Кај мене не беше спонтан ниту бременост-индикатор. Се испитано само уште тоа остана и гинекологот ми посочи да испитам
@Bubce38 Посакав сега последниот пат во Мк коа бев,ми рекоа ај не се глупирај тоа во бременост се испитува Ај тука ке испитам,интесно ми е по доктори да си одам @Emma2 честитки,со двечки во раце за 9 месеци
Ако не си испитала генетски мутации и имунолошки испитувања направи ги. Слушајќи го мојот доктор за инвитро не ги направив, бидејќи не требало, зашто терапијата била таа. Така тапкајки во место имав 3 неуспешни трансфери. Сега на своја иницијатива отидов да ги испитам. И знаеш што ми рече докторот имунолог: зашто си чекала до сега, очигледно е дека има некој проблем што не доаѓа до имплатација. Може да е минорен и да се реши. Му го реков тоа што ми го кажа мојот доктор. Ми вика овие докториве за инвитро полесно им е да ве трујат со хормони и да ви ги земаат парите, отколку да го најдат проблемот.
Истото го помислив и јас да земам одделно но свекор ми доктор ме искара,као демек што ќе рече желудникот со толку многу апчиња иако се витамини , толку пари се давало па сега за ова и ајде го послушав а за скапо е скапо затоа што двајцата пиеме 8000 за двете паковања. за витаминот незнам дали да почекам за кај Ивановски или да си земам нешто сама рефрерентната вредност е 20-30 кај мене е 19.36
Е во право бил свекор ти, колку и да се витамини самата облога најчесто целулоза е штетна за дигестивниот систем. Јас повремено пијам Дуо биотик (пре и про биотик) да ја обновам флората. Јас на твое место би земала D витамин сепак ти фали, а за него нема палета апчиња, тоа е тоа. Но сепак одлуката е твоја.
@Andonia јас го пиев овој Ивановски ми рече 2×1 .Во зегин го има и ефтин е .Аптекарката ми кажа неможе да штети организмот апсорбира колку му треба
@Ана на мама не е којзнае колку низок ама сепак фали треба да попијам некое витаминче сепак е витамин нема да штети ако земам на своја рака. @srekice па штом Ивановски ти ги дадил сигурно се добри пола месец имам додека да одам а како што рече тој да не го малтертираме може па и нема да одиме ако Дај Боже не добијам
@Andonia мене ми е последно 20 витамин Д. А референтни вредности се 25-110. Мојот ендокринолог ми препиша вигантол капки по 5 секој ден да примам. Консултирај се со ендоктинолог или гинеколог. Не земајте на своја рака-макар и витамини да се. Кога ве читам повеќето дека минимум 10 суплементи сте примале и тоа разделени зошто поефтино така излевалоалал ви вера. Што ќе каже желудник?никогаш не би пиела толку-макар и витамини да се.бабите каши коензими и омега пиеле?
Јас ова го пијам на своја рака, т.е еднаш порано една докторка ми го препорача кога одев на испитувања, ама шприцнував само кога ќе ми текнеше, после купив уште едно и редовно го користам навечер пред спиење. @EdnoBiserce што мислиш ти, си го користела до сега?
Нее. Вигантол, овие погоре што беа и бидејќи користам Кардиовитамин (и во него има д3) не сум земала други. Генерално вигантолот е и ефтин и успешен и достапен, па не сум пробала со други. Баш пробај, па кажи ни
Честиткии мила, лесна и успешна бременост до крај, со бебушки во раце! Колку убаво е чувството, кога ќе се прочита ваква убава вест!
Девојки... се двоумам меѓу Ивановски систина или њу борн ? Што велите каде да се оди за инф со м.фактор??
го користам еве веќе подолго време, незнам дали сега треба да продолжам или да го прекинам. По мене, витамин е, не би требало да штети Докторка која доста ми ја фалеа,ми го препиша уште пред година дена...а второво кутиче на своја рака си го земав, плус и со други витамини се клукам .. тоа е ќе почнеш еднаш и се навлекуваш фала срце, со убавини да се враќа!! Дај Боже, да се изнаслушаме вакви убави вести секој ден !!
Ама неби требало да штети.Еве јас ги пијам Pregnazone complete од Health Aid и во нив има и витамин Е и се и сешто друго од витамини.Мене се од оваа фирма ми е одлично.Ги пијам по препорака на кумашинката која живее во Англија и кај нив се доста ценети овие производи