Знаеме, мило, сите си имаме по еден примерок дома и знаеме дека често имаме повеке м.... од вас и постојано мора да ги земама работите во свои раце според онаа стара добра "Абе, сине, ако јас чекав од татко ти ни ти немаше да се родиш"
Ама и ние не сме криви, еве мене што ми се случи кај матичниот гинеколог кога бев со жена ми, јас по природа сум лубопитен фала богу сакам да читам и да бидам информирам, бевме кај гинекологот и почнав да го прашам за многу работи и две сестри што беа таму ме гледат како од друга планета да сум и почна да се шушкат и смеат демек види машко што прашува, и заради вакви работи ние мажите сме повлечени
Најважно е како ти се чувствуваш и вербата во успех. Од срце ти посакувам 2 црти. И по 40 пати имам звонето. Биди упорна Само да знаеш митко е отсутен периодов
Во контекст на муабетов од погоре.седиме пред некој ден и и објаснувам на мајка ми за цистите и маж ми ме прекина.се што слушал на прегледите почна стручно да и објаснува.што е жолто тело и објаснуваше на мајка ми колку требало ендометриум да биде дебел.јас останав ваква досега се' правеше дека ништо не разбира.а уствари он се разбирал. Позитивно ме изненади
@korzoo да те утешам со маж ми. Се жали секоја вечер од таблетите што ги пие(Ортомол Фертил плус),4ри се во ќесичка,па тешко ги голтал Мене супер ми е да се шприцам во стомак,уживанции Инаку да се надоврзам за спермограмот,цел ден ве читам. Многу нормално е да не е иста количината испуштена за време на однос и онаа дадена за проба/тестирање.Арно ама,квалитетот не се менувал,специјалистот мој ме разубеди и дури ми рече ако сакам после однос да одам директно да ми земе примерок од таа сперма,дека дијагнозата ќе е таа. И ние се бориме со астено,вкупна подвижност не е страшна 38% ама прогресивните(оплодувачите) се само 9/10%. После првиот(крш) спермограм,м.м примаше терапија Пентоксицилин(јаки таблети за циркулација) ама препишани од уролог,и Фертиловит витамини за мажи.После 2 месеца,имаше значително подобрување во вредностите,особено волуменот беше х7 пати подобар.Некако сум на мисла дека е најлесно да се поправи бројката,додека подвижноста тешко. @Alishan30 од ти посакувам прво па “машко”
Имам одено преку 200 пати за Скопје и како студентка и како пациентка и никогаш сум немала тмурни погледи од Скопјани! Уствари незнма како се познава на улица човек дали е од СКопје или од друг град? Или мислиш дека си центар пажња па сите во тебе гледаат Друга работа. Незнам дали Вас ви стои лесно и смешно да правиш хсг и да ти вбризгуваат течност во јајцеводите, да ти прават лапароскопија бушејќи ти во стомак за отнување на канали, да ти прават хистероскопија со антестезии да те успијат а ти пред успивањето да си правиш филмови дали ќе се разбудиш жива и здрава, да ти прават пункција односно со голема игла да ти буцаат преку матката во јајниците и да ти вадат јајце клетки, да се боцкаш некогаш и по 3 пати во денот во стомак сама и да се клукаш со една рака лекови...Некои од членките тука овие работи набројани ги прават без анестезија. Читај БЕЗ АНЕСТЕЗИЈА. Сонди,стискање по стомак да се видат фолекули или скриените јајници, трансфери, еха , менструални болки веќе ми се водичка, тешки само тие да беа... И не, не можам да ве разберам Вас мажите како едно дркање ви е тешко, божем и ние не патуваме и не стануваме во 4, не бараме паркинзи или не мењаваме 3 автобуси за да стасаме до болница. И не можам да разберам Вас дека ви е исто тешко како нас!
Едно нешто не мие јасно, пред 3 години кога почнавме со жена и да правиме контроли во брисеви имаше хламидија, ешериа, микоплазма и уреаплазма , и сите се излечија со по една терапија , дури лекови што примаше за хламидија примав и јас по мое инсистирање до докторот, после тоа имаме направено и некој 4-5 брис сите беа уредни како што е уреден и пап тест кој досега е направен два пати, арно ама пред 2 недели направивме пак брисеви последни за да однесеме документи за ин витро, и сега на брисевите пак кај жена ми се појави уреаплазма и докторот и даде да пие вибрамицин 7 дена па сега ке одиме овие денови пак на контрола, како е можно ова 3 години без инфекција а еве сега пак, да напоменам ако имав јас уреаплазма нели требаше и во брисевите што сме ги направиле порано да се покажеше уреаплазма
Чекај малце!! Докторот на твое инсистирање ти дал и тебе да пиеш антибиотик.Сменете го докторот бидејќи секоја инфекција и бактерија треба да биде третирана исто кај двата партнера истовремено.Џабе едниот се лекува кога при прв сексуален незаштитен однос и ја враќаш пак и само во круг ќе се врти работата.Мене ми беше матичен Боро Парталовски,сите знаат колку е он опседнат со инфекции и нивно лекување,он ми кажувал секогаш двајца партнери се лекуваат истовремено и двајцата по два бриса негативни еден по друг треба да имаат,и додека трае терапијата само со заштита односи.
Ете баш така. Квалитетот на спермата може да се подобри додека подвижноста не. Кај мм се 80% здрави сперматозоиди, не знам колку милиони на број а само 5% од нив се подвижни. Знае незначително да изварираат густината и здравите сперматозоиди ама подвижноста секаде и секогаш е 5% (испитано од 4 различни клиники приватно и државно). Зошто е тоа така како што ми објасни еден уролог во пензија. Квалитетот на сперматозоидите го прави начинот на живот а повижноста е медицински проблем кој бара зафат.
Девојчиња , да ве замолам нешто . Ај која е послободна и има време ако може на нет да ми го најде образецот од фонд кој треба да се носи кај матичната за да го завери. И да ми пише ЛП да и кажам на кој е-маил да ми го прати . Не сум во можност да седнам на компјутер ,а ќе треба денес да поднесам ,матичната ќе ми оди на одмор , па да не чекам две недели пак . Унапред ви благодарам Да се редактирам Завршено . Благодарам многу @nn@ f:
Добар или лош, море било каков нема!! Вчера баравме на мој термин уролог со мм, во Скопје Нема Слободен Термин до МАРТ 2019-та!
Јас сум една од тие што мака мачев со уреоплазма. Во врска со начинот на лечење сум пишувала повеќе пати, има неколку начини. ЈАс сум ја лечела со сумамед. Тој се пие на 2 начини: 1. две таблети одеднаш, па за 24 часа уште една таблета, 7 дена пауза , па истата постапка. Контрола по најмалку еден месец, инаку ако се прави порано може брисот да е негативен, бидејќи во голема мера е „истепана“ бактеријата 2. две таблети, на пример во три последователни понеделници ( или било кој ден од неделата) Значи и во двата случаи се пијат по вкупно 6 таблети. И контрола, не пред да помине еден месец од последното апче. Понекогаш ми давале и Полигинакс вагиналети истовремено со антибиотициве. Е сега разни докртори- разни совети. Ова е моето искуство за успешно лечење. А за мажот треба да се направи брис - и да се нагласи дека е за уреоплазма (инаку стандарно не ја испитуваат за мажи во повеќето лаборатории) Исто и за Спермокултура треба да се нагласи дека е за уреоплазма. Ова е нашето искуство низ годиниве, додека ја бркавме бактеријата. Инаку ММ никогаш ја немал, само јас. Ете не и се живее кај него, ме сака само мене Ако бактеријата е во помала количина може да се лечи и со вибрамицини, за нив не знам точно како е протоколот... Инаку би требало да се пие и пробиотик додека се пијат антибиотициве, бидејќи скоро секогаш после тоа се јавува кандида. друг совет е да се испере цела долна облека, пешкири и постелнина на вриење. Еден пешкир за туширање да се користи само еднаш. Советив е се можеби смешни, ама ете - помагаат. И тоалетна хартија да не се користи рециклирана, туку бела 100% целулоза, без мириси и други доадтоци.