Ти благодарам за советот мила ама за 5 години само тоа немам испитано (ја прочитав и Бисерче што кажа) па да го довршам овој процес и ако не дај Боже е неуспешен ќе го направам и тоа испитување.
Ви благодарам на сите што ми дадовте идеа да прашам за циркулацијата, утре ќе ви пишам се надевам дека добро ќе поминам кај докторката
Да прашаш и обавезно да ни кажеш, на упатот ти пишува што треба да испиташ или гласи само за трансфузиологија
Јас имам подобруваеп кога пијам Аспирин. Исто, осеќам подобрување и последниве десетина дена од дхеата. Спорт..хмм не сум баш редовна.когасум активна е ок, ама бидејќи имам проблеми со коленото тоа кратко трае. Од исхрана, ми пријаше хроното, ама го прекинав
јас лично немам, правев и ПРП на ендометриумот кој требаше освен да го здебели и да ја подобри на тој начин циркулацијата и пак имав неуспешен трансфер... сметам дека треба многу работи и коцки да се склопат некои ништо не прават и таман креваат раце тогаш успеваат, некои се прават па не сака и не сака...но тоа е мора да се бориме и да не се откажуваме што е наше ќе си дојде ако треба да дојде. Јас престанав да се замарам дали ќе вежбам дали ќе јадам ова или она, не доста е веќе се правев не бидна така да како Бог никој не е ќе биде ако сака да биде и ништо ако не правам, сега само на него му се молам тоа само не престанав да правам.
Во центар кај полициска станица Беко овие три се 300 денари, без упат се испитуваат, а резултати за од прилика 2 часа. Заборавив како се викаше, мислам Железничар дека беше.
Елена Петковиќ е душа од човек.Цела историја објасниија,документација што имаш носиси и се ќе ти испита...Таа е жената која исто имаше удел во мојот успех да го доносам здрав и жив син ми.Секој месец контроли и многу одговорна и посветена докторка за своите пациенти.
Девојки, викендов помина мојата пункција на која извадија 12 јк, денес ми се јавија дека 6 од нив се развиваат, а утре ќе ми кажат дали уште некои од останатите ќе покаже знак на делење. Бидејќи планирам да ги замрзнам, дали ембриологот кажува дали ќе се остават на 3 или 5 ден, или пак може и јас да побарам да ги остават до 5ти ден? До сега имам 2 неуспешни ифв со 3дневни ембриони, па би сакала наредното да го пробаме со 5 дневни. Не знам дали е ова е нешто на кое неможам да влијаам и не знам како оди. Во секој случај сум задоволна од овој пат бидејки во претходните вадевме по 7 јк а се оплодуваа само 2.
Хеп Б Хеп Ц Сида . Без упут се мисли на приватно да си платиш најверојатно . Во нашата државна болница исто така може без упут . Ќе платиш околку 700 - 800 ден . Со упут е 80 ден
Ама вика 300 денари..ми личи ефтино. Мислам дека можеш. Збори со докторот. Со среќа, ми личи дека овој пат ќе успееш
Барај да ти замрзнат на 5-ти ден, а за враќање, следи го и ендометриумот и слушај ги како ќе ти кажат. Мора да се синхронизирани и ембрионот и матката. И стварно имам претчувство дека ќе успееш
Како што кажа @Bubce38 , за хепатити Б, Ц и сида. Во Железничар за трите е 300 денари вкупно, а не за секое посебно. И не треба упат.