И јас сменив доктор и истото ми го препорача,дијагностичка хистероскопија со биопсија. Ја направив и чекам резултати па да аплицирам за ваучер
@feminka#11 Мутации се испитуваат и на трансфузиологија на клиника и на Имунологија и хумана генетика на клиника. Јас испитував мислам 2015 година на имунологија, но прво бев до таму да прашам каков упат треба, им кажав дека е за ИВФ, и ми напиша на ливче еден млад дечко, не знам дали беше специјализант, или доктор, ама беше искрено премногу љубезен и се ми објасни. Мој предлог е ако веќе испитуваш мутации испитај на имунологија, има и некои други работи таму што се испитуваат некои антитела итн. Барем со едно боцкање се ќе си направиш. Имаше една опција за ХЛА ако се пријавиш во регистарот за донори, тогаш тоа испитување е бесплатно. Ама тоа за мутациите се плаќа, не се сеќавам колку. На трансфузиологија колку што имам јас информација испитуваат нешто дали си одговарате со партнерот, покрај мутациите, Протеин С, Протеин Ц, и мене од таму ме пратија дополнително да испитувам хомоцистеин и витамин Д на клиниичка биохемија. Јас не го испитував тоа за двајцата партнери, туку само Протеин С и Ц, АФА, и леле одамна беше не се ни сеќавам веќе. За хомоцистеин и витамин Д знам дека ми рече др тогаш дека пред да се мери најдобро е 3 месеци да не си пиела никакви суплементи од Б групата и витамин Д. Ете јас и на двете места испитував, но различни работи. Со резуплтатите бев на консултација кај др. Петличковски на имунологија и со неколку др. на трансфузиоологија. ТСХ за ИВФ се препорачува да е околу 2. Пиши ми порака ако сакаш ќе ти препорачам докторка која се занимава со оваа проблематика (TSH) , инаку естрадиолот треба да е околу 200 за еден фоликул некој ден пред аспирација. Тебе колку ти беше? Можно е да не си реагирала добро на лековите. Следен пат разговарај со докторот што мисли во врска со тоа да ти го смени брендот и на стимулацијата и на стоп инекцијата. Сум читала дека и тоа има врска.
Јас во мај правев офис хистероскопија имав полип но со терапијата што ја пиев се изгуби. Дали зборуваме за истата или оваа е различна?
Јас немав ништо на матка. По препорака на доктор за ифв направив дијагностичка хистероскопија со земанје материјал за да се види состојбата на зидовите на матката
И овие периоди се тешки...Кога ќе ти се јаве ебриологот и ќе ти каже дека од извадени 10 јајце клетки само една добро се развива и само таа е оплодена и се дели правилно...Незнам што да мислам ама доста ми падна тешко...Но се надеваж дека таа една ќе биде таа правата.Утре со Господ напред....
E воопшто не се согласувам со тебе.Зошто ретко кој успеал од прв пат?? Оваа воопшто не е охрабрувачко....
^познавам многу кои од прво инвитро им успеало.затоа мора да се охрабруваме.за да мислиме позитивно дека ќе биде
Не, не е иста. Јас правев за септум хистероскопија, но дијагностичка е малку поинаква, тогаш има поинакви мерења и параметри кои ги земаат во обзир, иако е иста процедура, сепак различно добиваш како извештај. Плус, биопсија е уште една процедура која ја прават прарарелно со дијагностичката. Некогаш, ако докторот сака или има насоки, се прави оддеднаш, додека пак во други случаеви преку хистероскопија само го решава проблемот, како твојот со полипите или мојот со септумот.
Јас чекам одговор-ваучер.и прво ќе ми биде.и цело време си мислам позитивно дека ќе биде.не треба вакви коментари. Плус 9 дена ми доцни циклус,дури си помислувам дека можеби и бремена сум додека чекам ваучер. Затоа не треба да се обесхрабруваме. Ти држам среќа душо.кога ќе испитуваш бета?
A mozno e I toa mila moja bratucedka dodeka gi spremase dokumentite za vaucerot ostana po priroden pat a I jas ne se soglasuvam oti od prv pat retko koj uspeva
На форумов има и ќе има секакви коментари. Јас еднаш имам пишано, овој форум го доживувам како шведска маса, нешто ќе си земам, нешто нема. Некој коментај ми е убав, некој не ми е. Различни жени -различни мислења. Таман работа еден коментар да те обесхрабрува. Мисли позитивно
Ќе ја правам кај Илиевски во Чаир. Во петокот бев на прв ехо преглед, после добивање на втор и во наредните денови ќе ја изврши и хистероскопија. Кај мене ендометриумот е тенок и ќе бара причина зашто е така.