Да не ти е на мисла, утре провери пак хормони, на гладно. можеш, ако е 4ти ден. Со ФЗО и јас имав слично искуство. Важно го доби ваучерот. Сега со позитивни мисли, право кај твојот доктор. Ти посакувам лесна и успешна постапка.
фала ти мила на подршката многу ми значи, ќе одам обавезно незнам дали ќе треба нов упат да извадам или ке ме примат со овој денеска што бев, и се мислам дали да пробам во приватна лабораторија да го направам или да отидам на истото место како денеска ..се надевам грешка е резултатот се молам на Бога инаку незнам како ќе биде се ова, сигурно терапија за него ќе треба, па тоа ќе потрае а ваучерот ќе си стои уф овој наш тежок пат ❤
Sofi srecno mila odi I na drugo mesto ispitaj go tsh mene kako mi go zgresija togas rez od betahcg greski se pravat vo lab Bas ke prasam jas vo vtornik ke odeme so mm na imunologija za rez od negovite antitela I ke prasam za hla tipizacija da vidam sto ke mi kaze Dr za nea kaj nas nemase nikakvo poklopuvanje na alelite
Девојки инјекциите цетротиоле од 0.25мг биле поевтини во Грција,дали знаете каде на друго место ги има...Дали на некого му останале да има да ми даде и по која цена-поздрав
Ајде Катето со среќа. Ќе се дружиме јас и ти изгледа. Јас веќе почнав ама ќе ме стигнеш изгледа Софи душо не се нервирај, прво повтори испитувањето, може да е привремено од стрес покачен. Второ мисли вака на ова: си имала среќа зошто од сите хормони само на TSH можеш да влијаеш. Ако и понатака е покачено мој совет ти е од исхраната да исфрлиш бело брашно ( лебот ќе си го правиш дома од р'жано, јачменово, или уште подобро хењдино брашно) и шеќери (дури и природните шеќери избегнувај ги) и ќе бидеш супер верувај ми. Со среќа нека ти е и ајде почнувај ми треба друштво по овој трнлив пат
Добро утро женски, јас од вчера почнав со боцкање. Ова ми е 3то и последно ИФВ преку фондот а довербата повторно му ја дадов на Трајковски. Последните 4 месеци пијам профертил, ги исврлив од исхрана белите пецива и шекери , и сега се надевам дека ќе дојдеме до подобар квалитет и број на оплодени јајце клетките( во привите две ифв имавме само по две од 7). Се договоривме ако се биде во ред да одиме прво со замрзнување, па по еден месец да го правиме трансверот. Овој пат сум многу оптимиста и верувам во успех, ама останува да видиме На сите кои се започнати или се во подготовка им посакувам успешно ИФВ и што поскоро да преминеме во другата тема на тазе трудници!
Со среќа на сите што сте во постапка, со лесно и со успех! @Andonia кога испитував инсулин, на гладно го испитав, 12 часа не бев јадена. А за Д не мора на гладно, а и сум го испитувала во кој било период од денот.
Со среќа, Трајковски е срце невидено и јас сум кај него. Зошто исфрли леб и шеќери ? Проблем со TSH ?
Мила не ми се верува Бог нека не чува нас и нашето здравје и нерви, вчера регуларно сите хормони ги испитав и околу 14.00саат ми јавува некоја си од таму вика ТСХ ти е високо да знаеш и нормално јас се исплашив и изнервирав, земав нов упат сабајлево и тргнав да ги земам резултатите и спремна одново да ме боцнат кога гледам сите резултати во нормала, во забелешка го ставиле ТСХ резул. 1,72 ulU/ml барав некој таму да ми кажат зошто нема ставено граница од -до и тие на шалтер уште дрски види си тоа со твојот доктор...а јас како што се сеќавам овој резултат стално сум го имала и речиси 100% сум сигурна дека ми е во нормала во право сум нели? И пишав на таа зошто вчера ми рече висок дека е и ќе видам како ќе се вади, ме извади од памет за ништо ...нема да не биде и не! Морав да се изнакажам ќе пукнам инаку фала на подршката ..јас здравје ако е се ок од ноември крајот ќе почнам и ќе ти се придружам во чекањето на бебе ❤
Од она јас што знам, TSH е од 0.5 до 5 ако не си бремена.... Така да уживкај и спремај се за висока Бета ХЦГ не TSH
Во Грција мора да купиш цело паковање од 7 инекции. Паковањето е околку 200евра . Во Косово ги даваат на парче . Имам пишано ,околку 30 евра една е
Читајќи на форумов, наидов дека за подобрување на квалитетот на јк некој од членките практикувале режим на исхрана тс повеќе протеини, зеленчук, овошје, витамини а да се исфрли шеќер и леб (ако сум разбрала добро) инску хормоните ми се во ред. А за Трајковски немам зборови нормално од мое лично искуство.
За терапија после ИВФ има разни комбинации, јас конкретно примав Клексан 250ден Пролутекс 560ден Кринон 170ден (цените се на парче во аптеки во македонија, надвор од земјава може да се најдат и поефтини истиве овие) и витамини - разни цени Естрофем (ова иде на рецепта) освен ако го нема лекот во аптека па да мора на приватно да се купи околу 260 ден кутивче со 28 таблети (зависи колку таблети дневно се пијат, јас пиев 6 таблети на ден) Во основа дневно имав околу 1000 ден трошок за терапија. Ова траеше некогаш 2 недели, а некогаш и повеќе од две недели. Но зависи некогаш на почетокот се прима Пролутекс, а потоа Прогестерон депо - околу 100ден една (оваа инекција не се прима секој ден) Некогаш наместо Кринон се прима Утрогестан околу 450 ден кутивче со 30 таблети - некои ги пијат, а некои вагинално, некои еднаш дневно некои повеќе пати. (не знам дали иде на рецепта) И некогаш наместо Келксан се прима Фраксапарин околу 180 ден една инекција, но цената зависи и од дозата на самата инекција. Најчесто ова е терапијата, но не мора да значи, некои после трансфер примаат само некој од видовите на прогестерон, друго ништо. Се зависи како ќе процени лекарот. Има и други пропратни суплементи Вит Е, Вит Д, Овунотм, Витамини од Б групата, Омега, Ку 10, што се пијат по препорака, но се околу +/- 1000 ден кутивче (зависи од производителот и дозата)
За кога ти требаат ? И колку ? Имам една пријателка овде . И требаат 3 инекции . Па ако тебе ти требаат 4 пример би можела да ви купам од Грција и да ви ги поделам . Браво ма @Ѕвездички . Ме мрзеше вака да објасанам