Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    259 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    197 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    58 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    35 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    19 глас(а)
    1,1%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    98 глас(а)
    5,8%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    78 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,5%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    106 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    310 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    277 глас(а)
    16,3%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    32 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    47 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,5%
  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.076
    Допаѓања:
    119.151
    Пол:
    Женски
    И јас бев кај неа.прекрасна е Елена.6 епрувети крв ми земаа тогаш.се ми испитаа.среќа резултатите беа добри и стварно ги земав во својот град кај нашиот трансфизиолог.со лесно девојки
     
    На bella.gk и eta им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.638
    Допаѓања:
    174.955
    Пол:
    Женски
    А ако идеш таму и кажеш дека не ги задржуваш ,како мислиш дека ќе бидеш сигурна дека ги уништиле ?
    Не мисли на такви работи . Знам на што ти оди паметот , се мислиш да не ги дадат на друга жена ,да ги продадат . Не е тоа така баш едноставно .
    Ко така сите да сумњаме во болниците ќе треба . Пример : ми кажуваат дека ми извадиле 10 јк , а само три демек се оплодиле. Ќе треба да сумњам дека седумте ми ги "зеле"?!
    Опушти се
     
  3. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Да, да им кажав дека ми е за инвитро. Сега останува да го проверувам сандачето секој ден :e:
     
  4. Ана на мама

    Ана на мама Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    1.821
    Пол:
    Женски
    А да не чекаш во сандаче да си одиш таму ? Поштата зеза многу....
     
  5. Желба

    Желба Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Женски
    За колку време ти стигнаа суплеметите по пошта?

    Јас би те советувала да одиш таму и да си потпишеш документ, мислам дека е Согласност за уништување на биолошки материјал или каков и да е документот, мора да имаат некаква писмена форма или потврда. Во документот треба да е наведено за каков материјал се работи, количина и сл. и колку што знам го потпишуваат двајцата партнери.
    Уништување биолошки материјал со барање по телефон е крајно непрофесионално и во секоја смисла несоодветно од страна на болницата.
    Прво, како може да знаат дека баш ти, мајката на ембрионите се јавуваш по телефон и даваш усмена согласност?
    Второ, само твои ли се ембрионите, таткото не е битен изгледа според нив?
    Трето, каде е потврдено барањето и согласноста за уништување, има ли за тоа документ?
    Како утре они ќе докажат дека ембрионите се уништени по ваше барање, значи можеш комотно да ги тужиш дека ги уништиле без ваша согласност или пак како ти утре ќе докажеш дека по телефон некој ти кажал дека нема гајле ќе ги уништат, ако на пример ти дојде тужба за неплатено одржување на замрзнати ембриони? Како што си потпишала согласност за замрзнување и имаш документ, така треба да имаш и потврда за барањето за уништување.
    И на крај, се работи за човечки ембриони, нема простор за такво ноншалантно понашање од нивна страна, од секаков можен аспект. (се изнервирав)

    А за можноста за манипулации...не размислувај за тоа. Во теорија можни се секакви манипулации, но во пракса одбирам да верувам во етиката и човечноста. Постојат сигурно и законски регулативи, веројатно подлежат на и на надворешна контрола, но според мене најсилен сигурносен механизам е етиката и човечноста и не верувам дека до таму сме отидени. Имај верба :)
     
    На zoriica, pile30, mac82 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Во врска со циркулација, сум пишувала и порано, еве го моето искуство:
    Јас имам хиперагрегација на тромбоцити, но таа не ми е откриена сега пред ИВФ туку на мои 19-20 години. Терапијата тогаш ми беше пентоксифилин и инстенон, но штом ја прекинев терапијата за 10 дена резултатот пак беше ист како и пред терапија, така што само додека ја примав имаше подобрување. Ми се смачи од идење на трансфузиологија (тогаш беше и покомлицирано од сега) и сама решив да прекинам све.
    Полсе 15 год кога почанв со ИВФ постапките, пак исто испитав - состојбата иста како на времето. Само што сега немав никакви симптоми, а тогаш ми се јавуваа отоци на нозете кај глуждовите, и покрај тоа што тогаш бев многу слаба (48 кг)
    Сите ме убедуваа дека тоа не е поврзано со ИВФ и забременување, но јас како и вие не мислам така. Ми викаа дека тоа е поврзано само со кардиовакуларни заболувања, но јас нема никаква болест на срцето.
    Имам МТХФР мутација, но хомоцистеинот ми е во нормала. Мирекоа дека ако тој е покачен тогаш се смета за проблематична ситуацијата, но кај мене не беше.
    Добив препорака да вежбам и вежбав, да научам да дишам правилно, а тоа се учи со вежбање, да јадам медитеранска исхрана, да пијам Омега, вит Д поради дефицит. Тоа беше тоа... траеше некое време... резултато ист. Но јас добро се чувствував и вежбањето посебно ми годеше.
    Неколку месеци пред ИВФ почнав со Аспирин 100 едно на ден, и резултатот ми се врати во нормала. Инаку од Пентоксифилин имам несоници. Во меѓувреме поради проблеми со синуси - отечена носна слузница пиев Серапептазе, кога го почнав процесот за трансфер со замрзнати го прекинав Серапептазето. Инаку додека го пиев, ми го снема целулитот, многу интересно, дури не ми се ни веруваше :)
    Вежбав се до пред траснфер.
    Ете ова е мојата добитна комбинација. :)
    Сакам да кажам дека ако имате сериозно пореметување на циркулација ќе имате некаков симптом, не само ладни раце и нозе...Но како и да е терапијата е таа, (аспирин или пентоксифилин, вит Е, омега) Инаку секогаш во комбинација ме праќале да испитувам и тироидна - за среќа се беше во ред.
    Две недели после трансфер бев на безглутенска исхрана, после пак си се вратив на нормалната, но без шеќер и без сол (освен минимални количини) Шеќер не јадев воопшто се до скоро. Така што слушајте си го докторот, и пријавувате ги сите симптоми што ги имате, нервоза, несоница, отоци... (ако ги имате)
    Со среќа на сите во постапка, вие сте храбри жени борци и сите ќе успееме еден ден :inlove::inlove::inlove:
     
    На bella.gk, Ano, Andonia и 13 други им се допаѓа ова.
  7. EdnoBiserce

    EdnoBiserce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да прашам нешто. Дали има членка што има МТХФР мутација, а е со полицистични јајници?
    Некако, имам впечаток дека скоро сите кои имаме проблем со мутацијата сме со намалени резерви.
    Баш сакам да чујам.
     
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    35.336
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене со хетерозиготна мутација на мтхфр и полицистични јајници. На ИВФ завршив со хиперстимулација. За трансфер пиев само аспирин а клексан тек после 13 недела заради високи д-димери и хиперкоагулација. Сите ми викаа дека мтхфр не е поврзан со забременување и бременост.
    Со среќа.
     
    На EdnoBiserce и Alishan30 им се допаѓа ова.
  9. EdnoBiserce

    EdnoBiserce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е поврзан со забременување, туку поради проблемот со циркулација дека доведува до рано влегување во менопауза или намалена резерва..тоа ми беше некако теоријата. Затоа прашав дали има некој со полицистични јајници (што е нели спротивно на ова со намалени резерви), а да е носител на генот.
     
  10. Lanic

    Lanic Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2016
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    И од тука да се одјавам...
    Девојки мојата бета е 676,7.Ви посакувам на сите успешна приказна,да бидете позитивни и сигурни дека секоја од вас ја чека среќен крај.Ви благодарам за секој совет,за сета подршка од која црпев најмногу сила.Мислам дека секогаш ќе ја надгледувам темава и ќе ве бодрам!Ве гушкам сите!
     

    Прикачени фајлови:

    На Hannah$$$, joan, Capricorn Taurus и 49 други им се допаѓа ова.
  11. Лаура82

    Лаура82 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2018
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Честитки мила....со лесно да ти мине бременоста
     
  12. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.081
    za 2 nedeli

    Daj Boze
     
    Последна измена од модератор: 10 октомври 2018
    На Желба му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DunjoMoja

    DunjoMoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Јухуу, конечно убава вест на странава.

    Честитки од срце, убава бременост и уште поубави бебенца на пролет со ластовичките
     
    На Лаура82 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Cestitki @Lanic od srce. Site da ne stigne tvojata srekja!
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.081
    Абе луѓе,дали е можно после 3 години,никој доктор да ми каже дека со повисок ТСХ не можеш да останеш рабремена.Мене сиве години ми беше до граници на нормала,но 3,7 после 4,5 ,сега 5.5 ......Па на памет не ми паднало дека е високо и е проблем.Висок ми беше пролактинот,па мислев само тоа е проблем....Го намалив ,ама еве за ТСХ не знаев.Имав симптоми верувале или не,ако ми беше на висока граница.Бев уморна многу спиев,омалаксана стално,нон стоп ме факаја настинки вируси....Пиев со години антибиотици,па табети за алергија,па за желудник.Леле катастрофа,само да знаев дека ова било причина за моиве маки...Депресивха состојба,напади на паника понекогаш навечер.....Нон стоп бев болна,и очајна,незнаејки сто да правам......Еве ,верувале или не,5 дена пијам еутироксин и полна сум со енергија и спијам по 7 саати,а спиев по 12 и пак уморна.Многу сум лута на докториве искрено....Години патев,некаде 6 или 7,замислете ми беше лошо....Дај Боже да се среди сега.Пзд
     
    На Лаура82, fana и @nn@ им се допаѓа ова.
  16. Софија 88

    Софија 88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    3.077
    Пол:
    Женски
    Честитки мила имај лесна нога повлечи не сите со тебе...радувај се ова е твој најубав ден, есенва и зимава нека е плодна за сите нас ❤

    лелеееее што збориш е не ми се верува!!! Ако не е тајна кај кој доктор одеше ?
     
    Последна измена од модератор: 10 октомври 2018
    На Ivuska31 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.081
    Најпрвин одев кај матичен гинеколог,ми даде само за пролактин таблети-достинекс,па пробавме со кломид,имав овулација,и секој месец имам,имав жолто тело.Ама немаше имплантација.Отидов Битола кај Таше,не ми спомна за ТСХ,ги гледаше резултатите,ама не ни рече дека треба да е ниско ТСХ,а мене ми беше над 3-до 6 повеке месеци.....Па јајце клетката престана да се дели на втор ден....Немав трансфер.После во НЈу Борн,ама немав проверено од лани хормони....После ваденје на празна јајце клетка,др месец проверив хормони и ми кажа дека ми е висок ТСХ и ме прати во Е Медикал,кај што ми рекоја,пошто ме пратиле за ин витро ке ми даела еутирокс,иначе немало потреба.Дента имав пукнција во НЈу Борн па пак беше празен фоликул....После тоа почнав да пијам еутирокс,значи тоа беше четвртокот,и здравје ке проверам хормони за 2 недели,на 3 ден
     
  18. EdnoBiserce

    EdnoBiserce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    542
    Пол:
    Женски
    Честитки :* лесна бременост и само позитивно до крај!! :)
    Ова е мноогу убава вест за сите што сме тука! Кога ќе имаш време, ако сакаш, накратко пиши ни ја твојата приказна (знам дека сите пишуваме, ама едно нзс да имаме од целата твоја проблематика),чисто како кураж за сите нас кои истото го чекаме!
    Имај убаво моменти, си ги заслужи :*
     
    На Martka, Лаура82, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Cestitki
     
    На Martka и K!k!k0k0s им се допаѓа ова.
  20. K!k!k0k0s

    K!k!k0k0s Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2016
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    Нема врска,јас имам мутации на мтхфр и паи и немав намалени резерви,се беше во нормала.
     
    На Martka и EdnoBiserce им се допаѓа ова.