Секоја чест што можеш да издржиш да не направиш тест Штом досега си издржала,издржи уште еден ден. Сите навиваме за позитивна и висока бета
Закажав за преглед кај Ивановски ,искуство со него кој има и ја прашав сестра Сашка што треба да носам ми рече се што имаш испитано до сега ,микробиолошки ке направам нови затоа што ми се од поодамна овие што ги имам исто хормони пред 1 месец имам испитано друго да не треба нешто или после тоа ќе ме упате докторот.
@Alishan30 немам девојки ништо направено.. Чисто да не се разочарам.. Фала ви премногу на подршката Верувај му нс докторот.. Прекрасен човек, невиден професионалец.. Други документи ке каже док ако треба.
Браво, пак ќе кажам секоја чест за тоа! Те чекаме со убави вести и верувам дека ќе ја отвориш есенската сезона на позитивни тестови
Осеќам мн позитивност во мене од кога закажав,уште не отидена му верувам многу на докторот се надевам нема и не дај Боже да ме разочара
Нема шанса разочарување.. Упорен е сака да постигне најдобри резултати и по тоа е познат... Само верувај и ке биде се како што сакаш ти благодсрсммм
Јас се обидував да закажам термин кај него на бројот што ми го дадоа од сестра Сашка, но не успеав да ја добијам... Неколку денови по ред, во различно време, ама одговор нема. Дали можеби има некој друг телефон (мобилен/фиксен) освен кај сестра Сашка?
Девојки дали некоја после стимулацијата ја болеа градите? Премногу ме болат, не можам да се допрам...
Javi se vo sistina braj d te povrzat so ivf oddel i tamu prashaj za broj od dr ili sestrata ke ti dadat broj.
Здраво девојки, Имам потреба од совет, живееме надвор од државата, бевме веќе во две клиники и двете ни препорачуваат ин витро. За жал тие процедури овде се премногу скапи и сакаме да пробаме во Македонија. Проблемот како што кажуваат е машкиот фактор односно морфологија по Кругер 2%. Правевме една инсеминација но беше неуспешна. Маж ми беше на уролог и од таму му кажале дека има некаква вена, не била страшна и опасна, но ако наредните резултати од спермограмата бидат одново лоши може да се отстрани по оперативен зафат. Денес од вторава клиника пак ни кажаа дека и да се направи тоа, шансите за успешност и бременост пак би биле мали. Може ли некоја од вас да препорача клиника во Скопје и доктор. Каква би била цената на приватно за ин витро? Знаете ли дали може веднаш да се почне со процедурата ако се знае каква е причината и ги имаме сите резултати од тестови со нас? Благодарам многу.
Здраво Снеки, како себеси да се читам освен што кај сопругот не е пронајден никаков проблем со вената до сега. Ние отидовме во Newborn кај Трајковски. Ако имаш резултати, без никави додатни процедури можеш да направиш инсеминација или инвитро, сепак се приватна клиника. Може евентуално да бараат нов спермограм. Нашиот проблем е што за инвитро ќе треба да се биде во МК три недели а тоа моментално не ми е во можност бидејќи работам. Воглавно сакав да ти кажам да не се секираш многу за морфологијата. Ставот во репродуктивната медицина за неа а дека сеуште не се знае дали и колку придонесува за неплодност бидејќи спермата по природа содржи во најголем број неправилни сперматозоиди (затоа и Кругер вика дека нормално е 95% да се абнормални) а и тие неправилните можат да оплодат клетка без никакви проблеми и без допринес во недостатоци. Ѕирни ги дечките на www.fertilityiq.com и курсот за машко фактор и многу работи ќе ти се разјаснат. Не знам колку време пробувате но не се сеќирај за морфологијата, не би требало да е проблем.
devojki..ima li nekoja iskustvo so in vitro vo privatnite kliniki vo bugarija?informacija kolku kosta celiot proces tamu?preporaka,strucnost na doktori?
Фала ти Oaza.123. Пробуваме година ипол, кај мене всушност најдоа некои полипи, но беа отстранети со хистероскопија јуни месец оваа година и сега кажуваат дека кај мене веќе се е во ред и резултатите од сите тестови се добри. За ин витрото како единствена опција сега го кажуваат и во двете клиники тој машки фактор и морфологија. Незнам можеби треба да мине некое време. Ти благодарам за линкот, навистина е полезен. Ви посакувам многу среќа и позитивен резултат.