Кај мене пред второто ивф имаше покачено anti-cardiolipin Igm, исто во Хемолаб испитував, но не ми препорача никаква терапија. Ми рекоа само да земам обавезно терапија со Дексаметазон по шема од Ремедика. Но сепак имав спонтан. Дали се сеќаваш која точно терапија ти ја препишаа?
Ај да ги пронајдам резултатите па точно ке ти напишам, но тоа ке биде дури попладне, кога овој мал "зврк" ке заспие, бидејки ке ми ги зема од рацете, и она да "чита"
Ухху, сум те излажала - и кај мене бил Anti-Cardiolipin IgM силно покачен, некои 60 единици, а граница била 10, па Проф. Димитров напишал да се бара инфекција за да се даде терапија, плус Вит. Да по 4000 IU Dr. Waltz, и витамин К 80х1 на ден. Откако сме испитале CRP, C3, C4, CIC, кои биле негативни, заклучил дека нема знаци на воспаление, но се создаваат свежи антикардиолипини од типот IgM кои ја нарушуваат микроциркулацијата, па ми препиша Аспирин 0,1, Мега омега по 2 и Ubiquinol по 200 којшто едвај го најдов на интернет и го порачав од Америка, оти во Македонија не е ни регистрован како лек. На контрола по 3 месеци се било во ред, а ИВФ ми беше во Март кога и понатаму ја продолжив терапијата.
Здраво на сите. После точно една година конечно го добив првиот ваучер за инвитро. Сакам да прашам како на 2 или 3 ден од циклус се гледаат фоликулите? Така ми кажа докторот ама мене малку ми е чудно на циклус да се гледа.
Да на циклус се прави преглед и се испитуваат хормони. Ќе ти објасни докторот се што треба понатаму. Со среќа!
Кај нас има Ubiqunone, односно коензим Q10 од 200 mg. Ubiqinol е активната форма на Q10 и е многу скап суплемент-антиоксидант и го има во Бугарија. Јас земав Ubiquinone 400 mg, беше поевтина варијанта и на тој начин внесував доволно антиоксидант Q10. Тогаш се гледаат антралните фоликули и сеуште нема издвоено водечки. Не секој доктор гледа антрални. Некои сакаат да го видат водечкиот на 8-9ти ден. Но, добро е да се видат антралните бидејќи отприлика може да се знае колку фоликули би се издвоиле со стимулација при ивф.
Не знам сега, но во 2016 кога јас го барав, го немаше ни во Бугарија, ни во Словенија, само Ubiquinone, но професорот ни појасни дека Ubiquinone е оксидирана форма на CoQ10 која телото мора да ја преработи во активна форма Ubiquinol, за да ја искористи, подобар е Ubiquinol бидејки веднаш се апсорбира во митохондрии. Бидејки од скоро се произведува, затоа е и поскап и понедостапен.
Зависи од случај до случај што се ќе е потребно, таа е мн поедноставна отколку со стимулација...пр.јас пред трансфер примав клексан, естрофем, теваграстим, ден пред трансфер прогестерон и декортин ако не се лажам тоа беше се. Денот на трансфер ми ставија дијазепам, по трансфер терав само декортин, естрофем, клексани и прогестерон инекции тоа е се. во фондот носи оригинали и копии, копиите ќе се за тебе со тоа што ќе ти стават на секој лист печат, а оригинали не враќаат...а за документи види на нивната страна случајно да не ти испуштам нешто...со лесно.
Ти благодарам. Јас немав толку високо покачено, мене ми беше околу 13 и нешто, веројатно затоа не ми дале терапија, но и малку покачено е сепак покачено, мислам дека кај мене беше пропуст што ме оставија така да правам ивф. И јас еднаш нарачував Ubiquinol CoQ10 od eden sajt, но пиев по 100 мг, онака самоиницијативно, никој не ми препорача. Дали ја пиеше терапијата и после ин витрото, кога остана бремена и ако да, до која недела? Дали памтиш колку беше Ubiquinol CoQ10 во Бугарија и од колку мг беше, колку има капсули во него?
@Желба не памтам цена, од минатата година немам купувано суплементи во Софија. Овој линк го користев повремено за пребарување, а имаат и Ubiquinol: https://apteka.framar.bg/30026773/убихинол-капс-50-мг-60 Види и во оваа аптека (многу добро снабдена и со пристапни цени): https://remedium.bg/search.html?phrase=Ubiquinol
Со среќа постапката, со лесно да оди! Мислам на 21 ден почнуваш со Супрефакт ако докторот одлучи да одите со долг протокол. Па кога ќе добиеш, од втор ден почнуваат стимулациите.
@EdnoBiserce бев на консултации кај Илиевски во петок , докторот беше коректен имаше 3 пациентки пред мене за да не чекам ме внесе во друга канцелараија ми даде телефонски број и да му се јавам за 10 дена , од ко ке добијам циклус и да ми каже кои испитување треба да ги направам,кажа дека салата е реновирана и да не се секирам се ке се среди. презадоволна сум од односот
Супер ) да, Илиевски важи за коректен и професионален мило ми е што си завршила работа! А, за испитувања колку што знам треба рентген на граден кош, ЕКГ на срце и мислам седиментација. Закажи си ги уште сега, за да не чекаш. Тие им се по дифолт во Чаир заради анестезија
инфективен скрининг се мисли на хепатит и хив нели, на микробиолошки имам кандида и постојано кога и да правам се ми се повторува незнам што да земам,имам земано флуконазол, вагиналети канестен, полигинакс, нео-пенотран и незнам дали после терапија ќе треба да ги повторам пак.
Да ,за хепатит и хив . За кандидата јас имав едни амерички вагиналетки . Се покажаа како најдобри до сега. Мислам ,нема кај кого не помогнаа . Четири се во кутивче ,три треба да се искористат . Имам дома мислам уште три . Вечер да проверам за сигурно и можам да ти пуштам . Пиши ми до вечер ЛП ако сакаш ,ќе ти пратам