Jas imav dva embrioni vrateno na treti den od et sto bea moruli I ete me vo 30ned od bremenosta so edno bebce
И јас имам едно прашање за витамин Д. Пред да се испита, треба ли некое време да престанеме со примање, за да ни даде точна вредност испитувањето??? Или не мора ???
Јас имав 1 ембрион и трансферот беше на 5ти ден.Во извештајот пишувасе дека е морула...Можеби знаеш кога најрано можам да правам тест? Фала ти многу на одговорот и подршката
Не се согласувам дека хормонската терапија помага за подобра јајце клетка, напротив одмага. Хормони се употребуваат доколку организмот сам не е способен да произведе јајце клетка до овулација. Во спротивно, квалитетот опаѓа зошто го избрзува растот или се добиваат повеќе јајце клетки.
Еве ке ви кажам.Имам 39 год..,АМХ ми е 0.30,ФСХ 8 последниот пат,значи намалени резерви.Инаку овај месец кога проверував хормони и ТСХ ми бесе 5.5 па почнав да пијам еутирокс.Дали знаете,дали ТСХ има некаква врска со празниве фоликули?Ако има некој нека ми каже.Иначе на природен циклус беше последново,а пред то само 5 дена по 1 инекција Пурегон.Во двата случаи,празни фоликули.Исто пред тоа земав ДХЕА 3 месеци,но мислам дека ми одмогна.Немам полицистични јајници,но пред 5 год почнаја влакна на брадава да ми растат,не многу,ама имам.Тестостеронот не ми е покачен,не знам што би било причината.
Инфо до сите на кои им требаат Еллова кесичките, ги има во Аптеките на Еурофарм,сега ги земав и се 680 денари. Поздрав
Дали некоја од вас има испитивано мутации MTHFR да ми каже каде и која цена е... прашав во Авицена ме прашуваат која точно анализа треба да се испита? а од Др. во извештајот стои само ова: Мутации за MTHFR, кога го прашав др. ми рече тоа што е наведено MTHFR
Во државна болница, на имунологија ги испитуваат сите тие мутации, со упат од матичен гинеколог. Испитував пред две години, кај мене беа повеке мутации и не паметам колку пари беше, но не е скапо, само за резултатите ги чекав малку повеке.