Затоа што не се знае текот на настаните а ваучерот е 6 месеци само. За мене секој месец е златна шанса (дури и ќе си го самопродолжам ваучерот ако вака неуспешно продолжам ). Не знам Бубче јас имам многу пропатено од тоа "ај еден месец е" па сега дувам и на ладно. Предложив само како мислење ако има чиста ситуација да не чека за секој случај превентивно. А да сега ми текна го слушнав ова на лекар "кај вас се е во ред и ќе одиме со краток протокол за да добиеме уште повеќе фоликули". Веројатно си ти од тие среќнички кои на прва ќе успеат.
Ок . Споделуваме мислења . И јас бев таква , гледав што поскоро . Сега сум на минус уклучена . Собрани документи за у фонд , мрзе ме да ги поднесам . Инаку ваучерот ако не го искористиш за 6 месеци не ти пропаѓа . Ќе ти дадат нов ,само треба пак нови резз да доставуваш
Јас имав 17 фоликули на еден јајник а 15 на друг кога тој ме гледаше на ехо и затоа искоментира со краток протокол.но не би, да одам преку него со својот матичен гинеколог и да пијам таблети.добивав редовно досега но еве 11 дена и немам добиено затоа без негова дозвола не би пиела ништо
Ц,ц,ц мрзла бе. Дај јас ќе ти ги поднесам. Ајде вади тоа плусот таму не туку се минусирај. Минусирање е дозволено само од форумов, да те минусираме од темава и да те плусираме у "труднички муабети" Да мила совршено те разбирам, доаѓа период кога ја губиме силата и вољата трновит е овој наш пат и многу болен ама ќе го поминеме, каква и да е маката нас не чека да ја решиме, "што брже то боље" Во ред, не ти ја знаев историјата па превентивно предложив. Тогаш ќе бидеш супер уште на првиот обид, одмори душа овој месец
Види со матичниот на ехо зашто не си добила. Ми личи дека си имала многу фолекули..види дали е се ок. Оправдан ти е стравот од хиперстимулација
Затоа е краток протокол, за да не те престимулираат. Естрадиол си проверила ? Убаво ти вели Бисерче оди кај матичниот види зошто ти касни.
Ми одговара што ми касни.заради докторот.што покасно добијам имам шанси да го дочекам докторот за инвитрото.ќе истрпам уште неколку дена.а колку ме болат јајниците деновиве Кој знае што се случува. Естрадиол ми е 35 во фоликуларна фаза а ФСХ 5,8.овој сооднос во ред е?
Ок..ама Сега колку ти е. Ако нешто не е ок, тој би бил енормно голем. Ехо не е на одмет да направиш, ако го чекаш докторот. Ако има проблем, ќе го пресретнеш
ЛХ -2,65 ТСХ-1,58 ПРЛ-5,08 Тестостерон 0,48 Овие се од 22 ри септември.во петок ќе закажам ехо кај матичната моја.да ги видеме јајниците.кој знае тие многу јајце клетки дали се полни или празни
Е2 ти е малку низок за фоликуларна фаза ( од 39 до 189 е референтната листа по која ми е мене мерено) а FSH ти е ок.
Јас да се надоврзам на муабетот и јас вчера бев кај неа, истото ја прашав и јас, одговорот беше ист и кај мене ми кажа дека можеби и до хормоните, вика цим примаш терапија со фраксипирин/клексан и аспирин немаш гајле, е сега ќе чекам резултати од испитувањето, само ко ми земаа крв бев јадена, а не прашав дали може или не, малку оваа ме загрижува.
Хехе, супер мила значи ни се поклопуваат советите за тоа дали треба или не да се испита циркулацијата...инаку ако испита димери, хемостаза не е битно и јас бев вчера кај неа и ми земаа крв во 13.30 саат бев јадена ми рекоа не е битно што не си гладна... така да не се секирај ич ❤
благодарам многу малку ме смири иначе цело време си мислев, е дека од матичниот не беше нагласено што треба да се испита ми кажа дека се ке испитаме, па ми кажа дека резултатот ќе може да си го подигнам од мојот град дека не мора да одам за скопје, ептен е срцка докторката.
Здраво феминки,малку се одалечив од форумов оправдано ,бубачкиве ми го организираат времето.Ви посакувам на сите што побрзо да се одалечите малку и глава да не кренете од пелени и шишиња. Сега да им се обратам на оние кои успеале како мене и сеуште имаат замрзнато ембриони.Имено една година по успешен крио трансфер ми се јавуваат од болницата каде имам уште ембриони да ме потсетат дека треба да платам за тековнава година и јас секако им објаснувам зошто ме немало овие 6 месеци да го направам тоа(јас уште културно се правдам),а тие кога слушнаа дека имам близнаци,честитки.....и т н.... Замислете што ми кажаа,ако сум во можност што побрзо да им јавам што планирам да правам со ембрионите,ако мислам да ги задржам да го регулирам тоа,а ако не планирам и со сопругот се договориме да не ги задржиме -НЕ МОРАМ НИ ДА ДОАЃАМ-можам и само да се јавам и да им соопштам дека не ги задржуваме и толку.............??????? Останав во прашалници.....Како тоа така .....кој ќе докаже дека ембрионите се уништени......нели е ова некако несериозно.........Јас уште со цел памет викам да дојдам да регулирам за овие 6 месеци за кои доцнам за плаќање на тековнава година за чување- а таа мми вика „ако не планирате да ги задржите само јавете ни и нема да има потреба да плаќате„Јас секако бев спремна дека ќе треба да платам за цела година или евентуално за онолку месеци до денот до кога ќе решам да не ги чуваат. Има ли некоја од вас која има некакво слично искуство???? Во дилема сум.......не сакам ни да помислам дека валкано се игра...Секако не планирам да ги задржам ама не ми е сеедно .........