Во Аптеките ги има како кесички со плус фолна киселина.нов производ се во Мк.под името Еллова 660 ден ги платив. Имаш читано нешто за нив?по странски форуми читав дека биле добри
Инозитол е витамин од Б-групата (поточно витамин Б8 ). Јас го пиев за подобрување за квалитет на ј.клетки. Читав дека е добар и за pcos (но за ова немам искуство и не можам да потврдам).
Јас пијам Еллова моментално. Изминатите 3-4 месеци пиев ИНОФОЛИК-Комби кои ги нема овде и во една аптека ми ги носеа од Бугарија. Ми ги препиша д-р од Хемолаб да ги пијам заедно со Д3 и К2. Мометално во аптеката немаа донесено од инофоликот па ми дадоа замена за нив Еллова кои по состав се речиси идентични (елловата дури седржат дупло повеќе Мио-инозитол од инофоликот.
И мене ми беа препишан минатиот ИВФ и дадоа добри резултати, но ги нарачував од Бугарија. Дали ова значи дека сега ги има и кај нас?
Здраво девојки...Вчера правев пункција.имав 13 ј.к пд кои 10 беа зрели за оплодување.Е денеска ми се јави емриологот и ми кажа дека само една ј.к е оплодена,што не значи дека др.нема да почнат да се развиваат.Е сега малку се исплашив... има некој сличен случај подоцна да почнале да се развиваат ј.к.??
Јас како што знам од 36-48 часа од аспирацијата е потребно за конечно да се види успешноста, така да има шанси за уште. Дури и да немаш други биди среќна јас "би убила" за таа една . Ајде со среќа и со лесно нека ти е
Здраво на сите Денес имав пун4кција на природен циклус,пошто немам резерви,една јајце клетка,и тоа празна.Истот ми се случи и пред 2 месеци....Веке не знам што да правам.....И ТСх ми е 5,5 па ке пијам таблети.Дали има некој ваква мака и дали има правено ин витро со донирани јајце клетки...Почнав да размислувам и за тоа...Но преку фонд било 3000 евра за 4 јајце клетки,и 4000е за 6.Не знам што да правам jas
Биби ај ако не ти е проблем пиши поопширно да размениме мислења. Колку ти е високо FSH имаш ли правено АМХ, колку години си и која е причината за ин витро. Нормално ако сакаш и ако не е тајна. Не ми е јасно зошто пункција на природен процес ? Имаше зрел фоликул ? Каде правеше пункција ?
На природен циклус често се случува тоа. Не очајувај, треба повеќе циклуси да се овидуваш. И кај помлади се случува тоа, не секој циклус е со полна јк.
Во мојот случај се потврди дека нема голема важност и улога витамин Д-то. Пиев Пливит по 10капки дневно 6м пред секое ивф...претходното ивф ми беше 35 и ми беше неуспешно ивф....а на последново ивф ми беше 25 па сега имам син.Зборот ми е слушајте што ви кажува докторот кои во прави ивф...многу други побитни фактори и терапии има за да се дојде до успех...јас најчесто ја примав истата терапија секое ивф пред и по ЕТ па имав различни резултати... Со лесно и со среќичка на сите...упорните и храбрите успеваат...сите ќе сме мајки...од се срце ви посакувам...тежок е патов мнооогу..5ивф поминав...но ќе ви се исплати секоја инекција или апченце кога ќе го држите бебето/бебињата во раце...
Ја сфаќам поврзаноста, сигурно е оправдано користењето, не сумњам во тоа. Ама, ете мене ми беше 24, па неуспешно беше инвитрото. А, со 24 немав замерка од докторот. Ти благодарам за желбите и ви посакувам мноогу радости да си дочекате со приновата нема поубаво Мој предлог ти е да не одиш на целосно природен циклус. Дополни со естрадиол, Кломифен или слично за да не доаѓа до празна ј.к. Хормонска терапија сигурно би помогнала за подобра ј.к.
И јас го делам истото мислење. На природен циклус сметам дека не е доволно квалитетна ј.к., зашто и секој месец не сме исто плодни, сепак е друга приказна со стимулација, се поттикнуваат јајниците да работат повеќе, правила нема, ама факт е дека многу помал број успеваат на природен циклус, а драстично поголем на стимулиран.
Јас ќе одам на 24ти на консултација и во Систина и во Њу борн баш за природен циклус да прашам и ќе видам што мислат и двајцата доктори .И ќе пишам
Здраво женски и поздрав до сите Нова сум овде и имам едно прашање.Во понеделник имав трансфер на 1 ембрион и тоа морула.Ме интересира дали имал некој вакво искуство и какви се шансите.Многу сум нестрплива.Инаку ова ми е прво ин витро и се надевам на позитивен резултат
Јас кога ги правев инсеминациите примав фостимон по 5 од петти ден од циклус и плус естрофем и имав само по еден убаво развиен фоликул, за ИВФ кога почнавме ја примив комплет цела терапија(30 ампули) и кога бев за пункција имавме извадено дури 17 ј.к. Сакам да кажам колкава е разликата со стимулација и без неа. Сепак кога ми се јави ембриологот кажа дека само пет се добри и требаше 2 да вратиме а три да замрзнеме. На денот за трансфер исадна дека само тие два се развиле како треба а за другите не беа сигурни дали би преживеале замрзнување. За среќа еден од двата расте сега во меше . На сите ви посакувам полни раце бебуши и успешни приказни
Se javi embriologot...Deneska imame 3 oplodeni jajce kletki koi dobro se razvivaat.Transfer zakazan za ponedelnik