Не е лошо што те оставил без терапија. Битно се намалуваат и ако ти доцни, за секој вид циста барем два циклуса треба. Уште некој ден (или една недела) ќе добиеш сигурно. Битно да си ти добро и цистата да не расте
Ај срцка си појасни ми за тоа "за секој вид на циста барем два циклуса треба". Јас во август имав циста и еден циклус од тогаш. Два циклуса за што ?
Па првиот циклус се создаваат - фолекиларните цисти за време овулација кога нема да прсне фолекулот, другите како нејзиниот пример, кога има повеќе "создадено" фоликули со добра големина стигаат до овулација ама заради големината "жолтото ќесе" или прогестеронот создава циста одма после овулација. Со тоа, веќе создадената циста почнува да расте и доаѓаме до линарната фаза од циклусот каде треба да добиеме. Тогаш ендометримот исто расте и кај двете цисти со што, кај првите најчесто има правилен облик, додека кај вторите, Ако имало овилаторен (доминантен) фоликул може да остане во ист облик, а ако сите фолекули биле само доволно големи да го произведат жолтото ќесе, може да му го сменат изгледот на ендометриумот. После лунарниот период од циклус би требало нели да настапи добивање. Заради цистата која расте, само ендометриумот е спремен за добивање, ама прогестеронот од жолтото ќесе, не му дозволува да го заврши "циклусот". Во овој период пак, јајниците продолжуваат со "работа" и се спремаат за нов циклус каде, може но не мора да произведат доволно големи фолекули, но кога ќе дојде период на нова овулација, цистите би требало да пукнат бидејќи фсх за производство на фолекули кое се создава со доаѓање на новиот циклус, го прекинува производството на прогестерон и така до овулација тие пукаат. После, се прави преглед дали пукнале, и ако прекинале да растат, се очекува дури тој месец да се "добие". Ти си добила бидејќи (веројатно) не ти била голема цистата и си имала ендомететријално крварење (и јас добив исто, само беше екстремно мала количина бидејќи фолекулот не дозволил ендометриумот целосно да се "распадне") кај неа е поголема сигурно, бидејќи знам дека имаше повеќе фолекули. Мојата беше скоро 6 см.
Појма немам, јас имам цисти тук и таму ама прскаат сами. Циклусот после цистата ми беше нормален и ендометриумот беше истенчен (излупен). Ама не те сфатив за што треба да поминат два циклуса. За регулирање на овулација ?
Се согласувам во добар дел, добро кажа “анкета”, бидејќи се работи за мал примерок од претставниците на испитуваната група, а генерално земено форумов и не е баш реална слика за рејтингот на одредена клиника, од причина што одредени клиники и д-ри имаат премногу пациенти од странство, кои не се активни овде, а претставуваат можеби и најголемиот дел од нивните пациенти, исто така има и еден куп од Мк, кои не се активни по форуми. Сепак се создава релативно мислење/впечаток. Во ред е и да се пофали, и да се искритикува, ама со УСУЛ, (зашто и многу се преувеличува понекогаш) најмногу заради пациентките кои се во постапка кај даден д-р/клиника. Сепак влијае, колку и да игнорираме. На крај, па и не треба сечиј став/мислење да се зема за апсолутна вистина, убаво напиша Ѕвездички, да се прифати ко “шведска маса” и да се послужиме само со она што ни се свиѓа. Имајте убав ден!
Ех, мене пресметките ми се професионална деформација, статистички пресметано според мене форумов не е баш некој целисходен материјал за статистика (баш од причина што кажа ти дека многу со ивф не се во форумов) но сепак е начелна слика за состојбите на приватните клиники. Ако Њу борн на пример ми рекле "оди испитај естроген преку матичен", од било кој агол земено, генералната политика на клиниката е обзир и емпатија кон пациентите и нормално дека е дел од добар водич за останатите кои сеуште бираат клиника. Јас не се сложувам дека од форумов треба да правиме "шведска маса" и да земаме само тоа што сакаме (ако така правиме јас ќе си ги земам позитивните тестови на среќиче ) некогаш треба да ја прифатиме суровата вистина да се соочиме со неа и да се отвориме кон нови видици (во случајов нови пристапи за лекување). Јас реално гледам на работите и мене ниеден доктор не ми е крив што мојата ситуација е одвратна и секој што се нафатил да ме лечи сум го прогласила за херој
Исто и јас лошо искуство од Ремедика. Името повеке не сакам да им го слушнам. Најпрво Хаџи Лега, не виде неинформирани добро, миом од 1 см, морало да се извади, па и со класичен рез зошто не знам на кој зид Бил, и на сето тоа па и боловање само 15 дена ме следувало, мислиш од негов џеб го дава. Покасно научив дека лапараскопси само Димитров правел, па профитот во негов џеб да не оди. После тоа му рековме канали да провериме, што ке сум давала пари, затоа што кај нив не се прави хсг, да не одам во друга клиника .И виде дека му верувам ми правеше исиминација без проверени канали. Отидов на своја иницијатива да проверам излегоа дека се непроодни. Првото ин витро кај него неуспешно. Второ ај да променам, отидов кај Петановски, сите испитивања во Хемолаб зошто тој само на таа лабараторија и верувал, и се друго за што може да направи во Ремедика. Биопсија на цервикс, хистероскопија со скречинг, итн. И ми најде лесен цервитис и стрептокока во цервикс, ми даде антибиотик и не долечена бактеријата, уште ја имаше на брисовите, ме правеше ин витро со објаснување дека таа не била опасна бактерија можело да се прави трансфер. Завршив со биохемијска бременост. И да не зборувам повеке за Ремедика уште колку утки направила зошто само се нервирам кога ке се сетам. На никој не го препрачувам овие два доктора .
пред некој ден прашав за испитување MTHFR бев кај матичниот ми даде упат за на Институт за имунобиологија и хумана генетика на клиника, отидов таму да испитам ме пратија кај друга докторка на имунологија да ми запише кој мутации точно требало. Јас им кажав дека ми треба само таа една што ја имам ма упатот, но од таму ме убедуваа дека имало и други битни, кога се вратив ми кажуваше за некое HLA што ми го запиша др. само тоа ќе ме кошта 4200 ден CUD 1700ден и AT 700ден. но ако потпишам согласност за донирање на матични клетки ќе бидам ослободена од плаќање за HLA што кошта 4200ден. и дека морало и тоа да го испитам неможело само MTHFR, ме интересира дали некоја од вас била да испитува вакво нешто да ви барат согласност за донатор на матични клетки.
Др. Димитров : " што е ова, види, хаос хормоните, АМН ех ех ништо од ова. Спермограмот катастрофа. Ај седни да те прегледам. Не бе не немаш матка немаш јајници. Немам со што да работам јас" Фала многу докторе пријатно. Fair enough. Тој не се нафати од сам старт да соработуваме. Благодарна сум му што не ми го изгуби времето. Според мене тој е стручен за ивф каде проблем се само лесните проблемчиња и идеопатскиот стерилитет. Јас не сум испитувала тоа не можам да ти помогнам во тој дел. А за согласност за донатор на матични клетки не го сметам за лошо (иако вака лошо изгледа, уценувачко). Јас сум пријавена за секакво донирање освен за тромбоцити (немам вени). Мене тоа ми е најблагородната работа.
Те разбирам... Затоа и пишав дека треба да се споделува, ама со усул заради другите членки... Јас до некаде сметам дека е добро да си правиме шведска маса, ама само доколку можеме, оти реалноста е дека секој пост на некој начин го земаме предвид, допира до нас, зашто ептен сме засегнати од оваа проблематика и не сме баш имуни на различните мислења. Инаку, Систина никогаш не упатува кај да се прават испитувањата, ниту еден д-р не спомнал никогаш такво нешто, ги прифаќаат од кај и да се.
Точно ти кажале. Само што јас платив повеќе од тоа иако потпишав за донатор. И во право се дека не можеш само тоа да испиташ, бидејќи тоа е генерички анализа. Исто, освен MTHFR кое може да се појави, има и други генетски "аномалии" кои се поврзани со MTHFR и општо тромбофилија. Другите пак тестови што ти ги предложиле воглавном се за антитела и ако си ги правела до сега не ги прави
Само кај Димитров не бев, и не можам да коментирам за него, ама според мене ти направил услуга. Концептот на работа во Ремедика е - исцеди го пациентот до крај, се додека не се откаже. И мене на имунологија ми ги направила сите испитивања, само тоа што требаше изгледа не, зошто на тоа што го направија ниеден од докторите не обрна внимание, а од Петановски добив и одговор дека он не знае да ги чита тие резултати. MTHFR прават и на трансфузиологот, можеби е подобро таму да си одиш. Јас утре имам закажано па ке видам што како, дали нешто без потреба се испитувало, и дали уште нешто треба да се испита. Милион испитувања, а терапијата на крај аспирин и клексани.
Nie pravevme pred dve god hla tipizacija so soprugot I da se potpisavme za donori na koskena srz rez go cekavme okolu mesec vreme so toa se ispituva kompatibilnost na krvta megu tebe I soprugot
Бубче, при обично IVFе навистина така, ја оставаат во еден сад јк со одредена количина на од машкиот материјал и потоа ги оставаат природно да се оплодат. Според мене ова е подобро, бидејќи природно најдобриот спрематозоид ќе ја оплоди јк и ќе има подобар ембрион. Но бидејќи ова е поризично, може да се случи да не дојде до оплодување и да пропадне процесот, повеќе се преферира ICSI, се бира еден морфолошки добар сперматозоид и се вбризгнува директно во јклетката. Посебно онаму кај што има помалку јк и полош спермограм, таму обавезно со ICSI, но и скоро во сите случаи како што знам практикуваат, еве конкретно Њуборн, не ризикуваат со класично IVF, за секоја постапка одат со ICSI. Дали меѓу двете испитувања имаше промена во животниот стил, пример промена на исхрана, откажување на цигари или пиење на некакви суплементи? Јас проверувам и во Млин Балкан, односно Идадија поликлиниката, само не работат сабота и недела. Ако не си сигурна кој ден ќе се падне 3 дена од циклус, најдобро е да земеш упат за ГАК. Да и јас и мм потпишавме за донатор на матични клетки и не ослободија од вкупно околу 6 000 денари партиципација за двајцата. Процесот за донација е едноставен, се зема само крв од вена, доколку некогаш дојде до некакво совпаѓање, мада тоа е навистина многу ретко. Плус имаш можност доколку дојде до тоа и пред донација да се откажеш, иако не знам зашто би се откажале, дај Боже да имаме можност некому да спасиме живот со обично вадење на крв од вена. @Cosmi од Iherb по обична пошта ти стигаат за 2 недели? Јас до сега имам нарачувано со доплата за DHL, стигаа за 3,4 дена, но порано беше фиксна таа доплата, беше 7 евра, а сега варира и не ми се исплати, плус ми ја зголемува целокупната цена за царина. Сакам да пробам со обична пошта, те молам пиши до колку ги правеше нарачките, до која цена во долари или евра за да немаш проблем со царина? Мене на два пати преку DHL ми ги задржуваа пратките, а пазев никогаш да не надминуваат 45 евра, но и покрај тоа ми наплаќаа царина и плус лежарина во DHL, полномошно и ни стигаше и до 2200 денари да доплатиме. Те молам сподели искуство за по обична пошта.
Читав многу за стресот кај мажите кога прават спермограм, еве сега јас ке ви ка кажам вистината, јас кога одам да правам спермограм ме фака одма стрес бидејки како прво таму има жени што работат и веднаш ми оди на памет дека тие се знат што правам јас и се срамам, кога влегувам внатре гледам што побрзо да завршам работа а тоа не е добро бидејки ако не си релаксиран не може телото да произведува доволно количество сперма, башка тоа и три дена пред кога знаеш дека треба да одиш веке си под некаков стрес што придонесува телото да не алчи доволно сперма, ова сум го тестирал и дома не сум имал со жена ми 3 дена односи намерно за да видам каква количина ке имам после и се било подруго, дома сум имал многу повеќе од колку на андрологина иако деновите на апстенција биле исти, плис кога си внатре знаеш дека надвор има и други што чекат и гледаш да завршиш работа побрзо за да не почнат да те озборуват другите надвор, и кога ќе излезеш надвор да не почнат да се смеат на твоја сметка бидејки си се задржал многу, и драги дами сето ова влијае кај нас за да немаме довилно материал или ако имаме доволно материал да имаме мртви сперматозоиди бидејки стресот убива човек а не па некој микроскопски пливач
Ова во МАНУ пред 4 години го платив 500 денари.Си одиш со упат негде само крв треба да ти извадат пошто во ману не вадат. Ова стоеше кај мене за испитување а инаку утре ќе одам во ремедика на советување околу ова проблематика кај Павлина Герасимова и ќе пишам што ми кажа.
Кај да ги барам документите во кои пишува што се ни следува со инвитро ваучерот.да си знам колку ехо прегледи?хормони? И инекции ми покриваат? Договорив денес.почнуваме со примолут нор 7 дена.чекам циклус и на 2 ден почнуваме со краток протокол.со господ напред.и денес имав преубав однос од сите вработени и од докторот.насмевната си излегов и позитивна.му верувам на докторот а тоа е доволно.колку и да се плука по него или по други доктори се додека мене ми е добро,не допираат до мене тие коментари. Мојата голгота започна точно од Њу Борн.и сите погрешни дијагнози од нив ми беа.ниту однос ме бендиса на сите, ни ништо.но небитно е сега.уште пред 5 години завршив со нив.