Женски, дали после трансфер, ако е неуспешен треба да се добие мензис редовно или заради прогестеронот не би требало да има крварење? Јас сум на 8 ден после ЕТ со трет ден ембриони, утре треба да добијам ама како што читав не би требало заради прогестеронот, а некако немам надеж дека ќе е заради успешен трансфер.
Здраво,пријателка моја не е дел од форумот сака да поднесува за ваучер кои документи и се потребни ,проблем е машки фактор. Ви благодарам
Оки..Фала Биби на информација.Утре ке правам пункција и баш ќе споделам колку ке ми наплатат..Ќе видиме дали цените се сеуште исти. Модифициран природен циклус? Тоа значи имаш природна овулација а потпомогната е со стимулации?? Не сум мн информирана затоа што се трудам што помалку информации да имам..А иДимитров секако ништо не кажува(можеби и подобро)
Може и редовно да добиеш а може и да ти подрани ( како во мој случај по една недела поранодва пати ).
Женски ајде ве молам некој ако знае да ми помогни..Веќе една недела како сум настината,воспаление на синусите,болно грло,кашлање.Синусите и грлото ги средив но сеуште кашлам и тоа многу..Утре ми е Пункција,а Трансферот ќе.биди ваљда понеделник.Се плашам да не кашлам уште после трансферот..Ако некој знае проверен рецепт,апчиња,чај било што нека пише.Инаку испив една доза Ногрипин,користам ПроАнги спреј за грло,Мукоплант сируп,Анти септ таблети за смукање,почнав и со вибрамицин .Кашлањето е уште поизразено. Поздрав4е до сите
Прашај за кортико некое да ти препишат. Ја смирува кашлицата..а, и при секој трансфер даваат исто кортикостероиди за задржување на плодот
А јас сакав да прашам колку е замрзнување на ембриони во систина колку чини и на колку време е и дали има можност на рати.Фала ви девојки
не ме факај за збор но ако добро се сеќавам и не се лажам беше околу 650 евра, а секоја наредна година околу 150 евра ..ова за Систина е, за рати незнам искрено..мн бројки ми се вртат во глава се надевам точно ти кажав..
Здраво! Се јавив сега во Ремедика. Значи пункција,оплодување,трансфер кошта 120.000 денари.Мислам дека во оваа сума спаѓаат и испитувањата 3 пати на Естрадиол,Инфектифен Скрининг и крвната слика,затоа што за овие испитувања сеуште ми немат речено да платам.
Како тоа не се надеваш?Ајде да се изненадиш до 2 црти. Инаку може пред време, на време или да ти доцни циклусот ако не е успешно. Но тоа не ти треба сега. Ќе не израдуваш за некој ден, ќе видиш.
Многу ова излегува . Во Систина пункција е околу 12.000 ден . Трансфер ( доколку има ) е околу 48.000 ден . На ова да ги додадеме три естрадилоа ( околу 3000 ден ) ,инфективен скрининг и крвна слика ( околку 3000 нека е ) , 2-3 ехо прегледи пред пункцијата ( околку 6000 ден ) . И тоа е тоа . Никако не се стигнува до 120.000 Да не си користила некои стимулации ( инекции нешто ) ?! Не верувам толкава разлика да има во цени.
Женски,здраво на сите,еве и јас да си се пожалам. Во средата 26.09, правев криотрансфер на бластоцисти, а во петокот добив болки. Во неделата веќе имав кафеав исцедок,а вчера веќе и прокрварев. Бев вчера да ме видат,ми направија тест преку крв,без bhcg, негативен беше, ама продолжувам со терапијата до петок. Сеуште си крварам и си имам болки,а не се знае од што е. Да не имала некоја членка,слично искуство,а да завршило со позитивен исход? Со лесно,и со многу среќа на сите.
Сируп од бел слез за смирување на кашлица, проверен ми е на Јака Радовиш со кученце на кутијата, од неколку пати пиење ќе ти помине, само земај по малку, мали голтки и полека да се слева кон грлото, за поголем ефект. (Мали количини, оти секој сируп содржи многу шеќер, па да сепак да се внимава) Со лесно и успех да ти биде трансферот!
Koristev Fostimon 30 Inekcii koi sama si gi plakav...Ama sestrata mi kaza punkcija,oploduvanje i transfer kosta 120.000den..Sega bas me.zacudivte