Јас со моите 41 година и висок фсх, (ама уреден резултат) при поднесување, 4д исто уредно, снимки исто, без ниедна исенсеминација, идев со "машки фактор" како проблем, за да не ме чепкаа за Амх. Значи, го искористив само машкиот проблем бидејќи за тоа не треба додатна документација. Сонце, да не те учам лошо, ама убаво ти рекоа, или на прв ден оди направи хормони или прати другарка да даде крв место тебе. Не поднесувај извештај со висок фсх за да не ти бараат Амх или пак да имаш шанса само еднаш за ваучер.
Е така Сите знаеме како треба . А Не - поднеси амх со молба да одобреле прво ивф за со сопствени јк . Па ако било високо фсх сигурно ќе барале амх . Вака - поднеси си уредни хормони и капата на страна
Кај @Hannah$$$ ќе се реши проблемот со хормоните за Фонд, ете и дадовте насоки , само ќе се појави проблем кај делот од правилникот кај што се бараат инсеминации, она нема време со тоа АМХ да прави 4 инсеминации. Освен ако сега првава не успее, за што искрено се надевам и од се срце и посакувам! Ама во договор со лекарот, да пише што мисли дека ќе помогне за ваучер и тоа може да се реши. Инаку да ви кажам и ДХЕА го намалува ФСХ, го покачува Е2, па Е2 го супресира ФСХ и имате ем намален ФСХ, ем поквалитетни јк. 2 во 1. Само треба да се внимава на Е2 да не надмине 60, така пишува во правилникот и затоа подобро и на втор ден од циклус да се провери. Еве чисто да размениме искуства и информации, не да се прецениме и да се правиме стручни Помогнете им на докторите со соодветни вредности на хормоните, за да ви помогнат и они вас со ваучер
Чекаше ли долго време да ти ја направат хистероскопијата? Јас имав упат за во Чаир, ама таму салите не им биле готови, па потоа сум требала многу да чекам... Девојки, дајте ми совет каде да правам хистероскопија. Да напоменам дека јас немам време да чекам, имам 44 год.
Добро дојде во клубот +40. Јас кај Тофовски правев ама не сум задоволна. Зошто ќе правиш хистеро? Кога веќе ми отворите широк видик, еве предлог за побрз ваучер без инсинации. Нефукнционални канали, да го лажира HSG-то.... Сега кога го пишувам ова дури сама на себе си контрирам со 1000 зошто 1000 затоа прашања и можни варијации. Не дека терам инат, ама 0.01 АМХ не е баш некое време за губење ама ич. Кај мене АМХ е 0.19 и со оглед на годините ми е во граници на нормала (според табелата која ја имаше на самиот резултат) и пак докторите ми велат дека сум критичен случај. Аман веќе памет да се нема од овие проблеми.
Правев неколку инсеминации, неуспешни и потоа 6 ин витра од кои 4 со трансфер ( со по 2-3 ембриона) , без никаков успех. Лекарот ми предложи да проверам АМХ и да правам хистероскопија. АМХ не ни сакам да правам, знам што да очекувам. Периодите ми се ептен оскудни.
Штом си имала трансфери значи останало уште некое фоликулче во тебе гарант. Него, јас размислувам во друга насока, нормално лаичко толкување. Читав дека и за јајниците и за плодот е битна циркулацијата. Дали си обрнала внимание на твојата циркулација ? Јас сега се интензивно работам на подобрување на циркулацијата мислам дека нешто се менува. Од ништо пред една недела, сега имам фоликул 5мм, можеби е само коинциденција тоа покасно ќе го согледам, но фоликулот ми се јавува баш откако почнав интензивно да работам на циркулацијата.
А тоа како ќе го лажирам ? Мора на се да се мисли јас сум ептен не упатена во ова, зашто отидов само на преглед и ме дочека шок. И фала ви на сите за советите . Ќе одам на прв ден ќе пробам и така, само да ја завршам терапијава и да ми дојде.
Не, лажирање на ХСГ никако, може да си направи проблем и на себе и на тој кој ќе и помогне. Секое прикажување на состојбата поинаква од тоа каква што е, е измама, но и тука има градација. Навистина целта ги оправдува средствата, но сепак со усул, да се процени што е на некој начин безбедно, а што не. Во однос на инсеминациите мислам дека би поногнало мислење од лекарот, ако на пример пише дека за нејзината возраст има помалку фоликули од очекуваното и инсеминациите би биле губење време. Или пак машки фактор... АМХ од 0.19 не е во граници на нормала, мене последното ми беше 0.2 и според табелата пишуваше 0-0.45 (многу ниско/недетектирачко ниво) . Мерна единица ng/ml. Тебе која мерна единица ти стои на резултатот? И мене исто, скудни периоди, башка во денови кога треба да има овулација кафено прокрварување, матичниот ми рече дека тоа значи неостаток на прогестерон, да очекувам понатаму се повеќе такви циклуси. @Bubce38 пиша дека имала зголемување на АМХ, пиша и што пиела од суплементи. После читав на интернет, по некои српски сајтови и други жени кажуваат дека после високи дози на Ку10, Витамин Д и Омега3, имале благо покачување. Па дај и ние да пробаме, плус ќе додадеме и други суплементи, има неколку страни пред ова Бубче пишано што пиела:
Немам појма како би го лажирала мене за тоа не ме бива воопшто само наведов пример во кои случаи не бараат инсеминации. Од се она што го читав за АМХ сфатив дека оваријалната залиха не може да се подобри и дека таа е во генетскиот код. Може само благо да варира. Мојот АМХ е според ELISA 0.02 до 6. Докторот ми рече според годините е во добра состојба но дека за бременост е поприлично лош. Иначе јас ги пијам сите можни витамини треви и чуда: мака, спирулина, Д, Е, C, Q10, селен, фолна, Овунорм, Профертил пиев. Е сега се спремам Dhea-та да ја купам и да ја најдам таа Мацина трева. Пишав и погоре, јас сега работам на циркулацијата многу и мислам дека имам подобрување изгледа (ама ќе ви потврдам нахнадно дали сум во право или не). И уште нешто, размислував за рејувинација на јајниците да правам ама нешто не ми е доразјаснето па се двоумам, по моја логика ако АМХ е запишан во генетскиот код, рејувинацијата е само освежување на циркулацијата на јајниците а не и производство на нови фоликули. Некоја да знае нешто плус за ова ?
Јас не знам како тоа би се лажирало ХСГ. Едино може спермограм да се лажира ,во смисла да се однесе примерок на испитување така што истиот да биде "одстојан " неколку дена па да му опадне концентрацијата . Во врска со суплементите . Кажав дека пијам големи дози суплементи и витамини година дена веќе . Минатиот месец решив да одморам малку и буквално се оставив . Инаку секој месец си испитувам хормони јас . И пу пу секогаш ми се идеални. Но ! Месецов ,т.е неќни на трет ден од циклус хормоните ми беа каша попара . Т.е ФСХ 11,3 ,а естрадиолот 110 Денес се опремив со сите можни суплементи и пак почнувам со пиење . Така да веќе тврдам дека пиење антиоксиданси и витамини и те како имаат удел . Собрав документите . Уште спермограм маж да направи понеделник и поднесувам за трет ваучер . Ич немам воља за ново ивф ,ама морам да смогнам сила за уште едно . Преку глава ми дојде веќе од болници ,боцкања , рачунања , чекање , надевање ..... Толку па да било тешко да се стане родител ,чудо едно
Ниско amh и високо fsh не значи дека треба веднаш да се прави ивф. Ако се проодни јајцеводите и спермограм ок, може да се постигне природна бременост. При ниско amh не се ни препорачуваат стимулации, особено јаки. Витамини и антиоксиданти во повисока концентрации помагаат во подобрување на квалитетот на јајце клетките и спермограмот.
Докторот ќе помогне со мислењето највише, ќе напише дека нема изгледи за успех со иуи поради ова и ова.., си знаат тие што треба да напишат. За спермогармот, мислам дека ќе биде послаб резултатот ако нема апстиненција пред оставање примерок, туку напротив повеќе активност...
Да , ама членката за која дискутираме овде мислам кажа дека десетина год е во брак ,а нема постигнато бременост . Затоа , и "напнавме" дека е време за ивф
За лажирање за канали, најдобро оди на хистероскопија и договори се со некој доктор да ти пише таков наод. Бев сведок еднаш во Чаир кога докторот го предложи тоа на една пациентка.