Нека ви е со среќа и да биде со успех овој пат. Немој однапред да размислуваш што и како,почни и прави како ќе ти кажат др, др се само ќе си дојде,и да дојде до некои такви работи за се има решение, имај доверба во др.што сте го избрале да ве води. И јас се надевав на зарзнати ембриони,па испадна да нема па нервози и на крај не ни требаа, се заврши со ++. Опушти се и со лесно нека ви оди се
Ех штета, во Румунска ние наидовме случајно на пензиониран уролог (беше во посета на докторкава кој ни правеше спермограм) саат време ми објаснуваше за астенозооспермијата и затоа изреагирав на објавата на Мечкичја, тој ни кажа дека ако е 35-40% подвижноста може нешто да се подобри а за 5% нема друго решение освен Isci методата.
Ако добиете повеке ембриони, убаво е да си замрзнете, да си имате за секој случај или за второ детенце. Со срека
Колку што разбрав по разговорот со ембриологот Дна фрегментација е само тест на кои можи да се види процентот на дна фрегментирани сперматозоиди...тоа можи да го имаш како информација меѓутоа не и на тој начин да се одвојат сперматозоиди кои што немаат дна фрегментација..
Дај Боже да не добиеш и да се израдуваш како мене да немаш потреба од ин витро. Инаку не мисли на хиперстимулација таа не се дешава на секого,и ти не си една од тие што ќе имаат,секоја единка е различна за себе.А за замрзнување докторот ти кажал зашто те видел здрава права и знае дека ќе извади многу здрави фоликули *
Да , така е. Тоа е нешто налик на спермограм . Инаку @EdnoBiserce , во Систина е 3.500ден , во Плодност е 4.500. Рзултатите во едната и другата болница веза немаат еден со друг. Мм правеше и на двете места , Ивановски рече како за сосем различни примероци да се работи. Инаку ,како што разбрав јас дна фрегментација не се "лечи ". Може малку да се ублажи со суплементи ,ама да не се очекува драстично подобрување .
Баш убаво што објасни. Значи останува Икси+Пикси метода со која може да се изолираат подобри Да не ширам дезинформации, ама кога јас ја прашав нашата докторката за дали да правиме дна фрагментација, она изречито рече не. Што ќе вие? Колку се, толку се..Икси+ Пикси метода и нема што да броите. Кај нас оваа метода беше успешна од прв пат. Добивме оплодена јајце.к., само плодот не се "фати".
Нема шо дезинформации . Така е како што пиша . Нема што да се направи со фрагментираните сперматозоиди . Но , ова испитување го прљват , оти не кај секој се оди икси+Пикси метода
Јас сепак мислам дека различноста на резултатите не се должи на клиниките туку на самиот спермограм.Кај мажи со слаб спермограм можи драстично да има разлика од еден до друг спермограм..Пример со маж ми..(една недела растојание од еден до друг)Првиот спермограм беше лош.Бас се сеќавам кај 1 от имасе 38% абнормални сперматозоиди..2 от имаше 68% абнормални што е голема разлика.Ембриологот рече.тоа се случува кај мажи со слаб спермограм..Меѓутоа и самиот маж.допринесува за тоа..Првиот пат значи одевме на проверка како што...Вториот пат одевме за замрзнување на сперма..Самата психа на мажот од резултатите од првиот спер.му става страв во правејќи го второто..Друго...Самото одење во таа соба каде шти другите знаат што мажите прават таму е сепак еден вид на стрес..не е сеедно..Така да мислам и психичкото здравје на мажите влијае и на квалитетот на спермата.. Точно така...така ќе добиеш само бројка што дополнително можи да ти создаде стресови и страв
^^ апсолутно се слагам за спермограмот . Но, со дна фрагментацијата не е така . Или се фрагментирани сперматозоидите до некој % или не се . Не може еднаш да имаш 27% фрагментација, а после 4-5 месеци тој % да е намален на 6-7%. Бар така ни објасни и уролог и гинеколог . Обично 1-2% "можело " да има одстапки. 20 % разлика веќе било сериозна бројка . Аман веќе . Да не знае човек на која лабараторија верба да има
Јас мислам дека ние кои се справуваме со овој проблем имаме мн повеќе раб на кои треба да мислиме (да се опуштиме,да бидиме позитивни,да се молиме,да веруваме)а не на тоа да стануваме специјалисти,ембриолози,гинеколози,биолози...Луѓе во медицината правилото е дека нема правила..не секогаш 2+2=4.Затоа не се оптеретерувајте со толку бројки, информации..Не барајте одговор на секое прашање тука на форумот туку прашајте си го докторот гинекологот ..така ќе знаете доволно точни информации а не еден куп различни информации кои ви го поматуваат умот и не ви дава можност да мислите на нешто друго.И не треба верба во лабараторијата да се има.тоа е само машина...Имајте верба пред се во самите себе дека ќе успеете,после во Бога,и секако верувајте му на својот доктор и препуштете му на него да си ја работи работата. Поздрав4е до сите и останете позитивни
За жал , некогаш само вербата во Бога и позитивната мисла не се доволни . Ништо погрешно не правиме со тоа што за се нешто прашуваме ,споделуваме на форумов . Всушност ,тој и за тоа служи . За некоја недоумица која ја имам некогаш ќе прашам и двајца гинеколози ,а ќе добијам дури три различни одговори . Некогаш ќе добијам одговор само со грчење на раменици . А ако немаме верба во лабаратоириите ,тогаш па и да не правиме испитувања веќе . Да оставиме во рацете на Бог Јас за себе мислам дека сум доста позитивна , верувам дека ќе дојде и мојот ден . Но до тој ден ,нема да седам со скрстени раце и да чекам . Ќе се борам . А борбата значи дека меѓу другото ќе читам и овде и на разно разни сајтови ,со цел што побрзо да стигнам до целта .
Изгледа погрешко ме свана...Муабетот ми беше дека секоја од нас е посебна приказна,со посебни карактеристики,гени,машки фактор,наследни болести...Неможеме секогаш да се наслониме на некој друг случај..Сепак и јас сум на овој форум за размена на мислења...меѓутоа кога ќе го затворам форумот не размислувам зошто на некоја од вас докторот ви дал друга терапија различна од мојата ... Сакам да кажам споделувајте читајте меѓутоа сепак верувајте во себе и во дедо Боже и во својит избран доктор...Можеби нашето време сеуште не е дојдено.. Поздрав
Не реков дека не треба да се има вера во лабараториите ,туку дека некогаш резултатот од лаб.зависи од самите ние,како што спомнав преѓеска(барем кога станува збор за спермограм)
Ок , да не се докажуваме Реплицирам на тоа што ќе прочитам . Не можам да знам што мисли другиот . Прочитав - не треба верба во лабараторија да се има .тоа е само машина . Го сватив така како што е напишано