И те како ги читам сите коментари и ги паметам. Точно дека треба да му се верува на избраниот лекар. Ама јас сега секогаш прашувам "Докторе прочитав тоа и тоа, што мислите вие". Докторот е еден ние сме 2-30 пациенти дневно па и повеќе (со телефонските совети) и нормално е некогаш да нема полна концентрација и да не ги знае сите детали за нас и воопшто не е на одмет да се сподели инфо со него и да му се предочи нешто што во моментот не му е на памет. Нашиот спермограм го видоа 4-5 доктори сите велеа супер спермограм 80% здрави сперматозоиди не знам колку милиони на број, да не верував слепо на нив и да истражував сама во тој период ќе видев дека нема подвижност во извештајот и ќе им ја предочев, сега ќе менував пелени или ќе трчав по детето. Ете тоа е моето искуство од " кога ќе го затворам форумов заборавам кој што терапија имате". Затоа сите ве читам со внимание и се трудам сечија приказна слична на мојата да ја запаметам и да ја следам.
Јас од тегла јадам.секој ден и има ефект.свежо само во сок го можам да го пијам-но поретко (ми мириса на земја)
Ти благодарам мила, и јас исто не можам свежо,т.е никако не можам ама кога мора од тегла ми е поубаво.
Добро е и авокадото, и кикиритките. Точно, психичкиот момент кај мажите и те како влијае на резултатот, мм го имаше каснато инсект, имаше голем оток, не спиеше цела ноќ и беше исплашен, утредента даде материјал и резултатот далеку послаб од претходно. Вкупната бројка беше скроз намалена, очигледно од стрес.
Добра сум Емче мила... Тераме 26 та недела. Малку со страв, малку возбуда, неспиење, болки во кичма и нозе...ама се ќе се издржи...овој пат одиме до крај и со бебушка во раце ... Те гушкам
Дали има некоја членка кај која мажот правел операција на варикочела? На мм спермограмот е прилично лош, околу 3 милиони/мл, само 3% прогресивно подвижни и само 3% со правилна морфологија. Со суплементи нема никакво подобрување. Се мислам дали операција би помогнало, иако тоа би одложило се за неколку месеци. Ама ако е сигурно дека нешто ќе се подобри....па и тоа да пробаме.
Муабет на место! На крајот се се сведува дека си збораме во празно, бидејќи сме внимателни заради себе. Ја разбирам и гужвата кај докторите и падот на концентрација и се. Ама се прават пропусти, а за кои не сме виновни ние... времето лета и пак ќе си кажеме ајде ќе дојде и нашето... горе долу сите што сме тука си ги знаеме приказните по овој пат. Ако ме верувате ми доаѓа да изберам доктор анонимус и да успеам оти се уморив од се! А во суштина знаете дека сум мотивирачки настроена секогаш. Се извинувам на долгиот пост ама морав да напишам Онака, знаев. И убаво што направивте на уште едно место. Оти до кај им е отидена етиката...во нашата паника и желба за бебе не цедат максимално финансиски. Оти знам што се случува и баш затоа си отидовме од плодност. Жално мила Инаку денес е убав празник и ЗНАМ дека на сите ќе ни се оствари желбата за здрави и прави бебушки!
Е јас не чекам да дојде моето јас сама си го барам она што ми припаѓа по закон на природата и точка Според мене секој доктор е стручен, нема лоши доктори проблемот е кој ќе се посвети на тебе и со внимание ќе те следи.
Не можам да знам со сигурност каде е точен резултатот . А и не гледам зошто , еве во случајот Плодност ,би лажирал ваков резултат од вакво испитување . Ми нема логика
Во повеќе од 1пат. Ете точно 2пати, ама видовме колку е саатот и го исправивме патот. Ретко пишувам за неубавите работи оти сепак за многу членки баш кај одреден доктор било успешно, ама некогаш е убаво да си се поучиме една со друга
За да добиеш впечаток дека максимално се труди околу тебе? (Само гласно размислувам) Јас таму се осетив како на пазар, ќе ти направам операција, ќе си купиш клетки, ќе си купиш сперма (докторе а да си изрентам брачен пар па ако не поевтино ќе ме кошта)... помрбидна ситуација мислам дека не постоеше. Едно десетче гарант таму ме чекаше. И јас неубавите работи ги "погребувам" ама некогаш мора и темната страна од приказната да се слушне.