Обично на трет ден се прават повеќето од овие испитувања инаку по резултативе ФСХ ти е мн висок а и ТСХ не треба да е толку висок, консултација со ендокринолог обавезно да направиш пред било што се друго. Зошто си го излажала дека на трет ден си ги направила не сваќам или јас пропуштив некој твој статус ?
Хана срц, Само гласно размислувам бидејќи и јас имам покачено FSH. Прашај го што мисли за да направиш рејувинација (Подмладување на јајниците) дали тоа ќе ја подобри состојбата. Јас сега рејувинација ќе правам во New Born па ќе ти кажам како сум поминала. Мислењето на др. Тања е дека помага рејувинацијата. И TSH ти е на горна граница да си одиш на Ендокринолог, а до тогаш да си се ставиш на диета. Исфрли шеќери и производи од бело брашно (купувај интегрални брашна и тестенини, ама со квалитетен процент на интегрални брашна).
Ме интересира зошто хормонски статус правеше на прв ден ? Сакаше да имаш пониска вредност за во фонд да поднесеш ,или ? Инаку ,ако сега ( на прв ден ) ФСХ ти е околу 30 ,на трети ден би ти бил најмалку 40 и кусур . А тоа е високо. Ако ти е за во фонд ,никако поднесување ваков хормонски статус . Исконтакторај ме во ЛП ако сакаш
За високо ФСХ - пролетта 2 месеци по ред ми беше висок, 25 и 29. Го спуштив за еден месец со фолна, Овунорм и по една смоква од тие во тегла со маслиново, наутро на гладно. Падна на 9. Пробајте
Од двајца доктори лично имам слушнато дека генерално се препорачува 6 м., а најмалку 4 м. обавезно да се чека, тоа е некој минимум. Не се секирај мила, сега мисли си на идната успешна ивф постапка! И баш ко што рече, Господ да ни дава здравје, тоа е најбитно!
Не кажуваат такво нешто. Незнам кој го измисли ова е чиста шпекулација. Сакаш навечер туширај се, сакаш на пладне или наутро исто ти се фаќа 6 месеци. Јас правев и по 9-10 месеци
Веројатно им е грешка. Ама, ако веќе си имала еден одобрен ваучер, а второво поднесување ти е со низок АМХ, сепак нивниот одговор би бил со донаторски ј.к. Да не ти кршам филм, ама мислам дека тоа би им бил осговорот Да не ти се вакви резултатите поради цистата? Провери уште една следниот месец, а за тироидониот хормон направи посебно и упут на ендокринолог
Пред да отидам на гинеколог бев во синлаб приватно испитав тироида беше ок. Цистава ми се појави од кога ги испив прималут нор претходно немав. Секако дека ке одам и на ендокринолог. Да мила за пониска вредност за во фонд, а јасно ми е дека реалната слика е уште полоша. Не може да е над 40 пошто на страната на њу борн пишува ако ФСХ достигне 40 тогаш жената влегува во менопауза. Еми подобар хормонски статус не ни можам да поднесам. Колку и да го намалам под 12 не верувам дека ќе стигне. Веќе ме предупредија дека сум пред менопауза за жал, меѓутоа нема откажување идеме напред. Пијам фолна година дена . За да ми испадне пониско ФСХ за да аплицирам во фонд. Пошто АМХ ми е 0.01. Со овакви резерви директ за донација на јајце клетка сум.
Јас правев 2ифв во Борн, но никогаш ова не ми го препорачале. Можеби е точно, но јас таков совет немам добиено (инаку сум кај Трајковски, да не е случајно од пациенти кај Татјана?)
Еве малку и од мене. Јас сум повторно назад во игра. Иначе ова е мое 3то ивф сите фондовски. 2 кај Поповиќ, 3то кај Трајковски. Имав пункција во јули но поради хипер(висок естрадиол и профестерон) го одложивме за неколку месеци. Во петокот ми беа вратени 2 бластцисти така да стискајте палци сите Иначе имав 22 ј.к во јули. Оплодени 13 од кои 8 замрзнавме, а две ги одмрзнавме и ги вративме
Ухууу, машала!!! Нека биде трета - срека со близанци пролетва, а за која година, кога ке пркнете малце, да даде Бог да си се вратите и по другите "пингвинчиња".
Од кај го земаш ovunorm и по која цена е? Трета среќа! Ајде, нека биде последно и со близначиња да е!
Пва мене ми личи наа следното: Имаат шаблон документ за донаторки материјал и на ова место со големи букви има паѓачко мени сперма или јајце . Е сега они по грешка во брзање или невнимание кликнаале на сперма. Се работи за грешка според мене е сериозна, бидејки сепак се работи за сериозна работа и они се институцијаа на ниво не може да си дозволат ваакви пропусти. Трчање сега по поправка на документи кој ќе.ти го оправда тебе...
Не знам кај кој од нив била, ме зачуди и затоа прашав. Ако дознам нешто плус, ќе пишам. Со среќа и успех мила, да не израдуваш за 10-тина дена со две цртки и висока бета.
@madam Suzi како што кажа @ocicka2014 и јас мислам имаат грешка направено,штом ти побарале тебе АМХ сигурно се работи за донор јајце клетки.Еве и мојот ваучер стигна според пишаното се е исто .Пробај да поднесеш жалба но нешто многу смениле овие во фондот .Не ми личат како да работат како што треба