце клетките и колку од нив се оплодиле. Доколку се работи за машка неплодност, оплодувањето не се остава да се случи само од себе во сад. Наместо тоа се прави ICSI или интра цитоплазамтска инекција на сперматозоидот во јајце клетката. При оваа метода се зема еден сперматозоид и со игла се внесува во јајце клетката. Се прави во случај кога сперматозоидите не можат сами да ја пробијат мембраната на јајце клетката или пак има многу мал број на сперматозоиди. ЕМБРИОТРАНСФЕР После 3-5 дена (зависно од начинот на кој работи клиниката) се прави проценка на оплодените јајце клетки и најквалитетните ембриони се враќаат назад во матката. Во некои клиники ембротрансферот се прави после 2-3 дена, но се покажало дека поголеми шанси да дојде до бременост има ако се почека ембрионот да се развие до стадиум на бластоциста и да се врати во матката 5-7 дена по аспирацијата. Ова е од причина што некои ембриони иако се зачнале, нема да продолжат да растат и да се развијат до стадиум на блацстоциста. Не се препорачува да се вратат повеќе од 2 или 3 ембриони, затоа што така расте опасноста од повеќекратна бременост и компликации во истата. Во некои земји бројот на вратените ембриони законски е ограничен на 2. Според некои мислења доколку се вратат повеќе ембриони се намалува и шансата за нивна имплантација. Во случај да има повеќе ембриони постои опција да се замрзнат. Самата постапка на ембриотрансфер тече така што низ грлото на матката се внесува танок катетар и преку него се внесуваат ембрионите. Постапката не е болна и нема потреба од анестезија. Жената после ембриорансферот лежи неколку часа и си оди дома. ТЕСТ ЗА БРЕМЕНОСТ Она што останува понатаму е продолжување со земањето на прогестерон и чекање. После 9-12 дена по ембриотрансферот, се прави тест за бременост преку крвта. Доколку тестот е позитивен честитки на бременоста. Ако тестот е негативен и после 14 дена од трансферот, тоа значи дека не е дојдено до бременост и се прекинува со земањето на прогестерон. Неколку дена потоа доаѓа менструација. Неуспешното ин витро е нешто што секоја жена го доживува тешко. Немојте претерано да се разочарувате, тоа во никој случај не значи дека следната постапка на ин-витро нема да биде успешна. Просечно од 3 жени кои биле во постапка, една останува бремена во еден циклус. Понекогаш може да бидат потребни 3 или 4 циклуси на ИВФ.
@Софија 88 обично не бараат да се повторува ХСГ, ама не знам до колку години толерираат, најубаво јави се и прашај, да не се мене мислиш и нервираш за тоа. @sonce2012 би требало да е така, но не може со сигурност да се каже, ин витрото е процес чекор, по чекор, кога ќе почнеш ќе видиш и самата. Кај мене за првото ивф се појави циста, пиев предходно циклопрогинова, што не е класичен контрацептив и ја чекавме 2 месеца да пукне. Никој не може да ти гарантира како се ќе се одвива, но ако се оди во најдобар ред, отприлика месец и пол до трансфер би требало да биде, еве погоре и ти го постираа објаснет процесот.
Za spermogramot sega jas ke si go kazam naseto iskustvo lani vo avgust mesec bese los spermogramot I prethodno imase periodi koga bese los imase samo 20 posto progresivno podvizni spermatozoidi I pred ova uspesno ivf go srediv so vitamini I bese ok e sega pred mesec dena mm pocna da se zali na bolki vo zeludnikot I otide na privatno na internist oti nejkese da se vlecka po drzavnite bolnici oti imase bolki I Dr mu rece da dojde nasabajle na gladno da go vide Dr posto pred 15 god bese operiran imase silno krvarenje od zeludnikot bese vo koma cel mesec odvaj prezivea I Dr mu rece se e ok so zeludnikot so bubrezite so pankreasot I so zolcnoto kese I posle I tekna na Dr da ja vide I tiroidata na mm posto dolgi god lecevme maski sterilitet I imase sto da vide dvojno zgolemena tiroidna zlezda I antitpo dvojno zgolemeno I tsh isto mu dadea terapija eutiroks I na 7sept ke odeme na endokrinologija za kompletno hormonsko ispituvanje koga gi gi prasav Dr dali tiroidata vlijae na spermogramot mi rekoa da vlijae na spermatogenezata nasite Dr ne sakaa da mi odgovorat na ova prasanje sto me interesiralo veke jas trudna sum bila mi odgovorija stranski dr I vikam ako sum trudna mozda ponatamu ke sakam uste edno dete od kaj znaete vie sto ke odluceme nie so mm
Може ќе ти се фати баш од првата инсеминација, не губи надеш, никогаш не се знае. И да треба преку еден месец, ок е. Разговарај со докторот каде што ќе ја правиш инсеминацијата. Ако е без никаква стимулација, мислам дека може секој месец, ама ако има и мала стимулација, препорачливо е да има пауза од најмалку еден месец. Ама пак ќе ти кажам, никогаш не се знае, може ќе имаш среќа - па од прва ќе бидне Ако го имаат извештајот во досието твое во ФЗО, нема да те вратат. (за втор, трет ваучер)
Немаат ниеден мој документ мила зошто првпат ќе одам со ваучер до сега приватно си плаќав, а нејкам да дадам плус документи сакав само 4д и толку...инаку имам старо хсг од 2012, и хистероскопија од 2017 али нејкам да го дадам овој документ зошто пишува во него дека е правено скречинг и дека следи ин витро, па нејќам поради ова проблем да ми прават.
А од што се плашиш да ги пуштиш и двете ? Кога ти беше последното ивф кое го правеше ,не битно приватно -државно ?
Хсц још боље ако дадеш Тоа што пишува ивф ич да не те секира. Баш напротив, поен плус за тебе дека имаш препорака за ивф.
Зошто би ти правеле проблем? И јас имав комбинирани ин витра, и приватно и со ваучери, и секогаш сум ги давала извештаите од докторот, односно последниот извештај, а во него се претходно е изнапишано. А нема да ти прават проблем, колку што знам јас, но можеш да се јавиш по тел и да прашаш, или со сите документи да отидеш лично таму да прашаш. За мојот последен ваучер имав лапароскопија од 2013, и хистероксопија од 2015.- а ваучер2 добив 2017г. Освен за ново 4Д ехо за друго не ме вратиле.