Лани испитував на трансфузиологија, со упат од матичен гинеколог, ама со МТХФР испитував и други работи и платив партиципација од 1290 денари, за услуги кои на приватно би коштале 14 650 ден. Резултатите беа готови за десет дена.
Со среќа и висока бета! Полни раце со бебуш/и. Со среќа и успех, ќе ти покаже со домашен тест и на 9ти ден, 100%. Чекаме убави вести!
Девојки пред некој ден го спомнувавме чајот во труднички за полесен пораѓај итн.. ама денес читав односно со транслатер од герменски на македонски преведував и најдов нешто било добро и пред ифв да се користи за јајце клетки итн..иначе незнам дали го има тука јас од Германија го порачав..Ако ве интересира побарајте на Google и преведете Види го прикачениот фајл 448221
Ова се неиспитани работи, не треба да се игра со чаевите, јас пиев чај од лист од малина и одма приметив дека нешто не ми го поднесува организмот, ама продолжив да го пијам, после секое пиење го имав истото неубаво чувство и после неколку дена пиење ми се слоши, ми изварира притисокот, се осеќав вознемирена, така да јас немам добро искуство со овој чај. Сигурно затоа пишува дека треба да се разговара со лекар, пред да се почне со пиење.
Јас не би пробала никогаш повеќе, а поучен од моето искуство, и мм сигурно не би го пиел. Мислам на чај од лист од малина, а за чај од плодот, мислам дека е ок, како и сите други овошни чаеви.
Се сложувам со тебе, но членката се изјасни дека веќе продуцира празни ј.к., како и дека е со намалени резерви и скоро во 40-та година. Мислам дека, како на повеќето што сме овде, под знак прашање ни е квалитетот или резервите. Секако, за оние со полицистични имаат поинакви проблеми или пак оние со машки фактор или помлади не се однесува, па затоа и го дадов советот за хормонски потпомогнат природен циклус. И, се сложувам дека природно си е природно, но со наведените проблеми, некои од нас нема никогаш да дојдат до природна здрава ј.к.
Ми кажаа дека оваа недела ќе бидат моите документи разгледани на седница за ваучер.знаете ли кој ден заседава седницата? И веднаш ли се јавуваат ако фали некој документ или ако е одобрен ваучерот?
Ne se javuvat ti treba da se javuvas I ti kazuvaat oti treba nesto da dostaves a sto ke treba da dostaves zatoa ti prakaat po posta
Во вторник заседава комисијата,а не се јавуваат туку писмено те известуваат.И потоа повторно си на разгледување со дополнителниот документ ако ти побараат нешто друго...така да може да ти се одолговлечи уште минимум 2 недели,кај мене беше така. Јави се и побарај лично да си го земеш ако ти е хитно. Ти посакувам многу среќа и успех овој пат
Вчера ги собрав дополнително документите што ми ги бараа од Фондот. 4Д направив во ПЗУ Коруноски - МВР, цена 900 денари (според мене коректна цена) Јас мислев дека треба да се однесат кај Црвен Крст ама таму само ми удрија печат на копиите а оригиналот ми рекоа да ги однесам во Републички Фонд (кај спомен куќата на Мајка Тереза) Брзо завршив работа, само еден од вработените ми кажа дека за резултатот од брис на вагина може да ми ги вратат комисијата пак бидејќи немало печат заверено. Упорно им барам на микробиологија а тие ми викаат дрско дека само таму го издавале овој резултат. Да се надеваме дека за тоа нема да се фатат.
Им кажа дека ти е за ИВФ ? Мене така ми рекоа во институт ама кога кажав дека е за ИВФ ми ставија печат.
Девојки, дали некоја од вас се соочува со неуспешна имплантација на ембрионот и што ви препорачал докторот? Кај нас се е ок до трансфер, убаво се развиваа емврионите ама повторно немаше имплантација. Тестот е негативен пак
Да јас три неуспешни инвитра и ниедна имплантација, а инаку се е супер дури резултатот негативен не го види е тогаш почнува "интересното" и одговорот на докторот беше таква ти е матката и викам решение што понатаму и он ти си кандидат за сурогат жена !!...Извинете што морав да пишам, го знаат повеќето ова али бидејќи побара искуства сакав да го пишам моето, кое воопшто не е нормално...јас секако продолжувам понатаму и не верувам во ова" единствено решение" за мене по мислење на докторот... ова многу влијаеше на мојата психа која ќе ме следи дури успеам, но за мене само Бог постои и во неговите дела верувам...затоа не се сеќирај ќе дојде и тој наш најубав ден и ќе имаме имплантација и бебе ќе родиме да знаеш, мора да биде мора !!!
Најголем причинител се годините за празните фоликули. За разлика од тебе јас има повеќе години (43) и помалку АМХ 0.19 и јас мака мачам со јк. Не мислам дека тироидна има врска со празните фоликули иако високо TSH има врска со проблем за забременување. Апчињата ок пиј ги ама не би било лошо малку диета (исфрли бело брашно, тестенини и секаков вид на шеќери барем на неколку месеци) стави го организмот во кетоза и ќе немаш проблем со високо TSH познавам неколку луѓе што си помогнале со таква исхрана. А за јк ќе дојдат сигурно, само полека и со трпение ќе успееме и ќе бидеме мамички
Само смирено и опуштено, се ке си дојде на свое. Најтежок е периодот по трансферот, тие 2 недели на сите ни се чинат ко години. Затоа еве да споделам едно искуство и добар начин да се крене позитивната вибрација - на you tube ја има една Хрватица, Ана Бучевић, која е мотивациски говорител и има своја страна " Safari duha". Мегу другото има медитација за забременување која таа самата ја води, па чисто вреди да се послуша, ако ништо друго барем да се исполни времето на чекање со убава мисла.
Па мислам дека голем процент од нас на форумов сме ја осетиле таа горчина барем еднаш, а некои и повекекратно. Но, едно засигурно знам и категорички тврдам - има причина зад секоја неуспешна имплантација, понекогаш и нешто банално како на пример слаба циркулација која на една познаничка и ја забележаа во Прага и на 47 со помош на Аспирин доби керкичка. Но, во голема мерка зависи до ангажираноста на докторот да ги бара одговорите и знаците кои ги испрака организмот.
Ретко кој успева од прв пат. И јас немав имплатација а докторот немаше одговор зошто е така. Не се поклопиле коцките. Се надевам следниот пат ќе биде успешен за сите нас
Јас еве исто. Прашуваш за што би препорачал докторот. Мојот ме прати на хистероскопија дијагностичка и биопсија на матката. Пиевме и една доза антибиотик за уринални инфекции и бактерии,нњкој поосетлив антибиотик беше бидејќи на брисови немаме ништо, ама сметаше дека може има нешто во вматка, што не го гледаме. исто време, ми препорача да пијам Аспирин, дхеа и спорт. Обавезно д витамин поготово сега од есен, како и поздрав живот.