Добро ,правеле генетска анализа на ембрионите но со поставена цел да се оплоди женски ембрион,бидејки тоа беше единствено решение за нив.Полот е биран да биде женски, бидејки мајката е носителка и преносител на болеста, а сите машки од фамилија и беа болни од оваа болест. Ги познавам лично,им беше укажано дека доколку роди машко ке биде болно како што и покажала генетската анализа и дека е најдобро да применат метода да се оплоди и роди девојче.Истата метода ја повториле и за второто. Сега се родители на две здрави девојчиња.Постарото е 1 одд. Во секој случај повеке од оправдано.
Srecno mila od srce ti posakuvam ovoj pat da uspees a zatoa za tret ili peti den odlucuvat embriologot I ginekologot
Што е најдобро ембриологот ќе каже. Но ти може да побараш да се замрзнат на 5тти ден. А и ако се замрзнати на 3ти ден пред трансфер ги одмрзнуваат и може да ги остават да се развиваат до 5тти ден, па потоа трансфер. Кај мене така направија. Ти посакувам среќа, а утре и останатите да се делат.
Ептен. И не само тоа, туку и за два часа се готови и не мора лично да се земат резултатите. Многу едноставно и без маткања по упати, евтино и брзо. Само мислам дека пред 8 часот не работат, тоа не се сеќавам од колку почнуваат.
За оправдано, нема дискусија. Ама за бирање пол заради преференци ми е дегутантно, а ако некој се нафати тоа да го прави никаква етика нема.
Девојки има ли некоја од вас со пониски тромбоцити од 150. Јас имам околу 100-120 и така сум родена и сите жени кај нас во фамилија имаат слаби тромбоцити. Проблем ми е тој аспиринот што го спомнавте.имам пробано но ми прави модринки по телото и хемороидално крварење.а не пак клексани.како јас ќе ги примам кога ве читам скоро секоја при постапката и после тоа ги примала со циркулација сум катастрофа.вечно ладни раце и нозе итн.
Фала Стара, утре кога ќе ми се јават повторно, ќе ги прашам како им е планот. Молам бога да продолжат добро да се развиваат овие првиве 6 од денес а за другите здравје ако успее некоја од нив како бонус ќе ми дојде да не барам преку леб погача
Во врска со аспиринот, пробај од друг бренд, кардиопирин, андол, или ако можеш набави аспирин од Германија. Јас имав проблем со модрици од аспирин, менував брендови и сега пијам аспирин од Германија и немам модрици. Само од него немам. Аспирините викаат дека се исти, ама моето искуство вика дека не се.
devojki mi kasani cetiri dena vaka pravev histeroskopija otstranuvanje na polip na 21 septemvri imav menzis na 11 septemvri a sekogas na 25 den mi ide od sto moze da e taka iskustva nekoj so pravel histeroskopija
Може ли и со упат да се проверат овие испитивања? Мене матичниот стално ме прака на приватно да ги правам, по 700 денари едното. Последен пат беше толку, постојано ги покачуваат цените. Кога почнав со оваа борба беа 300 ден. Може и од други градови да се направат таму? Каде точно се наога Железничар?
Кај мене исто така. Од една страна не можам без него, бидејќи имам тешки нозе ако не го пијам, а кога го пијам, болката во нозете е намалена, ама имам модринки по раце и милтавост во рацете. Како што препорача една членка, го набавив и јас од странство, ама го пијам преку еден ден. Плус Кардиовитаминот како повеќе да ми брка работа од аспиринот. Со намера сум да одам кај трансфузиолог и да видам дали е ок вакво пиење преку еден ден со аспиринот.
Па би требало да може, не сум сигурна. Се наоѓа во центар, Градски ѕид, кај полициска станица Беко. А по половина апче секој ден си пробала? Или помала доза ако најдете од странство од 50 мг.
За Аспирин ,андол јас знам дека ако пиеш половина апче пример денес ,другата половина треба да ја фрлиш . Барем јас така правам ( така ми кажа докторот ) кога пиев Андол
Киселината не чини ако се пресече апчето и стои до утредента? Чисто онака прашувам, во смисла дали се расипува. @EdnoBiserce @Alishan30 Ако може по половина апче секој ден да пиете, ќе ја фрлите другата половина. И онака Аспиринот е евтин. Важно ако дозволи доктор секој ден по пола и ако се осеќате така подобро, тогаш пола пијте си.
^^Оли не знам што не чини. Така ми кажаа , така правам . Исто знам ,дека одредени таблети воопшто и не треба да се кршат на пола . Учев божем пред 25 год за ова . Ама толку ме занимало да запамтам
Добро е да се знае. Кога пиев по половина за да го навикнам желудников, среќа никогаш баш на пола не сум успевала да го пресечам, па едниот, помалиот дел го фрлав. Сега сум раат, по цело пијам. Инаку моите па тромбоцити се 300-350 Наследно, тоа е