Знаеш дека тука сите те разбираме на кои маки си дури и без да кажеш. Прв чекор за успех е вербата. Зошто да не успее кај тебе ? Што си ти/ние исклучок или поразлични од трудниците. Нема никаква разлика меѓу нас (нијанси се во прашање) само не ни е дојдено времето, тоа е се. Така да намести се во ред за бебе и свиркај Со моите невидливи фоликули ако мислев како тебе ќе требаше да се убијам. Ама јас си застанав во редот за бебиња и стрпливо си чекам
Честитки.....ова не е прв пат да слушнам ваква приказна....интересно..........СРЕЌНА СУМ ЗА ТЕБЕ МИЛА.
И јас имав неколку дена после пункција болки. Ми рекоа дека е нормално зашто кај мене извадија 17 јајце клетки, а со тоа 17 пати ме боцкале. Напиј се нешто против болка. Не се сеќавам дали пиев спазмакс или кетонал
Здраво бела, ќе може ли да ми кажеш за кои антитела примени ваква исхрана, јас имам високи антитела кога ја испитував тироидната а на ана испитувањата немам антитела?
Земи си одделно : Л карнитин ,Л Аргинин , коензим ку10 ,,вит Е, селен ,цинк и фолна . Тоа е профертил . Вака одделно ем ќе ти излезе на пола цена ем ќе се внесува скоро дупла доза .
@bela.m убаво ти вика @Ана на мама ,мора да имаш верба.Еве јас сум ти пример и многу други членки како мене.Мора да си имаш верба и цел кон која се стремиш,со песимизам ништо . @Queen8 јас ги пијев профертил и сопругот исто и сега сум бремена,незнам дали влијаеле или е само случајност.
А, фруктозата и лимунската киселина што ги има во машкиот профертилот, како да се најде за да зима и тоа?
Како ги дозиравте, за мм по две капсули наеднаш на ден, или? И ти како ги пиеше, двете заедно или посебно?
Витамин Ц има плус во составот. А, фруктозата колку што читав, е ептен битна како состав во спермата.., пробав да најдам производ што е баш фруктоза (не оваа ко за сокови, нели) некоја по медицинска, ама не најдов. Затоа прашав да не има некои такви производи плус во продажба.
Да умешкам прсти може ? И двете сте во право. @Queen8 зависно за што ви е препорачан Профертиолот. Ако е за квалитет на сперматозоиди треба Профертил а ако ви е за подобрување на ејакулатот превентивно тогаш убаво вели Бубе посебно е поисплатливо.
@EdnoBiserce ги пиев 35 дена ,една кутија со 28 и една лента со 7 . @EdnoBiserce мм пиеше 1 на ден бидејќи имавме нормозоспермија 350 милиони но со само 6 посто правилни сперматозоиди. Јас пиев исто еднаш на ден двете таблети наеднаш.Во јуни месец ги почнав
Јас ги ги порачав како посебно, како што вика @Bubce38 само ми фали фруктозата..нигде не можам да ја издвојам како продукт кој засебно се продава. Затоа прашав дали има некој идеја како да ја бараме.
Неее бе, мене уште тој ми фали. Јас вака или онака на мм ќе му ги дадам да ги пие одвоено.профертилот е изгор скап за цел третман. Барав фруктоза вчера и денес, не наоѓам..
Тешко нас научени сме да пазариме само во аптека. @EdnoBiserce еве ти фруктоза (за квалитетот не гарантирам) додека во другите земји ја има во таблетки кај нас на кило оди