Женски имам едно прашање до вас, пред еден месец поддадов документи во Фонд за здравство за ваучер и пред два дена добив известување дека треба дополнително да извршам испитувања 4Д Ехо со опис и да се негавитивизира микробиолошки брис од вагина. Проверив во резултатите, навистина ми била позитивна (S). Мене не ми е јасно со 4Д, кај и да гуглам ми дава 4Д дека се прави во бременост Кажете ми дали и вас во го барале ова и каде го имате правено, во Систина ми кажаа дека има, 4300 денари е.
Jas go pravev na gak pred edna god na 21den od ciklusot taka mi rekoa mi poveke ginekolozi oti bilo najarno
Мораш 4Д да доставиш . Описот е задолжителен ,во смисла да се нагласи каква е матката ,колку антрални фоликули се гледаат на секој јајник поединечно ... И кај некои матични се прави 4Д . Систина е најскапо . Кај матичните може да поминеш и со 1000-2000 ден,на клиника околу 200 ден
Која разлика во цена, не ми се верува. Кај мојот гинеколог нема 4Д така да ќе требам на друго место. За во клиника ако сакам претпоставувам треба со упат од матичен лекар да земам. Мене фактички и тоа ми е најголемиот проблем што неможам да забременам, немам доволен број на фолекули. Вие имате искуство, штом ми бараат екстра документи според некоја логика сакаат да го комплетираат предметот за да ми го одобрат ваучерот или само си се тешам
I mene me vratija zatoa za tretoto ivf nez dali imas dostaveno snimki od hsg I laparoscopija I histeroskopija ako ne dostavi Im gi I niv
Не се секирај, сигурно ќе ти одобрат откако ќе однесеш тоа што бараат дополнително. Во врска со 4Д, јас неколку пати правев на ГАК, не кошта повеќе од 200 ден, со упат од матичен. Во другите прилики, секогаш 4Д правев кај докторот каде имав намера да правам инвитро (Њу борн, Систина), и никогаш не платив повеќе од 2.300 ден. Можеби дека си кажував дека таму ќе правам, па да ја види конкретниот доктор состојбата на матката. Најдобро е мислам исто да направиш, или на ГАК. Со среќа!!
Meckicja, имам доставено ХЦГ снимка, во известувањето ми ги бараат само овие 2 работи. @nn@ и јас така мислев, бидејќи инвитрото планирам да го правам во Систина, кај доктор Митко И. сакав тој да ме прегледа и 4Д ама немора да значи дека ќе ми ја намали цената. Затоа ќе го направам на ГАК па здравје боже ако треба понатаму нека ми направи и тој. Фала ви женски, многу ми значеше тоа што одвоивте време да ми дадете ваше мислење
Исто така и повеќе матични гинеколози имаст 3д/4д ехо. Кај мојата има. 300 денари го платив. Дури и приватно да ти наплатат, сигурно е поефтино од клиникиве приватни. Јави се кај друг гинеколог и привери
Ако правиш кај Др Митко тој пред ивф посекако ќе сака тој да те гледа на 4Д. Така да, поарно кај него сега направи си го , плус мислам дека ќе ти наплати како обично ехо . Околу 2500 ден . Обично на пациентите кои му се за ивф толку им наплаќа . Ако за прв пат ќе одиш кај Др Митко задолжително ќе сака да те види на 4Д . Зошто да се мрцвариш на клиника Ова е само мое мислење
Каков ти е хормоналниот статус ? Ако немаш доволно фоликули значи имаш проблем со хормони или си стара (како мене ). АМХ имаш правено ? Мене ради недоволен број на фоликули ми побараа АМХ, јас прво бев да се советувам во фондот па ги поднесов одма. Мој совет оди со документите да се провериш првин, срцки се сите во фондот се ќе ти објаснат убаво за да поднесеш наеднаш документи да не чекаш писмено да ти стигаат барања за дополнувања на документација.
Е колку си стара ти ? Годините не се пресудни за ниски резерви ,потрошени јајници . Има членка на форумов ,а познавам и други јас . На 24 год имаат амх од 0,02 и фсх >20 и со по еден-два антрален фоликул
Се шалам малку да си ја разбијам маката . Ама сепак си ги имам годинките 43, и стварно АМХ беше задолжителен за мене ради високо FSH.
Јас и ти сме изгледа највозрасните тука, јас имам 42 години, ама се подготвувам за петто ИВФ за второ дете. Мене анти милеров ми бараа исто така дополнително за ваучерот и ми беше 2. Но, се секавам при третото ИВФ го сменив докторот и можеби не ми ја погоди терапијата, извадија многу јк, но зрела само една! И да биде иронијата поголема, се оплоди, дојде до бременост, ко кец у кец и заврши со спонтан во 6-та гестациска.
Не сме сами @Bubce38 не дружи. Кај мене па тие ѕверчиња не растат сега имам еден фоликул со 5мм. Ама не се давам за инат ќе успеам и точка Оф душа ти. Ајде не се давај заедно ќе шетаме со количките у парк па и со близнаци
Баш затоа погоре ви пишав за моето искуство кога само со една извадена јајце клетка дојде до бременост, значи во ИВФ се бориме за чудо па затоа нема никаквихправила на игра и фер плеј, туку секој со своја срека. А, инаку, кој доктор го одбра, ако смеам да прашам?
Девојки дури вчера бев кај Лазаревски на второ мислење прво што ме праша е дали имам сестра бидејќи може да ми треба донор. Ми рече дека резултатите се многу лоши дека имале успех и со овакви резултати меѓутоа кога се имало редовен циклус. Класична стимулација немало да реагира. Ми препиша прималут нор макмирор и флексид бидејки имам и уреоплазма. Што мислите добри се вагиналетиве и антибиотиков, сте користеле некогаш ?
А што се случува со двата фоликули ? Празни беа ? Примолутот е за предизвикување цуклус ништо посебно не е како терапија. Кај Трајковски и искрено многу си го обожавам