Ти се малку пред мене и влечи ме за нос.Јас ќе треба да почнам од недела ќе ми се брои втори ден и треба да пијам 1 на ден.Кажи ми дали знаеш зошто ги даваат?
Ти како мене дојдовме до фоликул 10мм и ми го снема бе И замисли после 10 дена од изгубениот фоликул вчера ми видоа нов 13мм. Што се случи господ знае. Ама ете го тука е. Така да чуда се случуваат, верувај
Да, точно.Часови се бројат, не дали ден прв ден или втор според навечер или насабајле. Ако е навечер, следниот ден е прв ден, а наредниот после него би бил втор Многу ми е жал што ова го читам Јас мислам сега не стигнале поголеми оти ти се измести малку циклусот после стимулациите. Не се откажувај, ќе има пак фолекули на природен циклус и ќе продолжиш таму кај што си застанала. Имаш ти уште од користење на ваучерот хахахах, ќе му ја извадиш маста!
Не мрдна овој мојот, исто 10 стигна, ендометриум 5, тоа е! Циклусот ми е на 28 дена, а денес веќе 12 ден од циклус. А за чудата да, верувам во нив Најголемата надеж ми е во природниот циклус, само така сме стигнале до бременост. А и мислам дека веќе залудно би го трошела организмот, веќе 4 стимулирани ивф. Морам да играм "паметно", си имам и години веќе 36 и не ми требаат циркузи веќе
И мојот циклус е на 28 па овој месец ме фати 30-40 дена, затоа веројатно ми порасна другиот фоликул. Ако не ти е проблем да ми кажеш. Знам дека и кај вас е астенозооспермија така ? Со кој метод на оплодување одевте? Со ISCI/PISCI ?
Така е, чекај и начекај Или чекај природно и замрзни па оплоди И, ако имаш годинки, имаш уште ехеее шанси
За што? Имаме тежок машки фактор, а последниов пат јајните клетки не беа добри. Па од 2 слаби параметри тешко излегуваат добри ембриони. Првпат толку слаб исход на јајни клетки. Претходно ивф сум имала 12, па 10 па 8 јк
Јас стварно незнам како да ја опишам сета оваа поддршка и позитивна вибрација што ја добив денеска од сите вас..И немам зборови со кои би можела да ви се заблагодарам за тоа...Од кога почнав со постапката за Инвитро почнав да бидам поактивна на форумот,но искрено на толкава поддршка не се надевав... Да сте ми здрави и живи сите...неможам сите поединечно да ве означам но фала ви за утешните зборови и позитивни мисли. Сепак ова е мое прво неуспешно инвитро наспроти некои од вас кои со години пробуваат различни начини и повторно паѓаат. Се молам за сите Вас оваа година да биде последна со неуспешни обиди и секој нареден чекор да биде крунисан најмалку со по едно бебе... Ве бакнувам сите и уште еднаш ФАЛА ВИ !! **
Ќе биде миличка, ќе биде,само нерви и трпение.Мислам дека треба малку да ти одмори и организмот и психата од притисокот што го чувствуваш и од хормонските промени.Ќе успееш,знам.Те гушкам најсилно.
Олигоастенозооспермија. 15% прогресивни и 20% брзи. Концентрација 1 милион Верба и трпение, ќе биде се како што треба
Се додека има барем еден добар сперматозоид имаме супер шанси за успех. Инаку ние сме со астенозооспермија 5% ама со 387 милиони сперматозоиди.