Пробај помала доза да најдеш во странство и друго е нели 50 мг секој ден, а претпоставувам друго е 100 за тие што имате проблем ваков каков што опишавте. Не сум знаела дека таква реакција прави Аспирин ако се ниски тромбоцитите. Сепак доктор најубаво знае и ќе каже што да се прави, чисто размислувам. Чудно ми беше кога ми рекоа да пијам барем пола од аспиринов, демек подобро така отколку воопшто бидејќи инвитрото кога го правевме во јуни, не пиев Аспирин поради болки во желудникот. Знам дека некои не треба да се кршат, но оние што може, тие мислам се со линија во средина, а аспиринот нема линија. Сепак морав некако да го научам желудников до следниот трансфер и морав по пола да почнам да пијам напоредно со апче за желудник ако ме заболи.
Мене ми се случи таков крах од аспиринот и клексаните ден после трансферот, што се извадив од памет. Бидејќи претходните денови имав многу боцкања за крв и хормони, вените ми беа трауматизирани до максимум, плус канилата од инфузијата ми направи тромбови на раката и потеков. Цела бев со модрици и отоци. Катастрофа. Сега, кога вадам крв неколку дена пред тоа не пијам аспирин. Фала за советот, ќе побарам таква доза за да си олеснам.
Тууу се' нешто има, раат да не е човек. А дали оваа состојба со тромбоцитите може да се регулира барем малку со нешто? Некоја терапија, следење и помош од нутриционист и сл. што може да ги покачи тромбоцитите? Имам аспирин од 75 мг, ги имам купено од Бугарија, цело неотворено тегличе имам со 100 апчиња со рок до мај 2019. Се викаат Ацетизал Кардио. Ако сакате со @Alishan30 да ви ги поделам по 50 апчиња на двете, пробајте со 75 мг. Или едната ако не сака, на другата ако сака сите ќе и' ги дадам. Пишете ми пп ако сакате.
Женички мили, поддршко борбена.. да ве поздравам, и да ве замолам за мислење...да,ова се оние денови кога може да се скрене од многу размислување што би било кога би било. Зборам за деновиве после трансфер.Имено,што ми е маката,грижата на совест..ќе бидам кратка, нејкам многу да замарам,ваљда е ова повеќе како издувен вентил а и да си поправиме муабет ние кои минуваме низ истово зашто само ние најдобро се разбираме. Значи, 40тина минути лежев после транфер и станав да мокрам,морав,имам таква бешика не ми држи,плус ме притискаа многу дур се обавуваше процесот и после тоа ќе пукнев, чудо и како 40 мин издржав,почна да ми се врти од мака и потреба,може и на психа а може и реално..станав и едвај капка дали отиде,од премногу стегање, благ напор плус вложив...се каам, не си побарав гуска,ама прво ин витро незнаев,и слабо сестри патролираа. А претходно од нервоза шо неможам да додржам,мислам дека стомаков ми трепереше и сеа си поврзувам да не дошло до некои контракции и да ги ифрлила матката ембриончињата. Реков нема долго да се распишам ама ете Ако постои утеха дека не сум зафркнала работа, пратете слободно, ако не,сепак фала за издувниов вентил.Бидете ми поздравени и среќно на сите!
Ауу е сега ќе се караме. Какво исфрлање така одело тоа ајде те молам немој со вакви муабети и грижи на совест. Ако јас мислам на се што сум "згрешила" (читај пропатила) ќе требаше пред стрелачки вод да ме стават. Ајде сега една убава насмевка и нови видици за размислување. П.С. во природниот процес оплодената јајце клетка патува до матката 24-48 часа по каналите, а ти тој пат го сведе на 2 секунди мочкање ? Невозможно е, просто невозможно.
Прво со лесно . И нека биде успешно од прва . Во врска со тоа што си станала по 40 мин да мокриш да не се секираш толку . Ембрионите не се "одлепуваат и не паѓаат " баш така. Сликовито вака да речеме . Замисли на кришка леб намачкана со ајвар да ставиш зрно ориз . Кога ќе ја завртиш наопаку ,ќе ја растресеш кришката со леб , зрното ориз и не баш така лесно ќе падне . Така е и со ембрионот . Првите денови препорачано е повеќе одмор ,во смисла избегнување на тешка физичка работа , спортување .... Извршување на основни домашни и лични потреби слободно врши си. И пробај да не мислиш на исходот . Филмче и некоја убава книга во раце. Те чекаме да частиш
Фала ти најмногу на свет Јас, бидејќи имам контакти и луѓе кои ми испраќаат од Словенија лекови ако ми требаат (така ги добив и овие Аспирин 100, сега што ги имам) и ги препуштам на @Alishan30 да ги земе ако се договорите. Неизмерно ти благодарам за помошта <3
Фала ти најмногу,многу ми значат зборовиве,и се ми е јасно тоа ама ете пусто сеа се ќе ти помине низ глава иако и со сестрите зборев отпосле и уште еднаш станав, ми рекоа да не се грижам,дека надвор и после 10 минути се станува,само кај нас е вака на 2 саата лежење сведено,ваљда ете така повеќе за смирување шознам.. тоа е. Убав ден да си имаш и се да ти се исполни!
И јас да пишам во врска со аспиринот. Од самиот ден на трансфер па се до денес еве терам 31 недела пијам по 1 апче аспирин протект. Немам никаков проблем,добра циркулација,немам отоци а и димерите ми се во ред и сум со близнаци.Докторот ми рече да ги пијам до 32-33 недела. Е после ќе видиме а не сакам да ги прекинам ама ќе морам.
Фала и на тебе девојче. Јак ти е примеров,ама зависи колку е течен ајварот хахаха малце да се насмееме, ме расположи со споредбава Незнам што да очекувам, а влегов ептен наелектризирана со позитива, и на самиот ден т.е вчера ко да не изиграв ко шо треба,ради ете некои такви детаљи, на кои не размислив добро претходно. Па и наведнување за ставање патики, симнување по скали (еден спрат), воглавно тоа, детаљи што ми ротираат низ главчево, ама сега е касно за мислење, само чудо се очекува сега Поздрав мила и се најдобро!
Број од фондот итноо ми треба. Одобрен ми е ваучерот пријателка ми кажа но сакам лично да си го земам ваучерот.пишете ми кај да звонам
Е шо толку итноооо е ?! Се шалам . Во петок ќе ти стаса дома . Мене секогаш за ден- два ми доаѓа на домашна . Тешко се добиваат тие у фонд . Врти упорно на бројот од погоре после 12:00
Се јавив пуштен бил ваучерот.позитивно одговорен.рекоа за 2 дена ќе стигне.ептен сум кнап со време.сеуште ми доцни циклусот па ако добијам овие денови уште веднаш да почнев со терапија,да не чекам следен циклус Ми касне ма Бубееее.па да искористев уште на овој циклус да не чекам за следен и да не мислам цел месецако ми дојде де
Ти почни си со процедура . Таше не прави проблем и на крај на постапката да го однесеш . Ова да си имаш во предвид да не трчаш специјално до Скопје за ваучерот . Мада ќе ти стигне во петок дома ,ќе видиш . Туку ! Ај па ич да не ти ни треба
Моето јуначе пак го снема Ако некој види мало фоликулче како лута лево десно кажете му сместа да се врати каде што му е место. Значи се враќаме на почетокот....