Ооооо, одлично! Е, па нека е со среќа и лесно! Успешно, секако и Господ нека ве награди со две оддеднаш!
Девојчиња, била ли некоја во скоро време да испитува кариотип. Дали може да земам упати од матичен лекар и ако знае некој колку чини?
Моево не е од скоро,лани да речеме ова време нека беше...750 денари на ГАК по лице,за мене матичниот гинеколог ми креираше упат,за сопругот општ матичен лекар. Резултати за месец дена од прилика. Со лесно
Јас комплетирав се, арно ама случајно во упатствата од фондот забележав дека ТСХ се бара на трет ден. Јас другите вообичаено што се испитуваат на трет ден ги имам, само тсх не. На 13 ден сум го испитувала ама на трет не. Матичната ми даде упат само за тсх. После 12 треба да гземам резултатот. Ќе заминам порано од работа и со мм правец во фондот. Или евентуално утре. А што би било ако не ми е во ред вредноста на тсх? Сите хормони ми се супер, еве ако има отстапувања ќе треба да го средам па после да поднесувам докумети или што...?
На образецот за хормоните што го пополнуваат во лабораторијата, пишува датум на последна менструација. Од таму се забележува дека не е на трет ден. А и тој резултат плус ми е застарен мислам.
@EdnoBiserce тоа е всушност резултатот. Листот со резултати. Кај нас рачно ги пишуваат. Горе има податоци за име и презиме на пациентот, датум и датум на последна менструација. Понатаму надолу во колона ги има хормоните и референтните вредности. Има и празно квадратче пред референтните вредности за да се впише рачно резултатот. Кај нас во лабораторија така ги даваат. И обавезно те прашуваат кој ден од цилкус ти е. 3 или 13... си стои важно таму.
Ме прашуваат да, ама нигде не ми бележат на самиот резултат..плус компјутерски ми се вредностите, не рачно. Ок, веројатно во различни лабараторија правиме
Ах ќе се караме за овој песимизам, од старт негативно да се мислело Прво зошто да е високо ? Второ и да е ќе земаш терапија (не ми текнуваат сега апчињата) и ќе го ставиш организмот во во кетоза (исфрлање на бело брашно, пецива, секаков вид на шеќери). Ајде малку позитивно се ќе биде супер ќе видиш
Женски денес ми е 3ти ден од пункција,ама долниот дел од стомакот кога ке се исправам ме боли,а имам и тапа болка во желудникот.Сабајле кога станав ми се слоши наеднаш и ми се сврте.Дали некоја од вас имала вакво искисвто?
Ох драга.... јас се направив човек од едвај 50 килограми бидејќи сум на безглутенска исхрана повеќе од три месеци заради антителото. Ти благодарам за поддршката, ама дека веќе премногу разочатувања сме поминале и затоа прво она лошото го мислиш и што би било кога би било....