Со анестезија не е болно бидејки ти ке си "дремнеш" 15-тина минути во салата и кога ке се разбудиш, ке ти дадат инфузија и дур лежиш, сестрите ке те тинтраат максимално и ај здраво, ке си одиш домче. И то.
Decapeptyl depo 3,75mg. Ima lI nekoja clenka od Germanija da proveri vo apteka dali ja.ima inekcijava tamu, koja I e cenata I najvazno dali moze da se zeme bez recepta. Vi blagodaram
Ај да ви пишам.бидејќи моите дознаа а криев од нив да не ги нервирам. Стигна ваучерот и пресреќна сум. 15 дена доцни циклусот,на 11 ден испитав бета-негативна беше. Имав болки во стомак и бев на ехо. Голема лутеална циста од 6 см. На десен јајник,на лев јајник исто лутеална циста 4 см и 4 помали фоликули.и мал излив во дагласов простор.терапија-5 дена серапептазе и строго мирување.10 дена ќе бидам на боледување.болки веќе немам.од вчерашното ехо ендометриум 12 мм секреторен,цистите по 1-2 см намалени и изливот го нема. Гинекологот смета дека од кесичките Елова сум ги букнала јајниците и сум имала истовремена овулација на двата јајници.се сомневаат и на бременост но на ехо не се гледа сеуште. Оваа недела сакав да одам за инвитро да се договорам. Искуства дали сте имале со вакви лутеални цисти и инвитро? Дали ќе ми биде одложено инвитрото? Кога ќе добијам и цистите ќе ги снемало. Наравоучение:елова ќесички не ги пијте вие кои имате повеќе фоликули-ептен ги возбудија моите јајници
Елова ќесичките се по состав шеќер и фолна ме зачудува како би можеле да ги возбудат до толку јајниците? Ми се има случено циста. Заминав за да договориме за инсеминација на ехо се виде ми пишаа примолут нор да предизвика циклус 10дена по 2 таблети и добив ја снема цистата со циклусот. Значи со добивање цистите ќе ги снема и не би требало да се одложи инвитрото ако хормоните се добри. Побрзо да се израдуваш. Па затоа даваат хормонални апчиња за да се прдизвика порано циклусот дека цистите го одолговлекуваат.
Девојки каде ја набавувате терапијата, што не ви е под фзо или цела терапија тие што одат на приватно? Дали аптеките се снабдени со овие инекции или треба да се порача пред време? Планирам на приватно во странство, тука ќе бидам до пункција па да знам да си испланирам, за сега тој ми е планот ако се излезе како треба.
Елова - та не се само шеќер и фолна . Содржат "сериозна " количина мио- инозитол . Т.е 4 гр имаат од него во составот
Состојки: Дневна доза (2 ќесички) Мио-инозитол 4 g Мислиш во 2ќесички има 4г,да беше во една тоа е поплава со шеќери наеднаш. Само пак останува непознато како шеќер може да возбуди до толку јајници и да има толку многу цисти со такви димензии,ако знае некој нека објасни ''сериозно''
Се врати да се расправаме ? Нема потреба и на оваа тема . Секој кој го интересира има каде да прочита за мио-инозотол каде и како делува и за што се може да се користи.
Мојата аптека во близина е многу мала и работи на порачки па видов на интернет.Мора рецепт и чинат околу 3 парчиња 611евра.Ама мислам здравството враќа дел од парите.
Незнам како делува и зошто мене така ми делувало.само тоа е плус што примав 10 дена.он пишува дека е за подобрување на јајце клетки.јас згрешив оти на своја рака почнав да ги пијам мислејќи да сум поподготвена за инвитро. И веројатно од нив ми делувало.секој организам е различен.јас природно имам секогаш по многу фоликули и на двата јајници.мислев да ги направам поквалитетни со кесичките а они станаа поголеми. Бета нова немам каде да направам денес и утре.може тест да правам и на сигурно да проверам
Кој се расправа тука? Темава е да споделиме информации,да прашаме,не прашаат ако некој сака да се расправа нека се расправа сам со себе имај убав ден Инаку ако некоја знае нека ми објасни како мио-инозитол има толку штетно дејство за да знам да не пијам и на крај нека се пријави во Агенција за лекови или најблиската аптрка од каде е купен овој додаток дека има штетни ефекти. Затоа служат и стручните кадри во аптека да добијат информации од корисниците на лекови за секој негативен ефект и да пренесат каде е потребно тоа.
Н Никој не кажа дека е штетен.ги подобрува јајце клетките.јас и пишав кај жени кои имаат по 15-17 фоликули месечно.кај мене беше така.не значи дека и кај други ќе биде исто.потпомагаат кај оние со слаба резерва,кај мене ете не помогнаа зошто можеби и јас имам поголема резерва од што е нормално
Ако на мене ми прави штета мио-инозотол ,на тебе може нема . И обратно. Многу лекови кај едни ќе дадат позитивен ефект ,кај други негативен . Се расправаш во смисла ем не знаеш што состав има елова -та , пишав дека содржи и миоинозотол и по втор пат " реплицораш " дека како можел шеќерот и фолнната да дадат таков ефект. Алиша не кажа дека Елова е штетна . Еве мене одлично ми прија ,ама јас сум со слаби резерви . Можеби кај тие со полицистични нема такво дејство . Мислам @Alishan30 е со полицистични ако не се лажам . Чекам крофна
^да,јас сум со полицистични јајници.и овој месец сум имала овулација и од двата јајници.незнам дали е тоа ок? И дали е за радување.болки имам и лежам заради цистиве кои ги имам.издржливи се но сепак мора мирување строго.лутеински цисти значат дека постоело овулација и жолтото тело после овулација знае да се ресорбира или да прерасне во циста.кај мене прераснало во циста.