Провери колку процентна е, овие имаат и стевиа ама нема ни 20% стевиа во неа. Ако не те мрзи шетни до Биокулт или било која продавница за здрава храна, гарант има. Барај само со голем процент над 80% е препорачана за нас. Ако му кажам на мм дека треба да појача на внес на шеќери ќе накупи Милка за три месеци
Сопругот ги пие сеуште, по две на ден, ние ги порачавме по пријател од Германија, поефтини излегуваат, 180 таблети, има за 3 месеци, а се околу 130 евра. Резултатите ќе ги видиме откако ќе ги испие. @EdnoBiserce ако имате некој од европскиве земји да ви пушти, околу 130 евра се секаде а има 180 таблети. Тука се далеку поскапи.
Јас и мм ги пиеме Профертил и плус јас Овунорм прв месец ние ова па Дај Боже да има некој успех од нив . Инаку завчера проверив во Синлаб Инсулин мие во ред , Витамин Д мие малку ниско 19.36 мие, кај Ивановски сме тек дури почетокот на Ноември .Што примате за витаминот?
А ти од Македонија ги нарачуваш или од друга земја? Ме интересира искуство за нашава пошта тука, кај нас ти стигаат? Девојки, дали некоја има ниско Т3? Мене ми е постојано под долна граница, мислам кога и да проверам под граница е, последново е 60, а нормални реф. вредности се 82.0-179. Лани и на интернист бев, но ми рече дека тоа не било битно, битно ТСХ и Т4 ми биле во нормала, но мене некако не ми е баш верно. Осеќам голем умор, некогаш навистина преголем од мали активности и ми рече дека заморот ми бил од годините?! Дали има некоја исто вака Т3 под граница, да пише што и кажале?
Кај точно се наоѓа институт за хистологија , блиску која друга клиника, бидејки сакам утре да направам спермограм а требало рано сабајле најкасно до 8-30 и док стигнам од куманово па да не лутам да не ми истече термин, и за колку дена се готови резултатите
Jas pijam na poljski lek vit d od 2000 ie no ti pred da pocnes da pies treba da se sovetuvas so Dr za dozata mene dozata mi ja odreduva endokrinologot
Овунормот и Профертилот мене ми излегуваше многу скапо па ги разложив на секој посебно (фолна, Q10, селен, E, Омега 3/6/9, мака, зелен чај, Л карнитин и Л аргинин, Цинк .... и уште нешто ако сум заборавила дополнете ме). Иако искрено не ми е јасно зошто двете ти ги препишале кога во поголем дел се поклопуваат во составот. За витаминот D имаш таблети во аптека или капки D3)
Да, за подобрување на квалитет. Дијагнозата е Астенозооспермија, понекогаш и Дали наеднаш ги пие двете капсули или одделно?
мислите ли дека втора бледа линија претставува многу ниска бета? треба да правам тест во петок преку крв а денес два домашни теста со бледа втора линија ми излегоа, па незнам дали ќе биде се како што треба, да не се радувам пред време поздрав до сите, ве читам цело време!!
Супер, фала ти, ќе си нарачам и јас преку обична пошта, чим стигаат за 2 недели. @Emma2 црта си е црта, бледа или појака Ниска е бетата дека е рано, ако го повториш тестот за два дена ќе биде појака цртата, но ионака за два дена ќе направиш тест преку крв, ќе ти покаже колку ти е точно бетата. Честитки!
Од долниот влез кај Рамстор што е, идеш се право и кога ќе стигнеш до парчето, вртиш лево накај Инфективна клиника. Пред клиниката од лева страна, една црвена барака. Нема да утнеш
Ви благодарам на сите, дај Боже да е така! Иначе, прво ин витро. Доколку сакате нешто да ме прашате околу било што, слободно,тука сум! Ви посакувам на сите да ви се врати што побрзо!!!!
Е сега читам за ова бледа црта, пред 2 години така нешто жена ми имаше бледа линија, и ни рекоа сезнајки дека не можело да е бремена бидејки можело да е реакција на некој хормон, ама ништо од тоа иако се надевав јас и чекав, дали значи оба дека жена ми била бремена ама не можела да тера до крај