Девојки ви се приклучувам на групата, ве читам и на сите со среќа Спремам документи за инвитро, па здравје ваучер ако земам добро, ако не на приватно тоа е. Ние сме со тежок машки фактор, кај мене се во ред. Ги читав детално постапките како оди самата процедура, но од искуство да ми кажете на што најмногу да обрнам внимание и дали имам потреба да се плашам од нешто или не. Најмногу ми е страв моментот анестезија при пункција, бидејќи имам преголем страв од анестезии, поминав хистеро/лапаро го знам чувството, дали е исто или за утеха подобро, како се одвива тој процес? Мислам дека се ќе поднесам добро, само тоа ме мачи како ќе биде, сакам да се припремам психички. уфф. И кога ќе го добиете ваучерот, договарате со докторот, кога прв пат плаќате во болница и терапиите, инекциите како се набавуваат, на кој начин и колку се доплаќа плус ваучерот отприлика. Ние ќе одиме најверојатно со PISCI метода, ако има некој искуство нека каже, многу ќе ми значи. Преплашена сум, па со Господ напред.
З Здраво.Не ти посакувам добредојде пошто на никој не му е место на оваа тема но знај имаш подршка од сите пошто сите ја играме истата претстава.Немаш потреба од страв за ништо,опушти се и мисли само позитивно.Анестезијата и аспирација на јајце клетки е побезболна и побрза интервенција него лапаро/хистероскопија.Седиш дваа саати во болница и после тоа одиш на кафенце,работа како секој нормален ден. Кога ќе добиеш ваучер одбираш каде сакаш да правиш ИВФ и матичен гинеколог ти дава упат до таа клиника. Инекции што ти следуваат од фондот ќе ти ги дадат веднаш,се што е плус ако има потреба си докупуваш сама.Зависи колку ќе ти треба плус ама ваљда не би требало да имаш поголем трошок од 400 евра. А за партиципација незнам,знам беше 100 евра ама мислам ја укинаа ,или трипам нешто нека ме исправи некој. Слободно прашувај се што ти треба.
Со среќа и со успех Цвеќенце. Немаш потреба од страв и паника, ништо не е нити страшно нити болно добро ќе поднесеш верувај ми. Што се однесува до плаќањето , партиципацијата е укината. Кај тебе не би требало да се плаќа ништо екстра бидејќи со тебе е се во ред (нема да имаш екстра инекции и терапии) а за PISCI-то искрено не знам дали третманот влегува во ваучерот нека каже некоја со слично искуство. И најважно од се, со психата ептен релакс и ќе биде се ок.
devojki pomina histeoskopijata i skrecing mi napravil dr zdravje da dobijam menzis pocnuvame so eho od 6 ili 7 den sledenje na matkata se nadevam vo skotro vreme ke mi gi vratat dvete zamrznati junacinja
Не се секирај за тоа, и кај нас има 4 па рекоа дека не е никаков проблем. Со лесно нека ти оди се понатака ! Каде правеше хистероскопија?
Цвеќенце и јас сум туку речи во истава ситуација Чекам одговор од фондот,па здравје ќе се дружиме Со среќа на сите,ве следам и ви се восхитувам на храброста!
Не шири @Meckicja непроверени информации дека не треба да има ич совпаѓање. Ете и мене и на други докторите ни рекоа дека со 4 совпаѓања не е проблем. Кој ти кажа дека не треба да има ниедно?
Едно прашање до вие што сте правеле ивф со краток протокол.Ме интересира за инекциите,фондот не ги покрива???Како така да го разбрав докторот денес кога бев на преглед.Не е уште сигурен како ќе одиме.Првиот обид кај друг доктор со долг протокол 30фостимони, само 4фоликули извадени од 16, поради немање технички пристап...не стигнав до ембриотрансфер.Сега уште се мисли,сака да ме види на 3ден од циклус па да одлучи.Ве молам за искуства.Поздрав и убав ден до сите
Ако овој обид ти е со истиот ваучер, веќе си ги искористила инекциите иако немало трансфер. Ако е нов ваучер, секако ти следуваат платени од фондот, но после трансфер, терапијата што ја даваат е скоро цела на трошок на осигиреникот
Не,неуспешниот обид беше лани ова време,ова е со нов ваучер,и ме збуни што ми рече со 5инекции би оделе,може од тука да си ги купиш може и од странство.У збунка сум ,ама ајде за од прилика недела дена ќе знам конкретно.
Можно е да ти даде паралелно со стимулациите да користиш Цетротиде инекции. Тие не одат преку фонд . Обично околку 4-5 се даваат од овие . Кај нас е околу 2500 една ,во Грција и Косово беа околу 30 евра една
Јас месецов ке ги испратам документите во фонд. Ај мила само да проверам дали ми се комлетирани вака: 4 инсеминации, пап, микробиолошки брисеви, хсг, хормони, хив- хепатит и за двајцата партнери, два спермограми тоа беше се?
Јас примив додатни 5 инекции цетротиде кои не влегуваат во терапија од фондот. Може на некои такви инекции мисли
Копија од здравствена книшка. И ако си имала зафати (хистеро/лапаро) отпусно писмо и извештај. Еве ме мене со не добри резултати. Едно фоликулче со 5 мм. 4 дена 1х 75 Мерионал. Понеделник контрола. Има шанси да порасне до понеделник уште 9мм ?
Да уште 4 дена по 75мг. Мислам дека тој фоликул е добар како што го видов на мониторот. Само за 4 дена мислиш дека има шанси да се направи нешто ?