Женички чувствувам болка во стомакот, цел ден ми е тешко, дали на мисла ми е тоа утре или веќе ми делува инекцијата...?
Јас по примање на прегнил секогаш чувствував болка. Мислам дека од неа ти е болката. Ти посакувам успех утре,со лесно
Здраво на сите После повеќе неуспешни ин витра, лекарот ми препорача да направам ХСГ. Ме интересираат вашите искуства, каде имате правено, каде е најдобро, најевтино и дали на државно се чека многу. Мислам дека еднаш прашував во систина и е ужасно скапо. Секоја информација е добредојдена. Ви благодарам
Јас правев пред неколку години, се испитува проодноста на каналите, кај Толовски правев, приватна ординација спроти фискултурното училиште. Си закажуваш, седиментација само не треба да е висока (ќе ти кажат да си испиташ), не се чека воопшто. Цена 3.100 денари. На државно мислам се чека баајѓи, барем тогаш беше така. П.С. Да не е ХСЦ (хистероскопија?)
Јас ги мешам тие термини . Ова што го бараат од мене е испитување на ивнатрешноста на матката . Имам веќе направено испитување за проодност на каналите.
Хистероскопија знсчи. Најдобро во Чаир на државно. Доктор Зоран Илиевски, или било кој..добри се. Лошо е што ти требаат три дена лежење таму за скоро ништо. Исто, пред да ја закажеш, подобро одбери доктор и без упут оди кај него во ден кога е во амбуланта, пред 9 часот. Некои од докторите даваат хормони бидејќи не можат да синхронизираат ден од добивање со денот кога ја закажуваат хисѕероскопија (таа се прави 8-10 дена по добиете, ако не грешам) Значи мој собетби ти било најбрзо да појдеш таму, бидејќи додека те убацатво процедура може да помине време. Инаку, Чаир е топ со овој дел од процедурите што ги прават, така да освен финансиски ќе ти биде и ок искуство со докторите.
Бисерче, ти благодарам многу. Ќе одам таму уште утре . Знам дека еднаш ми кажаа дека треба да чекам со месеци и се откажав .Сега нема откажување.
Јас направив два дена пред циклус и ништо не ми напомена докторот, а која е разликата ? Инаку да знаеш чисто информативно имаш реагенси во Пролече на клиника кога бев немаше.
Фала многу на инфо за реагенсите И јас сум неколку дена пред добивање па си викам дали да правам сега или после циклус
јас имам закажано за 14 септември кај доктор Илиевски, те молам ако одеш утре сподели како си поминала и која е процедурата, за да не чекам до 14 септември.поздрав
баш ми е мило што слушам добри зборови за докторот, јас имам хидросалпинг на двете туби, и 3 неуспешни инвитра, бев на консултации кај ивановски и тој ми кажа за хидроскопија или лапароскопија, е сега ќе видам како ќе поминам, малку ми е став.
Тоа со реагенсите е толку променливо, од ден на ден, затоа е најдобро по тел да се праша. А Пролече е супер бидејќи работи и попладне.
Јас имам правено хистероскопија кај Зоран Илиевски во Чаир супер е докторот многу брзо ме стави на листа без никакви врски, има чувство и разбирање кон пациенти со ИВФ. Имам правено и во Систина кај Јорданчо Иванов и тој е добар но многу е скапо јас платив 57.000 ден. И затоа вториот пат отидов во Чаир