Е сега јас ке ти објаснам за мерформин или сиофор, овој лек на жена ми му го среди сите хормони, и жена ми веке од кога почна да го пие овој лек по препорака на ендокринолог веке 3 години нема никаков проблем со хормони ниту со скриен шекер ниту со инсулин, а има редовен циклус, ендокринолог на жена ми и рече да не престане со овој лек и ако забремени бидејки никаква штета нема врз бебето, жена ми овој лек го пие 3 пати на ден, ти препорачувам да Земеш упат за ендокринологија и тоа кај докторка саша јовановска, не се плаши од докторката бидејки е малце таква што станува сабајле на лева страна ама е ептен стручна
Додека пиеш примолут нема да добиеш. После последната таблета во рок од 3-5 дена ќе добиеш. Јас на трети ден добивав точно од нив. Нема некои посебно негативни ефекти.
Ај објаснете убаво што прави скриениот шеќер ако не го откриеш, односно кои симтоми ги дава, а што подобрува откога ќе почнеш со терапија. Од искуство сакам да чујам. На кои хормони влијае, што се подобрува па терапијата...
И мене ми се средија хормоните од кога го почнав . Плус нели почнав и со екстра дози суплементи . Мислам и тоа додатно влијаеше . Кажав еднаш , ако лабаратоириите се во ред и ако даваат точни резултати , тогаш јас со суплементи успеав да ги подобрам резервите . И ваљда е така . На две претходни инвитра вадев одвај по една јк , после интензивна терапија со суплементи дојдов до 6 фоликули ( 4 јк) Можеби и затоа сум поборник на пиење на тие чуда . И не знам зошто овде така на нож се дочекува ако нешто некој сподели . Во оваа група не пишуваат членки кои вчера решиле да имаат бебе ,па не успеале месецов па ај ќе им викаме - не мора де ништо да пиеш ,уживај ,слушај Др . Овде претежно пишуваат членки кои со стерилитет се борат по 5,10 па и повеќе години . Некои зад себе имаат и по повеќе од 5 неуспешни ивф . Нормално дека ќе сакаат да прочитаат , да примемат нешто ново , да сменат нешто . На крајот на краиштата ,секој најдобро си знае што е најубаво за сам себе .
Како прво скриен шеќер акоо не лекуваш сигурно ке добиеш диабет, со скриен шеќер тешко да забремениш, а ако си веќе бремена сигурно ќе раѓаш дете диабетичар, ќе имаш полицистични јајници. Моја препорака да направите барем една контрола во ендокринологија, таму сите хормони детално со различни методи ќе би ги испитат, верувајте ми нема да згрешите ако посетите ендокринолог, докторка саша е фантастична
Ок тоа го знам. Ама како се манифестира? Од кај да знам дали имам и јас? Што е показател и кои хормони точно ги изместува?
Од скриен шеќер нема да "имаш " полицистични јајници . Туку ,обично оние со ПЦОС имаат скриен шеќер . Но ,не сите нормално . Инаку точно така. Ненавременото откривање на скриен шеќер и негово нетретирање пречи во остварување на бременост . Плус не доаѓа до овулација . @EdnoBiserce јас овде читајќи ми се уврте у глава да испитам . И арно што испитав . Ќе си седев така . Симптоми одпосле ми текна дека имав .Ми се сушеше многу устата , почнав нагло да се поправам ,а јадев исто , осеќав голема и омалаксаност
Не знам за симптоми искрено, ама во ендокринологија прават еден тест со шеќер, ке ти дават да пиеш еден толку благ напиток и ке те боцкат 3 пати, со тоа се тестира резистенција на инсулин
Не знам кои хормони ги изместува ама знам дека ако падне/качи ќе ти се слоши исто како и со дијабетисот. Ако падне ќе се тресеш и ќе пребледеш и ќе те боли глава (некогаш и несвестици ќе имаш зависи од тоа колку паднал). Или ќе пиеш вода до пукнување а пак ќе си жедна (ако е висок). Има и други понезначителни показатели ама овие се најманифестни.
Гледам се разви дискусија во врска со суплементите, па би сакала нешто да додадам. До сега, за мојот проблем ( возраст 40+ и мала резерва) најдобро објаснување ми даде др. Гуржанова. Ми рече дека со текот на годините, не стареат јајце клетките, туку старее средината во која се наоѓаат, значи организмот на жената. Што значи, целта на суплементите е да ја подобри средината, односно организмот и со тоа да се подобри и квалитетот на јајце клетките. Според ова објаснување, мене ми изгледа логично, дека колку е повозрасна жената, толку потребата за суплементи е или поголема или поразлична. Еве конкретно, DHEA го имаме природно во организмот, но со текот на годините се намалува. Според тоа, мене ми е логично помлади жени веројатно да не ни имаат потреба да го пијат или ако го пијат да биде во помали дози. Тоа е според мојата логика, не знам како е според медицината Така да кога разменуваме мислења, ако сте склони кон самопрепишување и самодозирање како јас на пример , прашајте прво за што се пие одреден суплемент и која му е целта. Ако е на пример за подобар квалитет на јк и поголем број, а вие сте помлади, значи квалитетот не ви е упитен и имате добра резерва, логично тоа не е за вас. Помислете два пати пред да почнете нешто да пиете на своја рака, дали за вашата состојба тоа е пожелно или потребно. И секако, најубаво е да се праша докторот, но и кога прашувате не е лошо да имате веќе некакви информации. тешко дека во 15 минути преглед и консултација, баш се ќе им текне да ви кажат, пожелно е и вие нешто да потсетите, прашате. Инаку јас на своја рака пијам суплементи пред постапка, но откако ќе почне постапката само тоа што ќе ми каже докторот. За бременост па ич да не правам муабет, тука стварно не смеете ништо на своја рака, зошто не одлучувате само за себе, одговорноста е многу поголема. @Emma2 било што да пиеш обавезно прво прашувај доктор, а гинекологов твој не знам што муабети ти прави, те збунува безбезе со биохемиска. Ти си бремена и не мисли на ништо друго, уживај си во бременоста, терај си се по ред, бета преку крв, па ехо и тако даље...
јас исто вака читајки ве решив да проверам скриен шеќер за да се смирам дека и тоа сум го испитала, и претходно докторкава све ме изнапраша зошто сум решила нели да правам такво испитување, и тоа прашања од типот дали брзо се заморуваш, дали многу спиеш, дали во фамилија имате дијабетичари,итн такви прашања, на што одговорите ми беа НЕ на сите прашања. И така, да си го тргнеш од глава напрај го, 1 минута работа, со боцка во прст
Овие симтоми што ги пиша ги имам, ама полицистични не сум имала. Сушење, омалаксаност, промена тежина...прашувам бидејќи никој не ми рекол да испитам.
Да знаеш дека ќе го направам. Неколку работи ми се нелогични кај мене и мојата состојба и а, резултати од крв ми се секогаш ок
Те читам дека си докторка . Па ,би сакала еден обичен одговор од тебе. Зошто сметаш дека пиење на антиоксиданс ( коензим Ку 10 , вит Е , селен и цинк ) може да делуваат лошо на нашиот организам . Или вака , зошто е НЕОПХОДНО да мора дозвола од лекар за нешто кое важи за одличен чистач на организмот од отрови . Исто да се надоврзам на моето прво инвитро оргаџиски ми даде само фолна да пијам. Дваа доктори се крстеа на тоа когаа им го кажав. Обавезно требало да се прима витамин Е,Ц,Фемибион и цинк . Ова се основи што не смеело без нив. Јас дополнително земаам селен, магнезиум, метформин, ку10, омега. И маже ги зима истите само без селенот и фемибионот иаако нема проблем со спермограм и повеќе од добаар му е.