Ако одите со една иуи прво ќе треба проодност на канали да испиташ ( хсг) . Посекако за во фонд ќе ти бараат . Ако ти се проодни каналите за да ти одобрат ваучер ќе треба да имаш од 2-4 иуи . А за да направиш хсг пак најпрво мора да ја излечиш бактеријата . Затоа ,пиј си терапијата , не се обесхрабрувај и лека полека ќе почнеш со испитувања и интервенции. Ништо не е изгубено . За бебе е потребна една јк . Би ти препорачала да зборниш со докторот и да почнеш да земаш и некои суплементи и витамини . И нормално , почни со здрава исхрана . Вишокот кг во секој случај не е добар .
imam policisticni jajnici 6 godini pokusuvame da ostanam bremena ama nisto isto i insulinot mi e pokacen kaj soprugot se e vo red pravev hsg proodni se kanalite i 4d se e vo red ne znam zosto baraat sega laparoskopija
Дали го наведе фактот дека 6 години се обидувате? Реално немаш некој проблем и може сумњаат дека има нешто на матката што не си останала природно трудна
За детално да го видат цел репродуктивен систем. Не е ништо страшно на ГАК ќе го направиш. За инсулинот исфрли секаков вид на бели тестенини и секаков вид на шеќери (дури и природни) барем на 2-3 месеци. Полицистичните јајници ќе се средат со терапија. Не е страшно, лесен случај си ти. Со малку труд се ќе се среди брзо.
Добро резонираш, Бупче, само може да се деси и комисијата, по разгледување на документите, да и побара дополнување на барањето со резултат од амх, ко што ми бараа и мене. Сепак, да не заборавиме дека во комисијата се стручни лица кои си ја знаат работата и да не се преценуваме ние овдека, кои грото сме сепак само лаици кои животот и маката им одржала неколку лекции, па мислиме дека се знаеме.
За прв ваучер мислам дека не бараат амх . Не само дека мислам ,туку скоро и сум сигурна . Поготово па ако хормоните и се во ред . А тоа не е тешко нели ? Мислам не е тешко да доставиш хормонски статус каде фсх не е повисоко од 5. Друго , секој доктор во приватна клиника без проблем ќе ти пише дека имаш 4-5 антрални фоликули . Трето ,членката нема 40 год (така разбрав јас ) . Така да , шансата да и побараат амх за прв обид се сведени на минимум. И не ! Не се правам докторка . Само се обидувам да и помогнам да искористи нешто што законски и припаѓа . Ништо страшно ако понудиш решение за некој кој има мака . Бар јас така сметам. Тебе ти побарале затоа што на претходното ивф си имала само една јк, затоа што си над 40 год и ваљда си имала покачен фсх . ( За фсх не сум сигурна колкав ти е ) Ама повеќе од сигурна сум дека за првиот ваучер не ти имаат побарано Овде споделуваме мислења не за да се преценуваме , туку да пробаме некого да го насочиме кон нешто , да "помогнеме " , да дадеме еден утешен збор , да се израдуваме , да поплакаме .
Бубче мала корекција АМХ бараат секогаш кога FSH-то е високо (потврдено). А штом веќе има АМХ 0.01 сигурно FSH е високо. Ако нема до сега поднесено за ИВФ и ако и е прв ваучер, нека го подаде и АМХ и одма нека пише молба да и се одобри со ваучер со сопствени клетки. Во право си дека прв ваучер со сопствени клетки нема да ја одбијат само ќе мора да поднесе АМХ и молба одеднаш во интерес на времето. Него, мене друго ме интересира. @Hannah$$$ од кога ти е АМХ-то ? Пред колку време го правеше ?
Не се слагам ! Зошто да го поднесе амх сега за првото ивф ? За колку високо фсх потврдуваш дека бараат амх за прв обид ? Не мора да значи дека ако имаш ниско амх ,фсх ќе ти биде високо . Најмалку 5 членки има овде кои имаат нормално фсх ,а низок амх . Уште еднаш да кажам . Сите знаеме колку е лесно да доставиш нормални хормони . Не е фер да ја "советуваме " членката да го доставува амх -то за прв обид . Тоа никако . Имавме случај таков. @ocicka2014 не знаејќи го достави па и одобрија со донирани . Да не избрзуваме со вакви коментари- предлози
Затоа пишав ако е високо FSH ќе и бараат. Ако и е нормално, нормално дека нема да го поднесува. Иако јас имам читано многу за АМХ и скоро никаде освен кај нас не го важат многу, дури и во многу земји сметаат дека е невалидно.
Да. Бев на консултации пред да доставам документи, кога го видоа хормоналниот баш така ми рекоа. Ќе направиш АМХ ако е АМХ над 1 никому ништо, ако е под 1 ќе пишеш молба ќе наведеш дека ти е прв ваучер и дека сакаш да пробаш со свои. Јас среќа ми фалеше и 4D па правев, и замисли која среќа/баксуз на 4D имав овулација цела пајакова мрежа беше. И во молбата тоа го наведов како причина, дека сеуште имам овулација на природен процес. И ми одобрија. Само си го скратив времето на чекање на папирологии да чекам писмено да ми бараат дополнителни документи. Пак ќе кажам, сето ова само ако е високо FSH. Инаку нема потреба од АМХ.
Мммм . Лошо . Сега ти ако недај боже имаш потреба од втор ваучер веќе нема да ти одобрат за со твои . Затоа што еднаш си и доставила низок амх . А си можела да постапиш поинаку. Ако фсх на трет ден од циклус ти е 12 , на прв ден да го мериш ќе ти биде околу 9 . Можда и понизок . Си можела да одиш следниот циклус со упут у лабораторија и да кажеш дека ти е трет ден ( а всушност одиш на прв ) и така ќе имаше понизок фсх . Испод 12 резз не бараат амх . Плус тебе ти побарале и заради годините . Членката за која дискутираме дали да поднесе е помлада . Обично над 40 год бараат амх , и ако фсх е повисоко од 12 . Ти баш си била со сите "услови " да ти бараат амх
Да баш дека е помлада реков ако е висок FSH, ако не нека не поднесува. Иако да збориме реално колку и да не е меродавен АМХ, 0.01 е навистина лош резултат и нема време за губење воопшто. Јас на нејзино место не би чекала ни момент веќе, одма би почнала со ИВФ. А што се однесува до мене, јас се простив од ваучерите веќе
Дај боже да се опростиш . Нит ваучер нит ништо да не ти треба . Да успееш овој пат . Чекаме убави вести
@Ана на мама, ако ти е АМХ блиску до 1, може да ти одобрат пак со твои. Ама ај, подобро да не ти ни треба втор ваучер