Тие се суплементи.не е потребна рецепта од гинеколог.може да се пијат и со слаба резерва тие што се.јас сум со јака резерва и ги прекинав.цената е за цело пакетче не за една кесичка
Не се допишав . Никако ,во смисла без да се консултира со Др . Ја знам приватно ,и ја знам историјата ,затоа пишав обавезно консултација
Ќе проверам колку е таму. Го најдов и на српски сајт, околу 900 денари е, 100 гр., Па ваљда брзо е и од таму
Сум земал терапија, последен пат сега кога бев кај уролог ми рече џабе ке ти давам спермотренд сексовит или другу лекарства бидејки не покажале резултати, сега сум на бабини лекови, т.е маслиново масло со смоква и ми се покачи бројот на сперматозоиди, но проблемот е морфолошки имам многу со дефект на опаш и глава, а башка и аглутинација , оба аглутинација ке ми создава срцев напад, ме умори веке, сум направил спермокултура, брис и уриникултура и се е стерилно, не знам што понатаму Овие мотил ги има ли кај нас, те милам кажи ми како се пијат и колку коштат
Царина има кога ќе стигнат? Маж ми има аглутенацијата. Ретко кој збори за ова или се соочува со ова..
Јас мислам да си земаш суплементи бар до процесот на ивф . Штета немаш од нив . Продолжи си и со смоквите , вметни малку повеќе овошје и протеини во исхраната, земај јаткасти овошје по 100 гр наутро . Намали со кофеин и алкохол доколку пиеш . Почни да пешачиш. Долниот веш да не биде тесен , телефонот да не се носи во џеб . И најбитното ,верба во Бога и ќе биде се во ред
^motil се купени од кај нас во аптека.ги има.10 се во пакување шумливи таблети .по 1 дневно се пие растворено во чаша вода.околу 800 ден е пакетчето.за подвижност на мојот маж му помогнаа.оти пливачите послабо се движеа.прашај го урологот дали ти смееш за тебе
Баш заради ова се нервирам со нашите доктори, и се карам секогаш, сите се занимават само со жените, а нас мажите не не фермат, како да е проблемот само кај жените, ние мажите како да не постоиме и како да сме перфектни ние
@EdnoBiserce имаше лимит мислам дека за помалку од 30 евра не се плаќаше царина . Само шипинг ли како и да се вика тоа го плаќаш. Е јас сега преку пријателка направив нарачка на суплементи исто од овде . Околу 60 евра ми излезе нарачката . Дале попуст околу 15 евра , па плативме 45.И превозот /доставата бесплатна. Ќе видиме когае стасаат ќе плаќам ли царина
Стигаат кај тој што ќе биде наведен како примач . Мене пријателка ми ги нарача бидејќи јас не знам да плаќам онлајн , па ја наведе нејзината адреса таму да стигнат ( во Скопје ) за да евентуално ако има царина она да оди да ги земе од царина . Јас не сум од Скопје
Ааа, ок ))) Е, фала те измачи, ама разговорот ќе му поногне и на друг ваљда )) фала ти од се срце! Тогаш од овој сајт ќе порачам
Разгледај . И Ниацин ( б3) имаат со добра цена . Бар ќе знаеш што пиеш . Јас скоро се порачувам од овде . На нашиве овде што продаваат немам многу вера . И коензим ку10 имаат од 100 мг па нагоре . Кај нас само од 30 мг ,а мене ми е тоа малку . Јас по 400 земам . Еве дел од работите кои ги земав
Хахаха супер список! )) Некои жени одат по бутици шопингуваат, ние по аптеки. Ова го Али експрес ти доаѓа за лекови!)))