Devojki edno prasanje za vaucer preku fond potrebno li e insemenaciite da bidat so pauza od eden mesec ili mozat da se pravat edno po drugo.Blagodaram
@Lanic и @srekice Честитки од срце да си имате лесна бременост и за 9 месеци да се гушкатее со бебушко
@Lanic @srekice Мамички уживајте во периодот што ви следи!!Честитки од срце,па да повлечете нога да се подрасчисти групава
Почитувани, дали сеуште треба да се плати партиципација од 6000 денари во здравствена установа, бидејки прочитав дека од 2015 веке е укината и фзо го покрива и овој износ
Јас спермограмите ги имам направено во гак, ама требало да се има и од друга установа, ако правам на хистологија, упат мојот матичен доктор ли треба да ми дава ?
Румунска болница најбрзо се завршува. Однесете материјал во рок од еден саат го оставате и чао. Упатот ќе ви го даде матичниот со дијагноза: спермограм.
Каде е ова румунска болница, да не е букурешт? И нели може таму да се става материалот, бидејки за еден саат од куманово тешко дека ке стигнам, инаку спермограм си направив во куманово ама не ми се допага како ги направиле само подвижност анализирале, боја, волумен и ништо друго па не знам дали така од фзо ќе ги примат,и нешто друго , жена ми пред последна инсеминација си направи хормони ама гинекологот не му напишал ТШ, и кога му реков дека за ин витро ке ни треба и ТШ ни рече дека за таков хормон упат дава Интернист
Да. Букурешт е. Таму најдетални спермограми прават. Немој да одиш преку уролог, сложено е. Таму немаш место за давање материјал. По обиколница рано сабајле за помалку од саат време си. Спермата кога ќе ја дадеш, секако чекаат еден саат да стане течна па да ја анализираат. Не е страшно плус минус 10-15 минути. Само кажете и време на докторката во колку саат сте земале примерок и се ќе биде ок, она одма ќе ја фати да ја работи.
Ана те молам информаци и за хормоните погоре направив опос на ситуацијата, а за спермата стерилен сад за примерокот кај може да најдам, има ли во аптека
TSH испитајте приватно многу побрзо ќе завршите работа (7-800 денари е) во било која лабарораторија наместо да одите преку интернист па со интернистички упат до лабораторија, сложено е. Чашка во аптека побарајте (стерилна чашка за примерок кажете, да не ви е непријатно да кажете за што е).
На хистологија правеше мм пред некој ден, докторката е супер таму. Детален спермограм прават. Нас ни дадоа и дополнителен извештај кој го потпиша докторката и кој го приложивме со документите за инвитро. За тироидониот хормон, мене матичниот гинеколог ми го пишува за испитување заедно со сите други хормони и секогаш и него на државно го вадам. Сите државни лаборатории го прифаќаат упутот од гинекологот и не сум имала проблем
А во хистологија примерокот таѓу се дава или треба од дома да се носи, и дали е како што е во ГАК до 11 часот да се дава примерокот
Таму. Се закажува преку мој термин и матичен доктор. Не знам до колку часот има термини, ама таму се "дава" примерокот