Јас месецов направив ехо 4Д на матка токму заради документ за во фондот во ремедика направив и околу 3600 ден или 3800ден беше пошто и спермограм правеше мм и се вкупно плати
Не, ми рече дека тежината нема врска со ова. Инаку се имам здебелено од кортикостероиди. Имав перикардит и плеурит пред 4 години и примав мн јака кортико терапија па се здебелив преку 25 кг. Знам дека е за предизвикувње на циклус и др пат сум ги пиела рече првен да пробаме со таблети. Фоликулите не мрдаат кај мене за 9 дена само 1мм се зголемени. Ништо др не ми рече и не знам што да правам. Првен со таблети ако сме успееле ми рече па после ќе сме виделе...
Сигурно има некоја тактика штом ти рекол така. И кај мене не растат, пред една недела немав ништо пораснато, инекциите ги завршив пред 10 дена, оваа недела не знам од каде се појави едно фоликулче од 5мм и Др. ми препиша пак инекции, уште 4. Зборот ми е, како што пишаа погоре нема никакви правила на овој пат, во секој момент може да се деси чудо.
И јас ви се приклучивам во групата +40 (41,5 имам ) Исти проблеми, нормално години се во прашање, ама не се даваме
zdravo zenicki zosto so proodni jajcevodi mi baraat od fondot za zdravstvo za bpo da napravam laparoskopija?dali ima nekoja so vakov problem?
Не знам зашто извештајот ти рекол дека е лош, па уште и донор те советувал. Јас имам лев јајник мртов, антралните одвај, ендометриум максимум 5-7 мм, фцх висок и никој не ме советувал за донор. Со стимулации една ј.к. мо извадоа одвај. Мислам дека не треба толку да те плаши.
Затоа што резервите ми се 0.01 мене Таше од плодност ми рече дека моите јајници изгледаат како за 43 години и дека во секој момент може да влезам во менопауза
Ова изгледа како реално полесна опција што ти ја препорачал докторот, да пробате прво со таблети, можеби има некоја финта/тактика за подобар ефект. Нема правила, никогаш не се знае, кога очекуваш дека ќе оди тешко, баш тогаш може да се случи чудо.
Таше ?!?!? Јас ако го слушав него требаше да се убијам. Искуството од секаде подетално ќе го пишам здравје кога успешно ќе завршам се. Ханах мила, мојот матичен кога го прашав кој Др за ин витро да го одберам, тој ми одговори "оној кој ќе се заинтересира за тебе". Јас кога одам кај Трајковски го имам максимално неговиот интерес и внимание.
Исто и јас би рекла. Ако е млада, Кломифен ќе заврши работа за добивање ј.к. и одма на замрзнување. Додека можеш, терај..јас би одела до крај. Мислам одам и за себе. Додека има ј.к. ќе се обидувам. Една треба на крај краева. А ти сепак создаваш и имаш анстеални. Пробај го Кломифенот обавезно
Па наводно мн мали биле требало повеќе да растат, јас сум нова во сето ова затоа и тука пишувам за некој што веќе го поминал ова да ми даде совет за што понатаму. Затоа и бев на второ мислење кај Лазаревски и тој ми предложи првен да пробаме со таблети па понатакај ќе видиме .... Затоа бев и кај Лазаревски и он ми рече дека се мн лоши резултатите. И кај матичната бев истото ми го кажа. Рече во фондот се што е со резерви под 1 го сметаат за критично и може да ти речат за со донор
Ај кратко какви ти се другите резултати ? Зошто одите на БПО имате сознанија што точно ви е проблем ? Лапароскопија бараат за да ја видат подетално состојбата на матката, јајниците, каналите.
Не сфатив кој ден е прегледот. 15 не е воопшто мал фолекул. Си имала антралните, се одвоил водечки од 15мм и според мене се е ок на тој преглед. Да, може треба повеќе антралните..ама ги имаш и имаш водечки. Тоа е сосема ок наод
Немам ништо пратено. Пооследнава година имав мн нередовна менстурација и закажав кај ивановски преглед. Во меѓувреме ми дојде и кога се прејавив да прекажам ми рекоа дека цел септ нема термин. Затоа решив да одам во Битола кај Таше. Сум одела редовно на контроли и секогаш ми викаа ослаби и ќе немаш проблем. Цел живот сум била крупна секогаш сум имала редовна менстуација. Пред неколку години кога имав перикакрид и плеурит ми се поремети се. Кога испитував хормони сите беа во најдобар ред. Кога отидов кај Таше ми рече дека едниот јајник ми е мн мал десниот а во левиот нема многу фоликули да испитам резерви за да знаат дали да се оди на ин витро. Никој до сега не ми рекол да испитам резерви. Као млада си стрес нервози затоа и е така. Резервите беа 0.01 и кога ги виде рече кај тебе нема време за испитувања мн под итно да одиш на ин витро пошто во секој момент можеш да влезеш во менопауза. Мајка ми на 36 год влегла во менопауза. Затоа и отидов на второ мислење кај Лазаревски да знам од кај да почнам. И кај матичната бев направивме пап и микробиологија. Папот е ок само уреоплазма имам. Ме прегледа Лазаревски и ми рече овака стојат работите . Овие резултати се многу лоши. Со овие резерви си одма за донација на јајце клетки. Кај тебе класична стимулација нема да влијае. Сме имале успех со мали резерви меѓутоа ако имаш редовен циклус. Ќе пробаме со таблети да видиме дали ќе успее не мора да испиташ хормонски статус ќе дојдеш на 3 ден на контрола. Па ќе видиме што ќе правиме. И тоа е тоа не знам ни од кај да почнам. 24 ден од последната менстуација.
Искрено ,по ова што прочитав состојбата не ти е идеална . Но ,не е до толку застрашувачка . Не си направила ниту едно ивф, а одма да одиш со донор ,според мене не е во ред . Ќе почнеш од таму што прво ќе ја излечиш бактеријата , па ќе си направиш основни испитувања : хормонски статус , скриен шеќер и спермограм . Понатаму докторот ќе те упати дали и кога ивф . Само ,кога ќе поднесуваш за ивф документи ,резултатот од амх никако не го праќај .
Спермограм имаме направено пред 6/7 месеци ок беше. Секако нов ќе треба да правиме. Јас отидов чисто на преглед и ме дочека шок. И нормално дека би сакала со мои јајце клетки првен па ако веќе не бива ќе идеме со донор.
А хормони на трет ден имаш испитано до сега ? Пролактинот како ти е ? Едит : Сега препрочитав дека немаш сега испитувано. Јас би те советувала да не се разочаруваш. Но факт е дека треба да почнеш со нешто . А за инсеминација не ти спомнаа ? Хсг имаш ? Каналите проодни се ? @Hannah$$$
Хормони последен пат пред година дена меѓутоа кога ги виде Лазаревски рече дека тие резултати се лажни бидејќи сум пиела прималут нор и не ја давало реалната слика. Сега секако ќе испитам на 3 ден иако ми рече дека не мора само да одам на контрола. 13,4 ми бил. Таше ми рече дека инсеминација нема да успее да одам одма со ин витро да не губам време, Лазаревски дека ќе сака да оди со една инсеминација здравје да се средам првен со таблети. Друго немам ништо направено