Ќе си кажам мое искуство. Кај мене за првото инвитро, лекарот кој ми го правеше ивф виде шплип но не беше сигурен дали е полип и ми рече дека нема да смета за ивф оти не бил на местото кај што треба да се инплантира ембрионот, ама и ми предложи хистероскопија за да го отстрани истиот бидејки од терапијата можелп истиот да се зголеми, ама и неморал и ми остави јас да се одлучам. Одлучив да не правам хистероскопија и продолжив на ризик да продолжам со ивф и кога дојдов до трансфер сенката што личеше на полип ја снема. Е сега дали беше полип или не важно го снема. Е ивф за жал не беше успешно, но наредните контроли не се гледаше полип.
Не знам точно кога се враќа, пред 15-ти сигурно, ама бидејќи одиш прв пат најдобро е на 15-ти бидејќи тогаш е во амбуланта.петок е тоа. Ако е друг ден пред тоа вратен од одмор, нема да те прими бидејќи тогаш веќе работи со пациенти кои имаат процедура спроведено. Ко за прв пат, мораш преку амбуланта во петок..друг ден би бил друг доктор Ако избадил и оплодил јајце клетка важи. Ако пункцијата пропаднала и нема оплодена јајце клетка, пропаѓа
Колку е хистероскопија + скречинг во Њу Борн и дали воопшто прават кај нив? Исто и ако знаете во други клиники колку е на приватно би ми било од корист за споредба. Фала ви
Мој совет ти е да си направиш хистероскопија. И јас имам црна точка која ја има, па ја нема, па под ендометриумот е, па над..полип е мала работа ако е..ама ако е нешто друго сепак на време види што е.. Ако е качен прогестерон тоа значи дека матката (ендометриумот) би ти бил презреан за да се вратат ембрионите. Добро сте направиле што сте одложиле. Ќе ја припремата матката и после иде полесно. Не му ја мисли..
Само ми рекоа дека поголеми биле шансите за неуспех.. ова не го знаев.не ми беше јасно Терапијата за три дена што ми ја дадоа од денес да почнам или со ред да си фатам од утре?
@hub извини вака што прашувам но многу работи не ти објасниле? Ти беше збунета или ништо стварно не објаснија?
Колку и да бев збунета, би го разбрала тоа што би ми го објасниле. Но не ми кажаа. Бев шокирана кога ми рекоа дека нема трансфер,заради прогестеронот, но објаснување друго немаше освен, дека би бил неуспешен, вака да одиме на сигурно... Ни колку јк извадиле,не ми кажаа
@hub Стварно не ми е јасно како не ти кажале колку јајни клетки ти извадиле???? Каде правеше? Во мојот случај, одма послр пункција додека лежев,дојде ембриологот и ми кажа колку јајце клетки ми извадиле. И после тоа секој ден ми се јавуваа да ми кажат колку се оплодиле и како се развиваат. Инаку, јас имав хиперстимулација,и затоа одложивме трансфер,многу ми беше висок естрадиолот- на денот на трансфер ми беше 5000. И еве здравје боже сега во септембри ќе правиме трансфер, со стимулиран циклус. И тој што ти рекол дека е неуспешно со замрзнати,нека седне да ги прочита новите студии за криотрансфер. Со лесно нека ти е целиот процес,и само опуштено.
И мене ми беше покачено на 2.36 немав вече средства за замрзнување и одлучив за трансфер и имам успешна бета се надевам и бременост. Зошто на приватно да даваш пари ,пробај по државните билници,за во приватно над 1000 евра сигурно
Јас правев скречинг во април, сега ја барав сметката но неможам да ја најдам мислам дека беше околу 11-13.000 денари без анастезија ама не сум сигурна. Хостероскопија не знам и мислам дека не прават, ама ај да не грешам.
Уф ствано ова над 1000еур? Последен пат кога се распрашував беше максимум 30,000 Ремедика затоа прашав обично Њу Борн се поевтини... И јас сум за на приварно ама последен пат за хистероскопија ме измалтретираа одев преку 6 пати до Скопје за да направма испитувања пред постапката ова им треба тоа им треба еден ден ти зимаат крв другиот ден одиш по резултати, трет ден одиш на анестизиолог бидејќи денот кога одиш за нешто друго анестизиологот го нема на работа илииде само еден ден, па ден за отварање историја ден за затварање историја. Искрено ме кошташе повеќе од 10,000ден за пат и патни трошоци плус денови од работа штозимав еден куп. Првиот ден отидов напразно ми викаат нема доктор денеска, а јас одам да закажам и дојди во четврток кај тој и тој доктор. Одам четврток на договореното- ааа докторот на одмор отиде ништо дојди друг ден кај некој друг доктор. Плачев по ходик од мака. Затоа размислувам за на приатно може ќе дадам плус уште 10,000 ама ги нема тие малтретирања и понашања на сестрите од гак. Добор а кај кој доктор си што е толку тајна?
Колку што знам Зоран Илиевски дава телефон и нема да треба толку да патуваш. Колку што јас се разбирам од ваучер..мислам дека припаѓа. Ако не сум во право, нека ме поправат..жал ми е
А зошто да пропаѓа, ми нема логика. Да, ако не извадат јајце клетки пропаѓа, но вака имааш материјал за оплодување. Фино лепо после трансфер ќе си го пуштат ваучерот во фонд за наплата. Само да не надмине 6 месеци од издавањето на ваучерот.
Значи ваучерот они ќе си го пратат како реализиран. Максимум членката да плати трансфер што пак ми нема логика може они така да си го наплаат од државата со се се. Се друго би било измама според мене. А членката да си ја праша клиниката ние вака до утре ќе ја тупиме, а одговор за 2 минути ќе има. Башка упорно се крие доктор и клиника, многу сумјиво.