Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    261 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    197 глас(а)
    11,5%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    58 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    35 глас(а)
    2,0%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    20 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    98 глас(а)
    5,7%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    80 глас(а)
    4,7%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,5%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    107 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    312 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    279 глас(а)
    16,3%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    33 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    48 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    10 глас(а)
    0,6%
  1. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    Se ova sto kaza mi go ima kazuvano osoba sto e vo negovata bransa na rabota,i clenka, so isto iskustvo kako tvoeto
     
    На DunjoMoja, Желба, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. qwen

    qwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки..Да ве прашам во врска со Fostimon...Дали во обичните аптеки можам да го купам ? Поздрав
     
  3. Nane26

    Nane26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Во среда ми закажаа трансфер со замрзнати ембриони, со душа чекам најискрено. Е сега сакав да ве прашам, затоа што сум преку фонд, кога се плаќа партиципацијата од 6000 денари на фондот и како иде тоа? Со лесно на сите,и на сите ви посакувам успех.
     
    На Meckicja и Martka им се допаѓа ова.
  4. flowergirl*

    flowergirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Да споделам информација, достинекс во грција чинат 20 евра 8 апчиња, а кај нас се дупло поскапи, пред неколку дена купував од Солун.Доколку си во можност купи од грција:)
     
    На DunjoMoja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @Spiritus како стимулацијата влијае на трисомија? Ко што знам трисомијата е генетска "грешка" место 2 има 3 хромозома.
    Точно е тоа дека Ивановски е "најагресивен" со терапија. По пишувањата тука одма знам која е кај него.
     
    На @nn@, fana, mac82 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Честитки, имај лесна, здрава и успешна бременост! :inlove:

    И јас го имам тоа искуство со Ивановски, огромна стимулација при АМХ од 0,2, резултат никаков. Сега ми е страв да проверам што останало од резервата.
    Сите што се poor responders, треба да инсистираат на природен модифициран циклус или ако болницата нема таков, како на пример Плодност што не практикува модифициран, тогаш таков каков што си пишала, mild, благо стимулиран. Со силна стимулација, не само што не се добиваат повеќе јајце клетки, туку се доуништува и преостанатата, резерва, така и на мене ми објаснија.
     
    На @nn@, DunjoMoja, mici-22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Spiritus

    Spiritus Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2017
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    Генетски кај нас нема проблем, кариотипити се во ред. Како што пишав во странска клиника ми кажаа дека тие високи дози кај мала резерва ги ,,расипуваат" j.клетките. Точниот превод на стручниот збор сега не знам да го пишам.
     
    На DunjoMoja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Ок. Ќе прогуглам и јас. Баш ме заинтересира.
     
  9. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Јас за ова не сум чула, дека високите дози ги расипуваат јк, но ми објаснија дека силна стимулација никако не е оправдана кај тие со мала резерва, ќе се добие мал број на јк, а ќе се "повлечат" многу повеќе и на тој начин многу повеќе се троши резервата, која ионака е мала. Фактички непотребно се истрошуваат јајниците и не и се остава голема шанса на жената за понатаму.
    Мене не ми е целта да водам негативна кампања против др. Ивановски, но ова прејако стимулирање кај poor responders му е погрешно од повеќе аспекти. Јас се помирив дека кај мене било така и не можам да сменам сега ништо, но можам да споделам искуство и да бидат предупредени сите кои се во иста ситуација.
    Значи не само кај Ивановски, кај било кој друг доктор, ако имате премала резерва, не прифаќајте голема стимулација или барем побарајте второ мислење.
     
    На @nn@, emkaemka и Ѕвездички им се допаѓа ова.
  10. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    @Spiritus трисомија се случува и при природна зачнување... и кај млади и кај повозрасни парови...Ако гледаме така стимулациите имаат и други несакани ефекти, како на пример го зголемуваат ризикот за појава на карцином итн па сепак ги примаме.
    Искрено, среќа што рано завршила бременоста, исто и кај мене првата бременост заврши поради трисомија 22. Кај тебе која трисомија беше? Колку и да ми беше тешко си реков тоа е природна селекција... боли душата кога ќе се случи такво нешто, тешко е премногу, никој не можеше да ме утеши, се утепував од плачење... но најдов некоја светлина и решив да не се откажувам.Тоа ве советувам и вас. Горчината и гневот настрана! Не помагаат при ИВФ. Јас почнав да одам и на психотерапија и тоа многу ми помогна.
    И да дополнам, она што мене не ми се допаѓа кај нас во Мк е што не прават испитувања на ембриони пред да ги вратат кај мама. Но тоа е за сега, се надевам дека и овој метод ќе се воведе наскоро, па нема да се враќаат генетски неисправни ембриони.

    Инаку за Амх ве читам дека се секирате, по некои истражувања тој веќе не е толку релевантен, тој е битен само во циклусот кога се тестира и неговата вредност кажува за тој конкретен циклус каква е состојбата. Амх се лачи од бројот на антрални фоликули во тој момент. Инаку во странство (Хрватска на пример) испитуваат Инхибин Б за одредување на резервите. Инаку бројот на антрални фоликули се менува, некогаш се помалку поради некој хормонален дисбаланс, стрес, неправилна исхрана, лоша циркулација итн. (ова ми се информации читани низ овие 5 години по патот на ИВФ) Кога организмот го достигнува својот баланс, (најчесто со некаква терапија, хормонална или витамински суплементи, начин на живот итн) тогаш може да се зголеми бројот на антрални фоликули, но како и во се и од ова има исклучоци. Ама вреди да се проба се, наместо да се очајува.
    @Желба - имај надеж, и да си poor responder не се откажувај! А за стимулација и јас имав агресивна со Амх 0,1 па ми вделе по 13,17 јајце клетки. А антрални сум имала по 5-6. Така што не е правило, тоа сакам да ви кажам, да не се откажувате и да не се разочарувате. Ако некој лекар не ви одговара одете кај друг, ама не се откажувајте.
    Јас самото ИВФ го доживеав како можност да останам бремена бидејќи природно никогаш не сум успеала. Ќе нагласам МОЖНОСТ затоа што природно секако не може...
    Имајте верба, многу е битно.
    И баш е добро што пишувате тука, ќе размените милења, ќе читнете нешто ново, ќе споделите совет... мене тоа многу ми значеше, аи сега ми значи
    Вие сте храбри жени борци :l::l::l:

    Јас за трансфер со замрзнати не знам дека иде преку фонд. До сега сите трансфери со замрзнати сум си ги плаќала на приватно. И беше повеќе од 6000 ден. Сега можеби цената зависи од болницата, не знам...
    Инаку се плаќа пред да си одиш, кога ќе заврши процедурата.
     
    Последна измена од модератор: 23 септември 2018
    На bella.gk, @nn@, Ano и 9 други им се допаѓа ова.
  11. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Ве читам за ова за Ивановски,и моите резерви се мали и бидејќи се спремаме повторно за ин витро баш ми спомна као ќе одиме со поагресивна доза на хормони.Незнам како да изреагирам и што да му кажам,сепак се доктори и знаете сигурно и самите ако им додадеме некое мислење кое што сме го пточитале на нет или споделено искуство они го сваќаат како потценување,као да им ја подценуваме стручноста.Никако не си.
    А инаку како што читав по форумот ,гледам многу успешни приказни од New born .Какви се тамо докторите?
     
    На @nn@, DunjoMoja и Ѕвездички им се допаѓа ова.
  12. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Јас сум одела со список со прашања кај Ивановски и сум му кажувала дека сум прочитала на интернет :)
    Секогаш ми одговарал без некакво превртување на очи или нетрпеливост. Ниту па ми рекол зошто читам и зошто прашувам. Само кога ќе го извадев листот со списокот со прашања ќе се насмееше малку и ќе кажеше некоја смешка. Гледав да не претерувам со прашања, во смисла да не одземам од времето без потребно, бидејќи надвор секогаш имало многу жени што чекаат.
    Во New born мене не ми се допаѓа, но сите сме различни, не ни одговара секој лекар... со некој ќе се „кликнеш“ со некој нема. Тоа е многу личен став. А тука за секоја болница ќе прочиташ и добро и лошо :)
    Со среќа :sun::sun::sun:
     
    На Andonia, mac82, DunjoMoja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nane26

    Nane26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2018
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    596
    Пол:
    Женски
    Погоре имам пишано дека поради хиперстимулација немав трансфер,ги замрзнавме за да се средам јас,така да поради тоа што немав трансфер, а одев со ваучер, сега ќе ми биде криотрансферот на товар на фондот. И фактички на овој начин ќе го искористам ваучерот. И тоа ме интересира, кога се плаќа во фондот партиципацијата? По трансферот? Како оди постапката?
     
    На DunjoMoja, emkaemka и Ѕвездички им се допаѓа ова.
  14. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Не се плаќа партиципација во фондот. Ако не ти го пуштиле ваучерот во фондот, ќе го пуштат сега после трансфер.
     
    На Nane26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за поддршката :hug: Јас сум poor responder и навистина слабо реагирам на високи стимулации. Антрални имам најмногу 3,4 на функционалниот јајник и најмногу успеав 4 јк да извадам, но и само 2, како што беше и последниот пат. Кај мене навистина е неоправдано да се оди со голема стимулација, кога веќе по неколку ин витра се знае кои се очекувањата.
    Се надевам дека си во право за АМХ, сакам да верувам во чуда. Искрено, само вербата дека во медицината 2 и 2 не се секогаш 4 ми дава поттик да продолжам:)

    И добри и со маани, како и секаде :) Јас имам позитивно искуство од двајцата. Можеш да пробаш кај Трајковски, но нема да згрешиш и за кај Гуржанова, секако работат во тим. Кај мала резерва обично препорачуваат природен или природен модифициран. Отиди на разговор и види, до лани консултациите беа бесплатни, не знам како е сега.
     
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Мојот матичен секогаш вели во медицината посебно во гинекологијата 1 и 1 никогаш не се 2 така да имајте верба во избраниот лекар сигурно знае што прави и не се базирајте многу на АМХ...имајте верба и во докторот и во Бога и во вас бидејќи за оваа битка тоа се трите услови кои се најважни..❤
     
    На Stara, mac82, Ѕвездички и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    И јас кај Ивановски сум со истото искуство ми имаше пишано дека сум poor responders, а ми рече кај тебе одиме со најака можна стимулација примав по 6 гонали секој ден од почетокот до пункција и мене не ми е сеуште јасно зошто мораше да оди на тој начин ако имаше пишано слаби резерви, но тоа е бидна и помина.
     
    На @nn@ и Spiritus им се допаѓа ова.
  18. Macka1986

    Macka1986 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2018
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Кај најдобриот и единствен Митко Ивановски- Прво ИВФ, на прв обид :)
    Инаку бевме со дијагноза ОЛИГОАСТЕНОТЕРАТОЗООСПЕРМИЈА
     
    На Andonia, pile30, mici-22 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Честитки и со лесно!
    Ретко кој успева од прв пат. :)

    Инаку, секој има омилен и најдобар доктор, а тоа е оној кај кого успеал. ;)
    Мојот д-р за мене е најдобар. Кај него секогаш има многу гужви и успешни приказни, но малку е спомнуван во темава.
     
    Последна измена: 23 септември 2018
    На jule84, 0ли, Софија 88 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Diva_ma

    Diva_ma Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Колку што јас знам преку фонд партиципација не се наплаќа веќе неколку години.
     
    На Nane26 му/ѝ се допаѓа ова.