Ne e ubavo vit d I da se ima visok jas pred ivf taka si dodadov od sebe plus nez kolku kapki vit d I koga go iskontrolirav bese nad normala I Dr me iskaraa visokot bil steten za bubrezite
Не е само за заштеда работата . Конкретно, во профертил има само 7,5 мг коензим . Жива смешка . Сите знаеме дека од овој антиоксиданс е "пожелно " бар 200 мг да се внесува . Вит Е има 35 мг , исто смешки . П.с Бабите наши раѓале на 20 год , некои и порано . Барем ти немој со тоа - што им фалеше на нашите баби
@Bubce38 баш заради тоа-ништо не им фалеше на нашите баби. Мојата констатација не беше лично кон тебе-беше само мое мислење. И да-нема да пијам и да се замарам со микро или милиграми,баш заради тоа што е непотребно. Помагаат суплементите-но ако се препишани од лекар или барем одобрени.никогаш на своја рака не би земала нешто.ете Елова ги земав и згрешив.веќе никогаш. Поисплатливо -не гледам така на работите.гледам да успее и ако ми дадат да пијам,ќе пијам.ако не,нема потреба. За мене си кажувам.а вие посочувате што да пијат некои членки. Јесте да сте многу запознаени со оваа проблематика но не сте доктори за да одредувате дози и да кажувате кој што би пиел. Извини вака,ме цитираше и затоа тебе те спомнав-се однесува на сите. Моја констатација е ова.може слободно да не ја прифатите
Ама јас не измислив топла вода . Конкретно Таше последно ми кажа , коензим Ку 10 и витамин Е обавезно по 400 мг . Ивановски исто инсистира на внесување на повеќе антиоксиданси и минерали . Јас споделувам што ми кажале докторите и како ги доведов хормоните во ред . Јас стојам на тоа дека поединечно земање на суплементи ,наспроти проксид и профертил е далеку подобро . И од доктор потврдено . Ако некого го занима од кој Др може и во ЛП . Мислам дека горе долу на сите ни е јасно на кој принцип се работи во фармацевтската индустрија . Да не се правиме де на три ипол ај, пошто далеку е тоа од правење доктори . Исто и ова нека стои како мое мислење ,еве не тагнувам никој , да не се осетиме прозвани . Баба ми патлиџанот што го јадеше , денеска во двор не можам таков да одгледам ,камо ли на пазар да купам . Да не редам како беше во на МОЈТА баба времето
Лошо е кога не се прифаќа туѓо мислење и се правеме паметни плус на тоа мислење. Неможеме сите да размислуваме исто јбг ама неможеме ни само да климаме со глава дека некој е во право секој со својата култура и воспитување.дискутираме овде,немора се здраво за готово да сваќате-полека
Јас му предложив на мм да купам се’ одделно што содржи Профертил за мажи, он не сакаше да слушне да пиел толку многу апчиња на ден, се плаши за желудникот, а јас не се штедам, како ќе ми препорача д-р така пијам и ми се собираат еден куп, ама обавезно прво се консултирам со д-р, и во случај да земам некој суплемент плус самоиницијативно.
Се осетив дека сум некултурна , па културно е да се извинам што не се сложив со твоето мислење . Нема паметни --непаметни . Секој сам ќе одбере кој доктор ќе го послуша и на кој ќе му верува . Пошто ,колку за информација ,нели сите знаеме колку различни ставови имаат докторите околу терапиите ,конкретно за нашиот проблем ,стерилитетот . И баш јас не се чудам оти некој друг се одлучил да не зема суплементите, се чудам зошто некој не прифаќа ако другиот решил да зема . И на мм тешко му одеше на почеток пиење по 20 -30 Таб дневно ,ама лека полека се навикна Пробиотик обавезно си зема периодично , и пупу нема мака со желудникот
^јас не реков дека не прифаќам другите да земаат.реков да се консултираат пред да земаат. Изгледа не се разбравме,ама небитно. Да не одиме офтопик повеќе со дискусијава
Добро секој си е посебна единка и сам си одговара за своите постапки.Јас сметам дека витамините не се штетни доколку се внесуваат во граници на нормалата.Како што советува докторот така,некогаш ке заборават да спомнат нешто па една на друга рекла казала ќе го препрашаме и ќе си каже мислење.Но сепак се што е витамин и не влијае на хормони бидејќи со нив не се игра јас би пробала,и сум пробала бидејќи единствена зацртана цел ми била бебе.
Никогаш не сум дала НАРЕДБА некој да зема така од узур. А не сум ни прочитала па ни друга членка да дава наредби . И јас пијам по препорака од Др . На своја рака само можеби нешто земам одделно и во поголема количина . Сум прашала и Др за тоа - одговорот е терај , зијан од антиоксиданси немаш . Не правиме муабет овде за Верапамил ,урбазон ,декортин и за други хронични терапии . Добро, тебе Таше дури ни Овунорм не ти даде сега за пред инвитрото ?
Не,не ми даде.прашав дали треба нешто да примам освен бромергонот и вигантолот-ми кажа не треба.и не примам
Е следниот пат ако го прашаш - докторе нели треба да земам нешто да пијам ,Овунорм или нешто слично , одговорот негов ќе биде - еееее не пиеш ништо од суплементи ?! Земи си,земи обавезно ,убаво е пред постапка два- три месеца да попиеш ,да се очисти и ојача организмот . Јас мислам знаеш ти ,дека е добро да се земаат чистачи ,те така ќе ти каже Знам не сакаш да слушаш за евентуалната неажурност на нашиве специјалисти ,ама биди си спремна . Ова ти го кажувам најдобронамерно ,па ти како сакаш свати . Макар и по втор пат да ми кажеш дека изигравам доктор .
Ама ајде не се карајте сега вака, не е убаво, немојте да ме нервирате Иначе, пред малку зборував со гинеколог, и кога му изнабројав што све бутам од витамини, ме искара ми рече дека сум претерала...ќе сум напраела хипервитаминоза .. доволно било само Фемибион, Ц и омега... и за спирулината ми рече дека немало потреба...е ај сеа.. ..а јас плус и мулти пиев, Q enzim 10, D3 , мака... да да мака...по навика и мака бутам
Ама витамини и антиоксиданси не се исто .Нормално дека за одредени витамини си има одредени дози и не секогаш се добредојдени .
извинете што уште си пишувам кај вас, се надевам нема да ме избркате во труднички муабети одма, вие сте ми поблиски hug:
Седи тука , кој смее да те избрка . А како трудница навистина да внимаваш што внесуваш . Убаво ти кажал Фемибион ,вит Ц , омега и евентуален магнезиум ти се доволни . Не се караме , стилот на пишување ни е таков