@EdnoBiserce зависи од лекарот што ке ти даде како терапија за стимулација,може и без неа нели. Јас имав два циклуса само со Кломифен и Прегнил,без инсеминација,и имав одлични фоликули ама бев бааги подуена и со чести грчеви и ноќно потење. За инсеминација бев стимулирана со слаба доза Мерионал и супер ги поднесов. Инекциите се мислам најдобар избор само се многу поскапи од Кломифенот а инсеминацијата не е баш со висок процент на успешност,па вероватно затоа се оди и со Кломифен. Ти посакувам успех
Фала Инвитро ми беше со мерионали и не постигнавме стимулација (само еден фоликул) сакам да пробам со Кломифен бидејќи сакам да видам како ќе реагирам на него, но фактот дека го тенчи ендометриумот не ми дава баш оптимизам. Знам дека може и без нив, но ова ми е прва инсеминација, па сакам да вклучам и стимулација и затоа барам мислење за други "лекови" Дали во недела на ГАК испитуваат хормони?
Да испитуваат и сабота и недела и празници со упат од матичен. Пробај без терапија. Исто реагирав и на кломифен и на стимулациите за ифв,долг протокол. Добивавме 8-10 фоликули. Баш заради тоа следно ифв ке биде со краток протокол. Секој организам е различен
Драги лавици. Поминав неколку години на темата „Поддршка за сите оние што сакаат да забременат“, а безмалку 4 години во интензивни обиди. Сите мои наоди се уредни, освен едно антитело кое ми беше минимално поткачено за кое дообјаснувам подолу. Кај маж ми „тератозооспермија“. Две рани бремености (со инсеминации без стимулации, на природен циклус) завршија уште пред салам да почнат да напредуваат. Не се равиваа ембрионите ете. После трета неуспешна инсеминација (немаше забременување) испитувањата ми покажаа покачено антитело (вредноста треба да е 5, а мене ми беше 6.5) кое се јавувало на слузница на матка и го отфрла ембрионот. Веќе три месеци на терапија и безглутенска исхрана, крај на септември треба да одам на контрола. Во меѓувреме правевме четврта инсеминација (минатиот месец). Не се фати. Дотука било со инсеминациите. Решивме да одиме на ин витро (доколку антителото ми е во нормална вредност за да не ризикувам повторно со исфрлање на плодот). Ве замолувам, ако може некој да ми на напише постапката за преку фондот, околу документацијата, би ви била преблагодарна. Ви посакувам убавини на сите до една.
Еве мила овде ги имаш сите обрасци,.. во Образец1 е листата со испитувања кои треба да ги доставиш: http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=B5C974629F170249B59B83F25792321F Кое антитело ти го открија и на кој начин го открија? Со среќа!
Tie se infuzii za teloto da ne go isfrla embrionot kako strano telo Moze li da mi pises lp ke ti objasnam se
Документи за во фонд за тебе:пап тест не постар од 1година,уредни микробиолошки брисеви не постари од 6 месеци,хсг или хистероскопија,лапараскопија ако имаш правено,4Д ехо,хив хепатит,целосна крвна слика со гликемија,4 неуспешни инсеминации,извод од венчани или изјава за вонбрачна заедница заверена на нотар. За партнерот 2 спермограми направени преку еден месец во различни институции,хив хепатит и целосна крвна слика со гликемија. Со сите документи одиш кај матичен да те пријави електронски и да ти пополни образец. Потоа одиш во фонд ти прават копии попилнуваш образец и некаде за 2 недели добиваш одговор
@EdnoBiserce ако добро се сеќавам од 3 ден на циклус почнував,5 дена по 2 таблети навечер пред спиење. Имав баш големи фоликули 27/8 мм. Некои го пијат насабајле и навечер,но ете мојов матичен сметаше дека навечер кога телото е во мирување растат поголеми фоликули под стимулација. Имаш цела тема “Кломифен” читни таму И моево мислење може да се префрли,попрегледно ќе е
Немам полицистични јајници. Докторот што ќе ти ја прави хистероскопијата ќе ти каже што и како. Кога ќе се видиш со тој што ќе ти прави, ќе те насочи дали да земеш Микрогинон или не. Можеби има врска и каде се наоѓа полипот.
Кај мене по спонтаниот во 8 гестсциска недела покажа покачен anti cardiolipin IGg, но професорот Кочо во Хемолаб ми препиша терапија, слична на твојата, пред ИВФ, па и после во бременоста постојано одевне кај него, на препорака на Петановски и уредно ја истуркав бременоста. Само сакав да ти утешам да не се вознемируваш, медицината е напредната и воглавном има"чаре" за се, само биди упорен и дисциплиниран пацијент.