Аха. Четирите дена си боцкала заедно мерионал и пурегон . Епа не е толку страшно . Има надеж да растат . Сепак утре ќе видете со Др . Со среќа . Таа лигавицата и јас сум ја немала ,а фоликулите беа пораснати . Не му ја мисли многу . Те чекаме утре со убава вест
@Andonia ќе ми стигнат неделава и ќе ти кажам што како е. Инаку поднесов документи за ваучер денес во фонд.Па со среќа Инаку ако гледате Се или Нешто ,плавата Мерлинка е на шалтер за барања
Да кажи ми колку има и за колку врем се тие и која цена ? Ти ја посакувам целата среќа да си добиеш позитивен одговор и што побрзо до позитена бета.
Ајде со среќа нека е, позитивен одговор што побрзо. Некој што правел ХЛА типизација, колку алели се нормално да се совпаѓаат? Или не треба ич да има совпаѓање?
Претпоставувам си со ваучер. Мене со стимулации само една ј.к. ми извадија со пункција и јас не реагирав на лековите. Во случај да се случи да немаш ј.к.до крај, ваучерот ти важи 6 месеци и постапката можеш да ја повториш наредните месеци на скроз природен циклус и тогаш кога ќе има ј.к. да ти извршат пункција со парите од ваучерот, или пак, да си платиш сама одново стимулации и да го искористиш ваучерот за тој циклус за пункција и трансфер. Не очајувајте, може навистина како што кажа една членка покасно да изреагираш, а ако не, ти остануваат и овие опции за следен циклус. Со среќа
Да секако ќе одам на таа опција, само мене секоја минутка ми е важна зошто АМХ ми е многу многу ниско. Фала ти на поддршката срце си Многу ми значи твојот коментар. Дај Боже утре да ми кажат нешто убаво одма ќе ве известам
Сонце, јас имам 42 скоро, исто мала залиха на ј.к. и еден нефункционален јајник, а друг со циста и плус машки фактор..нема откажување колку и да мислиш дека се минути во прашање..само мирно и се ќе биде во ред.
@EdnoBiserce Душа си, значи сме во иста ситуација и кај нас е плус машки фактор астенозооспермија со 5%. Јас не се давам ама на моменти многу тешко ми паѓа целава ситуација и едвај се справувам некогаш.
Тешко ти е, ти се брза....години, но се тоа е стрес плус за организмот. И јас лошо го поминував тоа од иста причина. Секој циклус не е ист со фоликули, а и терапијата може не е погодена. Ќе биде, не се секирај, само биди упорна и не откажувај се. Имало и други жени на форужов кои не реагирале на стимулации, затоа треба да се повтори. Времето е драгоцено, но те советувам да почнеш со витамини и суплементи и дхеа, за да ги подобриш јајниците. Секако ќе се консултираш со докторот.
Стара душо ги пијам сите можни витамини и суплементи, вежбав за подобра циркулација (сега престанав затоа што веројатно многу се напрегав па ми прокрваре миомот (кој треба допрва да го отстранувам ама тоа е во секундарен план). Мислам дека се правам, ако нешто знаете плус срцки сте кажете.
И јас тоа го велам. Некој циклус ќе се поклопат работите. Јас од први сега ќе ја почнам дехеа, ја набавив и следните циклуси ќе следам како и дали има напредок и ќе вадам ј.к. за оплодување и замрзнување до моментот кога ќе се отворат услови за трансфер. Мора едноставно да го "претркаме" времето и тие ј.к. што ни се останати да ги начекаме и паметно да го го употребиме. Се надевам ќе вроди со плод Секако дека паѓа тешко, ама тоа е. Јас се надевам дека сепак и во овој циклус ќе има барем една ј.к. и се ќе помине во ред кај тебе
Бисерче од каде ја зема Дехеата? прашок, таблети? Од колку мг ? Доктор ти ја препорача? Ај те молам поопширно објасни ми ако не ти е проблем.
По препорака од доктор. И кој вид и од каде. Проблемот е што тешко ја набавив. Инаку од Турција е. Искрено, од составот не се разбирам зашто е оваа башбаш добра, но бидејќи е препорака од доктор, исклучиво неа ја барав. Турција не врши достава, плус тешко е и преку интернет да се најде. Најдобро некој што би одел таму..