Здраво девојки, ви посакувам успех во борбата на сите, од време на време доаѓам да ве читнам, ви се радувам на секој успех и жалам за секој неуспех , ќе биде кај сите, само упорност, трпение и високи очекувања Сакам да прашам нешто, се надевам некои од вас знаат да ми одговорат. Дали за ваучер за второ дете се користат истите документи кои ги поднесувавме за прво, кога проблемот е, така да се изразам ‘‘нерешлив‘‘, односно двете туби ми се запушија и тоа после една година откако со една запушена туба отидов на хистеро-лапароскопија, каде го решија проблемот, но не да се најде причината зошто се запушуваат повторно, и така го добив првиот ваучер. Е сега, дали со истите документи, кои документи треба да се обновени и колку време треба да чекам за поднесување за ваучер за второ дете, односно колку време треба да помине од добивањето на првиот ваучер, или колку време од забременувањето или породувањето, тоа не ми е јасно, од кога се брои и колку време треба да помине. Може и одговор во ЛП ако не сакате да ја оптоваруваме темата, фала ви.
Јас ништо нема да стискам него ќе ти ја пуштам целата среќа на овој свет за да имаш висока бета Јас исто треба да замрзнувам ембриони. Колку е цената за замрзнување ? Како оди ? Јас никако да прашам кога сум таму. @EdnoBiserce што ти текна на Овунорм покрај толку суплементи што пиеш ?
Алелуја!!!! Конечно уште некој, освен мене, кој аплицира за второ дете!!! Јас веке добив ваучер за второ, а и за првото бевме преку ФЗО. Бидејки сум со царски, почекав 15 месеци пред да почнам со документи, што ми одзеде скоро 3 месеци. Инаку, документи кои треба да се поднесат се исти ко за прво дете, но не постари од 6 месеци. Но, чекав од април до јули за ваучерот оти 2 пати ми бараа дополнување на документи. Прво, им текна анти милеров хормон да бараат. Второ, бидејки ние сме со замрзнато тестикуларно ткиво од сопругот поради целосна азооспермија, ни бараа "обновена потврда за криопрезервирано ткиво"?!?! Лугети во Ре-Медика се чудеа што документ да пишат??? Можеби мислеа оти ни се здосади и ке се откаже, ама не, како беше она "аз сам т'п, ама упорит" .
Хахаха, почнувам да се "успивам" и касно ги зимам, а и ми тежи ташната од носење се со себе, па викам да намалам нешто
Ти не ги пиеше и Елова кесичките ? Внимавај , Овунорм содржат и мио- инозитол и мака. Да не ги земаш превише овие две работи
Да, да Не пијам Елова, туку чист inositol. Тој има помалку од еловата. 500мг е една капсула. А, мака зимам во апчиња и прав. Еднаш така, еднаш вака..ич ја неќам во прав, ама да ја дотрошам Прашав само за ovinorm, за да знам. Ќе видам дали ќе се префрлам на него, или ќе останам да ги "влечка" со мене сублемативе
Извини вака ,а што беше кај тебе работата па ти одобриле за со донирани ? Ова кој ваучер ти е по ред ? Знам трудно си сега , ама сум пропуштила што "проблем " имаше ти
Баш ми е мило, ти посакувам успешна ИВФ постапка за второ бебче Инаку и јас сум со царски породена, син ми има точно една година, сега ако почнам да прибирам документи е таман така? А зарем пак треба проклетото ХСГ да го правам ... амаааан... само тоа да не треба да го повторувам лелееее, а бе уште 5 царски да ми напраат, само тоа ХСГ неее Што е тоа анти милеров хормон, прв па слушам ?
Имав низок АМХ 0.16 но фсх добро.Инаку преку фонд аплицирав втор пат ама ете одма со донор ми дадоа.Првиот пат беше далечна 2013та но тогаш очигледно имаа поинакви критериуми.
Дај Боже хсг да не направиш никогаш повеке, кога ми кажува жена ми за ова хсг си плачам толку што мие жал што претрпела, и не мие јасно зошто хсг без анестезија прават
Фала миличка. Јас платив 24.000 ден. За замрзнувањето Мислам дека цената е 18.000 +6000 за 1 година чување
Како се движат цените за замрзнување наа сперма. Наа краток период ми треба ама претпоставувам неможеш да замрзнеш на месец- два или? му најаавија на сопругот службен пат на две недели не се знае точно кога а ние во тој можен период планиравме инвитро, па сакаам да знам колку би ме коштало да замрзнеме и ако има потреба да ја искористиме без да е тука да си завршам работа...
Прават со анестезија, чини најмалку дупло поскапо, а анестезијата што ја ставаат е многу слаба, јас два пати со анестезија го правев, првиот пат беше се ок, ама на второто ХСГ се разбудив на сред постапка во ужасни, ама ужасни болки, посебно кога се запушени каналите како во мојот случај на пример, тоа е хорор! Трауми имам, па да сега да треба пак, леле мори мајчице Не викам дека болката се споредува со таа после пораѓајот, но тогаш боли ама знаеш дека имаш бебе до тебе, од преголема радост се занемарува болката, некако скроз другачија ја доживуваш. Но за бебушка се ќе истрпиме, што мора, мора, не се откажуваме само заради болка, иако сепак се надевам дека ќе може да избегнам овој пат
Мене дедо Бог само од тој ХСГ ме поштеди и затоа не би сакала да Ве лажам дека треба и тоа да се прави. Но, верува дека Вашиот гинеколог ги знае тие финеси, или пак јавете се во ФЗО посигурно. Инаку, анти-милеров хормон се проверува преку крв и е показател за очувани оваријални резерви. Обично го бараат на повозрасни пациентки.
@DunjoMoja ,сакам да те прашам колку материјал криопрезервиравте?И ние сме со азооспермија,во јули правевме операција и сега го чекаме ваучерот,па ме загрижува колку сперма е доволно.Инаку од квалитетот на ј.к ни кажаа дека ќе зависи понатаму Многу ме радува твојава приказна и ми дава верба Ти посакувам што поскоро втора среќа
Јас без анестезија го правев. Ме болеше многу и почнав да викам ама ми текна дека овој мојов ќе дојде да скокне во помош па стиснав заби издржав. Инаку таму ми кажаа дека ако се во ред каналите не боли. Боли само ако се запушени и ако се како мојот завиткан во полжавче
Неее. До 200 евра мислам е најмногу во Систина . Ама за месец-два. Њу Борн можда и за 100 евра да може . Имаат некои нови поволности при мрзнење на материјал на краток временски период