А кажете ми следуваат ли Гонал Ф ако си со ваучер ? Јас памтам пред 5 години пурегони примав ама не реагирав на нив.
Ви благодарам на одговорите. Бев у збунка,затоа што на ваучерот ми пишуваше партиципација 6000 денари. Со лесно на сите,и со успеси
Не се стегај мила, прашувај се што те интересира. Според моите искуства, Ивановски воопшто не е суетен и прима сугестија ( што не е случај со Таше). Да не бидам погрешно протолкувана, во врска со мојот став, ама на крајот на краиштата ние што имаме повеќе пати поминато низ ивф знаеме и како ни реагира организмот. Прашувај, сугерирај, кажувај си мислење. Со лес Гонал ф не следува преку фонд
Имам мила веќе пишано на претходни постови, не би повторувала. Важно е да се чувстува сигурност кога ќе влезеш во ординација и да се има доверба во докторот.
@mac82 Ти благодарам.Одамна беше кога правев и знам двата пати бев по долг протокол и ништо не бидна за жал.Од пурегонот ни квалитет ни квантитет имаше.Подобро реагирав на кломифен за инсеминации ,имав повеќе фоликули.А инаку му верувам на Ивановски,супер ми е он и односот и објаснувањето но едноставно од што сум нестрплива прашувам некогаш и глупости
Веке ги ги купив - 2 700 денари 8 апчиња а згора на се го немаше кај нас по аптеките, ова беше последно кутивче во последната аптека што прашав. Но, веке пишав во постарите постави - јас се подготвувам за ИВФ за второ дете, а со малата се доевме долго време, па затоа ми е препишан Достинекс, само еден месец, чисто од предострожност. Се надеваме нема да го продолжувам
Може да пратиш е-маил со твојата историја и резултати на повеќе проверени странски клиники, повеќето бараат за консултација, за подетална дијагноза да се оди кај нив а може и преку skype консултација која се плаќа 100-140 еур. Кај некои клиники консултациите се без пари или 50еур како Embryolab во Солун.Во секој случај ќе добиеш e-mail како они би постапиле.Тој одговор можеш да му го покажеш на докторот а не нашите мислења, сепак не ја знаеме подетално твојата историја пред се. Ако не можеш до толку да се замараш препушти му се на докторот. За гоналите е веќе пишувано, во Систина и Плодност не ги даваат, во Ремедика ги даваат.
@Spiritus Ти благодарам на помошта,секоја е добредојдена.Веќе имам собрани документи уште инфективен скрининг чекам за да поднесам барање во фондот за всучер.Ќе се обидеме овде уште еднаш па здравје ако не, се одлучив за GINEMED CLINIK SEVILLE .
Здраво Феминки, јас досега не сум пишувала многу (бидејќи сеуште собирам информации и немам лично искуство) но сакав да се надоврзам на темата за докторите. Успешната процедура не секогаш зависи од самиот доктор. Не заборавајте дека Емриолозите се оние кои решаваат(!) кои сперматозоиди да ги изберат и со кои јајце клетки да ги спојат. Имам читано искуства кога баш грешката се јавува кај Ембриолозите (оштетена или уништена јајце клетка при процедурата, несоодветен избор) па сакав да ви го воочам ова како важен фактор кога се избира клиниката и докторот. Јас доста внимание посветувам на тои кои Ембриолози се дел од тимот на докторот и кое е нивното работно искуство. Поздрав
Embriolab bea besplatni konsultaciite barem na mene ne mi naplatija nisto koga razgovarav so Dr po email I po tel
Во Embryolab наплатуваат консултации и преглед 50e. Ги разгледуваат ептен детално сите анализи и испитивања што ги имаш правено и плус ти прават преглед. Ти обрнуваат повеке од еден час време. Кај нас толку време ниту еден лекар не обрнува внимание.
Помина прегледот кај Ивановски,добар впечаток од докторот позитивен па со Господ напред ќе тераме како што ќе каже. Е сега прашањето мие на мм му рече да направи нов спермограм (затоа што тој што го има е поодамна) и сега кога се јавив во лабараторија во Систина да закажам ме прашаа дали само спермограм,затоа што ми набројаа спермокултура и дна фрагментација, се допрашав до сестра Сашка рече обичен спермограм,а спермокултура понатаму . Дали на спермограмот и спермокултура би сметало тоа што пиевме и двајцата антибиотик(кај мене уреаплазмата испадна позитивна) до испитувањето ќе има поминато 8 дена од прекин на антибиотикот или не игра никаква улога антибиотикот во овие испитувања, а и какво испитување е тоа не ми е јасно за мажите за вирус и бактерија преку крвта ???
Не пречи тоа што пие антибиотик може слободно да си направи спермограм. Ние правевме цел пакет спермограм со спермокултура и дна фрагментација ,си дадовме на гладно срце околу 10.000 мислам или и повеќе.И ништо освен спермограм не ми коментираа ,само тој ги интересираше .Е сега твое си е.Со разликата у пари можеш нешто друго да си испиташ или некое витаминче да се почастите
Спермограм може да си направи и на државно, не мора на приватно во Систина. Со упат од неговиот матичен. На ГАК, 8-ми септември и други клиники, ќе види матичниот каде има. Со среќа!
@srekice ,и сестрата рече понатаму друго сега за сега само спермограм,витаминче да една лента за 10 дена 950денари, профертил за мене и за мм. али ајде само да бидне парите не се толку битни што е тоа е. @nn@ Ивановски рече каде сакате,може и тука затоа што мм има направено спермограм ама немало морфологија ,а не сме ни приметиле ние и претходните доктори кај што сум била и затоа кога ввеќе се потенцира на нешто нека се напраи таму во Систина.
На ГАК маж ми кога прави, секогаш има морфологија, така што можете таму.. Чисто совет да заштедите пари