Ама не мислиш дека е премногу касно за радување?11 ден ми е од трансфер...плус денес ме ислина стомакот болејќи,не онака како предходните денови...бас менструални и половината мкслам ми излезе...темперарура 37.2...тест негативен...исцеток дебел сирест и кафено црн.... 11 ден...негативен...
Докторите у принцип не им веруваат многу на домашните тестови, нема правила, за најсигурно е да провериш бета преку крв, требаше денес одма да провериш. Како и да е, обиди се да бидеш што посмирена, за да не си наштетуваш себе си.
За жал морам да ви кажам дека бсцг е многу мал..0.5...ви реков дека го знаев тоа...Одиме напред се надевам дека брзо ќе ги наполнам батериите.. Фала ви на сите за вашата поддршка,внимание и одделеното време..Ви посакувам на сите повеќе успех од мојот .. Поздрав4е
Душичке за жал сите сме го осетиле горкиот вкус на неуспехот на ваков или онаков начин. Сега едно убаво плачење, исплачи се олесни се. После една убава насмевка и со нови сили. Дај боже денешниов ден да не ти се повтори никогаш ни тебе ни на ниедна од нас.
Душичке, те разбираме, скоро сите сме поминале низ тоа, а и низ полошо, далеку било. Не верува дека не некоја која го прочита твојот пост не и минаа морници. Но, нашиот пат е таков - тежок и стрмен, а ваљда дедо Бог не одбрал оти знае дека сме силни и дека после и најтешкиот пад знаеме како да си ги исчистиме колената и да продолжиме со уште поголема жар. Во ред е да си тажна едно време, но уште по во ред е да ја кренеш главата и да продолжиш. А, далеку од тоа дека си сама - ај преброј не колку не има во темава, ако можеш. Една војска луге до тебе раме до раме се бориме за истото.
Многу од нас овде те разбираме во целост. Биди силна душо, исплачи се, олесни се, дај си малку одмор, а потоа собери сили и мора да продолжиш понатаму. Само упорните успеваат!
@qwen жал ми е.стварно незнам како да те утешам.само силно те гушкам и да си здрава и жива. Се ќе си дојде со време. Бог забавува но не заборава.....
@gwen злато, жал ми </3 Ме потсети на исто чувството кај мене во августот. Жал ми е навистина..нема зборови кои би те утешиле ..треба време, само тоа знам. Исплачи се, натажи се, се што е потребно и што побргу остави го зад себе ова лошо искуство. Ќе дојдат поубави денови и сите ние што чекаме, ќе си ја оствариме целта. Те гушкам силно, силното и само ти посакувам ти да бидеш подобро што поскоро <3
Девојки добив вечерва,а не можам да ја добијам Сашка и пишав порака,но Вие сте ми повеќе од Сашка па додека чекам да ми пише да ве прашам од кога да почнам со мигононот треба од втор ден од менс.Да почнам утре или задутре и кога е најдобро да го пијам сабајле или навечер после јадење или....фала ви девојки....
Ех јас сум лигла ако ми се лоши ќе шетам низ дома цела ноќ. Инаку во право си попаметно е да се пијат пред спиење.
Здраво. Да прашам дали си во постапка за инвитро, бидејќи јас сум и на 2 ден ми ги даде докторот да ги пијам ама јас добив исто навечер и ми кажа да го бројам наредниот ден како 1 ден
Девојчиња, дојде момент да си ја олеснам душичката и да споделам со вас... минатиот месец го правев моето последно ивф преку фонд (вкупно 5то-1 приватно и 1 на природен циклус). Заврши прерано, односно за првпат не стигнавме до трансфер. 5 ј.к ниедна не се оплоди... веднаш се договоривме да се продолжи на природен циклус. Тргна фоликулот, дури и 3 помали... и застана. Ништо и од овој циклус, ама откажување нема. Продолжуваме упорно сите заедно до конечната цел. Јас не се предавам, а ни вие друшки мои
Јас почнувам кај Др.Ивановски со овој циклус и сум на долг протокол.Супер ќе си бидеме заедно на овој пат и мора да успееме.Секое добро
Дај Боже да успееме. Инаку јас сум кај Трајковски и јас ги пиев од сабајле пред појадок и денес го испив последното