Nl Mozes I od doma da odneses material ako imas vo blizina labortarija no da ne pomine poveke od pola saat od ejakiranjeto do lab
Ти посакувам да успееш овој пат Можеби твојот доктор (болница) е најконтроверзен во оваа проблематика, но исто така докторот си важи за стручен и тука нема збор! Ајде, со лесно и успех! Друго не е воопшто битно <3
Њу Борн од 2014 постои. Како ти пред 5 заврши со нив На сајтот на фзо влези и имаш ливче што ти следи. Било што било, глава горе и полно меше
Извини 22.01.2015 било во Њу Борн.(сега го проверив)не е битно.одамна беше за мене.и таму нека остане Фала ти @Ана на мама за документов Плодност ја одбрав-и покрај лошите коментари.ете јас таму сум задоволна.немора да се согласат другите со мене. Форум е ова и сите споделуваме искуства.јас моето го кажав па што биде нека биде
Најважна е твојата верба во докторот другото е се небитно. Јас бев една од тие што се пожали на Плодност ама на односот (пазарџиски) не на стручноста (не би можела да коментирам за стручност бидејќи само на ехо ме гледаше). Јас искрено ти посакувам од прва две цртки да не' израдуваш тука
Здраво на сите. Имам едно прашање, дали некоја од вас имала проблем со кортизолот и дали тоа ви било означено како проблем за плодноста? Јас имам доста висок кортизол (25% повисок од горна граница, значи 60% повисок од средна вредност) мерен од сабајле. Сега чекам резултати од повторен тест но би сакала да слушнам искуства. Поздрав.
Жена имаше еднашка проблем со кортизол и тоа многу висок , кортизол е хормон на стрес, сигурно си била под стрес кога си направила таков тест, смири се и направи си пак тест ако не се симнуват вредностите право на доктор ендокринолог и да најдеш чара бидејки не е добро да имас висок кортизол, секако дека влијае на плодноста, стресот е лоша работа
@korzoo ако толку ти создава стрес оставањето материјал на лице место, пробај од дома да оставаш во стерилна чашка. Еве погоре исто ти пишаа, но сепак прашај колку време смее да помине од полнење на чашката до доставување на истата и како да се пренесе. Јас сум читала дека треба и да се држи до телото, за да биде приближно до телесна температура додека се пренесува, но ова на интеренет го прочитав, прашај таму кај што ќе оставаш, они најдобро знаат. И обиди се некако да го одвоиш срамот од целава постапка, мисли само на целта поради која се прави се тоа. Не е ништо срамно и никој не размислува на тој начин, тоа е се во нашата глава, смени го ставот и начинот на размислување и ќе се ослободиш од половина од стресот. @Alishan30 со среќа и не се вознемирувај за зборењата за докторот, него му се препишува само мала опседнатост со пари, инаку како доктор и стручњак никој не го оспорува. Сигурна сум дека ќе направи се за да успееш, опушти се и да ни се пофалиш со позитивна бета!
Да, јас сум испитувала све ова што си го пишала. Тоа донатор на матични клетки е всушност обично давање на крв, па они сами си вадат делови од крвта што им се потребни. Тоа ХЛА значи дека ќе влезеш во регистарот на донори од Р.М. но не значи дека мораш да бидеш донор. Секако ако најдат некој што се поклопува со тебе, ќе те прашаат и ако во тој момент не сакаш - никому ништо. Инаку секако доплатата за сите испитувања е мислам дека беше 3-4000ден (без ХЛА)
@Желба Секогаш го бирам Delivery by Local Post ,но и тоа се доплаќа зависно од тежината.Не доплаќај за дхл експрес тогаш екстра наплакаат и овде, и царини и лежарини и чуда по поголеми суми. Правам нарачки до 20$ па ке вратат лојалити кредит,па со тие ке покријам следна нарачка и така.
Некоја од вас да ги пиела овие да споделите искуство ? Јас на интернет прочитав дека е за хормонален баланс, развој на фоликули и цервикална слузница. Кај нас мислам дека се вика ноќниче.
Здраво девојки...Да ве прашам дали покачена температура 37.1 можи да биди добар знак за позитивни резултати...7 ден од трансфер и веќе 3 дена цело време е покачена...Кој има искуство нека пиши...Се скренав
Те чекав да одговориш бидејќи јас спремив нарачка од 70+ долари. Дали да ја делам е паметно или секој производ посебно да го нарачам?
Дели ја нарачката на неколку пати зошто со оваа сума ке те царинат сигурно,и искористи нечиј ревард код за да добиеш и 5 % попуст на сумата, што да не.
Не знам кај си правел ама на ГАК термините се на пола саат размак, човек нема ни пред тебе ни после тебе. За пола саат ќе оставиш материјал сигурно. Сестра има една во друго собче. Ти дава само чашка за метеријалот и толку. Исто ко мокраќа да треба да оставиш. И не мисли на тоа кој се ќе те види и како ќе реагира. И да те види. шо дека, за истата работа е и тој таму. Мисли си на пример дека после оставањето на материјалот ти завршува апстиненцијата па ќе можеш да уживаш со жена ти на раат, мисли со неа шо ќе правеш а не во ходник кој е.
Не си ме сфатила што сум сакал да кажам, пишував причина за лош спермограм, причина поради која многу мажи се под стрес