Ништо чудно ова беше во понеделникот како тазе инфо, инаку мила не работат попладне само до 13:30 саат ги зимаат брисевите зошто лето е..
Јас треба да правам исто. Го чекам Илиевски Зоран да се врати од одмор (од 15-ти) и да се договорам според виклусот кога ќе ја правам. Бидејќи ми е втор пат, уште ова да ти кажам. Хистероскопија се изведува со анестезија (спинална практикуваат во Чаир) и пред да отидеш таму, ќе треба да имаш снимка од рентген на бели дробови и ЕКГ. Тоа им е стандардна поради анестезијата. Ќе ти личи дека премногу формалности треба да поминеш, ама не се се секирај, така работат они. Најбитно, стручни и посветени се.
И јас многу се плашев верувај,ама се ке помине на најдобар ред,за да не ти е мисла за наредното ивф оперирај се ,мене наеднаш Илиевски и скречинг ми направи.
ајјј е ова не знаев дека не работат попладне, фала за инфо. Ама би требало од 1 сеп да си почнат нормално со 2 смени. Не знам ...
Некој ми кажа дека доаѓал во петок после 9 часот. Тогаш ќе одам и ќе ти ќе ти кажам како ќе поминам. А кога се враќа од одмор? Добро што ми кажа за ова. Многу ме фаќа мрза, окапавме по овие болнички ходници. Фала многу за информацијата
Здраво,иако ве следам во оваа група ,но не сум активна тука,после 2 години обидување се во ред освен полицистични јајници (што докторот мој вели единствен проблем нема) ,нестрпливи сме со мм сакаме да одиме со ИВФ ,но преку фондот мислам дека нема да добијам ваучер затоа што немам инсеминации правено.Ако би одела на приватно одприлика колку кошта тоа,исто така препорака за добар и посветен доктор знам дека за доктор е индивидуално секој си има своја приказна .
Ке ти кажам цена за во New Born 92 илјада денари а инекцији и тие сами ке ти упатат можеш да ги земеш во Косово ,многу поевтини се,ако ти треба помош за да порачаш слободно прашај.
Фала на информацијата,доколку се одлучам за таму секако ќе те контактирам. Многу мие тежок изборот на докторот,што повеќе мислам толку повеќе во дилема завлегувам да решам и готово.
Женички бев сабајле, имавме пункција, но сеуште не знам колку ми извадиле јк....чекаме да се јават...меѓутоа нема да има трансфер, бидејќи прогестеронот ми се качи 3.70 а сме почнале под 0.90..ми рекоа здравје нареден циклус само трансфер. Ќе одиме со замрзнување.. Некоја да не има слично искуство..???
И јас денес размислував за на приватно...денес бев на матичен да види каква ми е состојбата бидејќи ми бараа 2 инсеминации но ни фоликул ни ендометриум и сега утре идам кај Ивановски да се договорам што да правиме нејќам да губам време а и од друга страна си викам да не форсирам ...нека ми направи ради реда инсеминација само колку да им ја пратам у фонд...ептен се разочарав
jas imav odlozen transfer zaradi hiperstimulacija,ne mi merea mene progesteron,transfer pravev posle na tretiot ciklus.inaku na samata punkcija mene mi kazaa i mi dadoa izvestaj kolku izvadile
Кога ти писав за брисеви дека е подобро после циклус, мислев на пап тестот. Се извинувам, инаку за другото не е битно дали ке биде пред или после циклус.
Здраво девојки сакам да ве прашам нешто за моја братучетка станува збор. Доколку при пункција настане некој проблем за кој доктор ќе реши дека неможе да има трансфер, дали тој ваучер пропаѓа како неуспешен или по одреден период се прави само трансферот?
Нас никаков извештај не ни дадоа, ни рекоа дека ќе чекаат колку ембриони ке се оплодат и да ги замрзнеме и со нареден циклус само трансфер да правиме...чекаме да ни се јават... Прогестерон и естрадиол ми мереа во понеделникот
Со таков резултат зошто не правевме овој циклус? Некој правел со висок? Терапијата треба од денес да ја почнам..за три дена ми е
Ако немаш против да кажеш, каде правеше пункција? Малку ми е чудно зошто не ти кажал докторот кој ја правел пункцијата. Ти не праша? Како и да е, ти посакувам да имаш успешен трансфер.