Сите што пиете профертил и за мажи и за жени ако имате некого нека ви донесе од Бугарија поефтини се. А од Германија уште поефтини .Чисто за информација
Па прилично се скапи една лента за 10 ден за машко, а за нас жените е за 7 дена. Голема ли е разликата?
Што е работа, бе луге, со тоа лековите кај нас? Оти у побогати земји се за џабе, а кај нас изгор, и се мора по бел свет да се трескаш ко на аџилак де Грција де Бугарија, за да се купат? Стварно не ми е јасно
Мислам дека давачките за увоз се доста високи бидејќи не е во ЕУ,па одтаму и цената.Колку се профертилот за мажи конкретно во Мк?
Ние одприлика мислам беа 950 со 900 незнам како се цените за мажи и жени затоа што и други работи зимав од аптека
Za mazi so slab spermogram se koristat mnogu se efikasni mm gi piese I imase drasticno podobruvanje na spermogramot
Морам да прашам. Во јули правев инвитро. Имав само една јајце клетка, не реагирав на терапијата. Се оплоди, но не се фати кај мене. После инвитро добив, пообилно од нормално, но во термин и се беше ок. Во тој нареден циклус (август-почеток на септември) се личеше како што треба, се до моментот кога требаше пак да добијам. Имав мноогу мало крварење кое беше проследено со болка. Ми изгледаше сумљиво и отидов на лекар, каде ми открија циста. На првото мерење, на 4-ти ден од циклус беше околу 20 мм, а на наредните растеше и стигна до 40 мм. Денес ми е ден за овулација по календар и ќе одам да видам пак колкава е и дали ќе пукне. Во тие прегледи при мерење, јајникот не покажуваше знаци за други ј.к. и до последното воопшто и немаше. Ме прегледаа повеќе доктори бидејќи одев и до ГАК на мерење, но сите околу ендометриумот имаа различни "дијагнози". Откога со бета хцг утврдија дека не се работи за вонматерична бременост ја следеа цистата за да видат каква е. Од она што го прочитав на интернет, за водна или чоколадна циста најбитен е ендометриумот и местоположбата. Кај мене е позади утерус..не знам што им значи тоа. Бидејќи расте многу тотално сум избезумена, а ова што го читам околу цистите воопшто не ми е пријатно. Заради големината можам да завршам оперативно и со отстранување на јајник. Јас до сега никогаш, ама баш никогаш не сум развила никаков вид на циста и ова ми е непознато, поготово што не знам до кога можам или смеам да одлага операција ако не пукне. Исто така, разликата меѓу водна и чоколадна циста ме плаши, поготово што докториве не можат да ми ја дефинираат. Ве молам за искуства.
Здраво на сите. Некој ми спомна дека ги имаат сменето обрсците од фондот за инвитро и дека сум требала да одам да ги земам од таму дека овие што се на web за симнување не биле ок. Има некој таква инфомација или мојава е дезинформација . Благодарам
Разликата меѓу водена и ендометриозна е што водена е обично од непукнат фоликул, колку што разбрав до сега, а за ендометриозната знам сигурно дека е создадена од парчиња на ендометриум, кој наместо да се слее при менструалниот одлив, се враќа назад и се лепи најчесто за јајник. Оваа состојба се нарекува ендометриоза и може да биде раширена и на други органи, но најчесто е на јајниците. При дијагностика на ендометриоза, односно ендометриозни цисти обично се користи прво тумор маркер Ca125, кој во случај на вакви цисти се покачува, а потоа и за дијагностика и за лечење се влегува во стомачната шуплина преку лапараскоп, односно се прави лапароскопија. Не знам дали ти мереле Ca125? Доколку им е сомнително, би требало лапараскопкси да те видат, без разлика дали тумор маркерот е покачен или не. Кај мене за водените цисти никогаш не интервенирале, едноставно чекавме да пукнат и ако бев пред ивф пиев најчесто Циклопрогинва, а за ендометриозните ми проверуваа Ca 125 и бидејќи на два пати вредностите ми беа доста покачени, веднаш ми правеа лапараскопија на ГАК. Немој да се плашиш, но ако се работи за ендометриозна циста, треба да се реагира, дали со терапија некоја или лапараскопски, битно да не продолжи да расте. Побарај уште едно мислење и ако не си испитала Ca 125, побарај од матичниот да ти испита.
Ова што го пиша, веќе ми е од помош. Не, не ми мереле Тумур маркери ниту некој ми ги предложи. За лапараскопија верувам дека ќе ми ја предложат исто ако расте. Од појавување до сега изминати се десетина дена само и веројатно затоа не ми предложиле ништо. Ендометриоза класична немам, но има нерамнини на ендометриумот кои ги буни за да сконтаат дали се од знак на ендометриоза почетна или неправилностите се само реакција од појавата на цистата.. битно расте многу. Се плашам дека на денешното мерење ќе покаже над тие критични 6 сантиметри и дека ќе мора оперативно да се реагира.
@KiyaTsu И мене ова ме интересира.Ако дознаеш пиши нешто.Јас од нет ги испринтав и ги попилнив синоќа. @EdnoBiserce и јас имав секогаш од било која стимулација циста но за среќа пукаа со циклусот. Имаше погоре феминки пишуваа за лекот со МЕД И ЧУВАРКУЌА.Побарај на google ќе ти го даде одма.Сите викаат дека помагал.
Фала ти за советот, го пијам веќе И јас се надевам дека ќе пукне и дека е создадена од фоликул..но, големината покажува дека сепак можно е да не пукне, а и дијагностицирањето "каква е" уште е под знак прашалник.