Баш затоа пишав дека сме специфични и дека треба максимална посветеност за да се сочува и она малку што го имаме. На пример јас од прва знаев дека Димитров нема да ми помогне зошто ми рече "немам јас материјал за работа кај тебе". И искрено фала му, многу коректно него рутински да ме работи и да ми го изгуби времето. Каде те утнаа ако не е тајна ?
Поминаденес и пункцијата извадени 8јајце клетки е сега ќе видиме како ќе биде понатаму ,ќе чекаме.....инаку имам болки што и нормално е но прашањето ми е што да земам за да ја ублажам
Ako nekoj znae neka mi odgovori? Vaucer odobren so doniran matrijal bez razlika maski ili zenski kletki, dali moze da se iskoristi nesto no nego ili ne zosto jas i soprugot odbivame doniran matrijal. Ili da odam na privatno?
Ако си најдеш донор ,на пример сестра . Таа потпишува изјава дека ќе ти донира јк . Но ,вие не ја користите нејзината , се обидувате со своја ( ако извадите јк нормално ) . Доколку дојде до оплодување и евентуален трансфер нема да плаќате пункција и трансфер ( ќе го пуштите ваучерот ) . Евентуалните примени стимулации за време на постапката ( нели ако се боцкаш ти со нешто ) ќе бидат на твој терет . Ова како опција е понудено од Др во Систина . На брачен пар кој веќе имале едно ивф кај него ,а следно им било одобрено со донирани јк . Дали е секаде вака и по " правило " не знам
И јас слушнав за ова, ама сепак, треба добро да се провери. Исто..во следните месеци да се обиде со природен циклус или стимулација некоја да дојде до ј.к., да ги замрзне, па да го употреби ваучерот..мислам дека и така може, ама најдобро да се консултираат со инвитро специјалистите, да не шпекулирам само
Нормално ќе оди и ќе се договори . Јас напишав што им беше понудено на парот како опција . Ама ова ти што велиш на природен циклус да пробаат и да замрзнат .... Што би искористиле од ваучерот ?! Можеби трансфер . Но ,сепак ,без некаков договор дека некој ќе донира јк ,мислам не би можела ниту една клиника да и излезе во сусрет
Јас те дополнив само во смисла ако не најдат донатор, барем нешто да искористат од ваучерот. Пункција не е скапа ако е само на природен циклус, ...ама секако, договор со клиниката
Јас прашував за ваучерот со донирани јк. Следува пункција (зошто нели као свој човек ќе ти донира), оплодување и трансфер. На приватно ќе треба да платиш стимулации (ако ги има), фоликулометрија и естроген мерење. Ако нешто пропуштив нека ме коригира некој, ама тие три горе што ти ги споменав сигурно влегуваат. Јас планирам да колектирам свои јк (не знам од кое чудо имам фоликули сега за сега) и да поднесам за со донаторски. Може лошо ти објаснив ама малку сум нешто вознемирена па пишувам без ред, сори. Слободно прашај каде не сум јасна. Не ти дадоа ништо ? Јас пијам Бускопан, Клиндамицин и Бруфен. Со среќа нека ти е. Сите јк да се претворат во бебиња
Аспиринот се пие насабајле на гладно,минимум пола саат пред доручек. Ова е препорака од Доктор. Поздрав
Јас кога пијам Аспирин ,строго после ручек го пијам . Приметив дека само така ми одговара на организмот , прашав Др и ми дозволи . Ама јас не се боцкам со клексан . Т.е еднаш се боцкав само , тогаш ми нагласија да има бар 10 часа луфта измеѓу двата
Пуштам инфо. На ГАК ги има сите реагенси ама за надворешни пациенти (оние што не лежат на клиниката) работи само сабајле со упат без термин.
Фала ви на сите за одговорите. И јас знам дека треба наутро на гладно, ама сега не можам така. Гледам дека вас ви одобриле и во друго време, најадени, па ќе гледам некако така дз искомбинирам, по доручек или ручек.
. Да и нам ИВФ ни беше на товар на фонд, но тесето на приватно , само молам бог пингвинчињста да се како треба и да успееме да ја дониеме оваа битка ***
Ако може да ми кажеш како се прави тоа со смоквите и маслиново масло, колку смокви и колку маслиново се става и колку дена треба да стои.Јас сакам да пробам за подобрување на јајце клетките, досега не сум имала проблеми со FSH ама сега послем ова неуспешно инвитро незнам, ама на пункција имам само по 6 јајце клетки од кои мора да бидат 3 или празни како на ова, а на претходното 3 незрели и само по една ми се оплодува и сега и на предходното инвитро -и затоа сакам да пробам да пиам ти благодарам однапред
Во тегла ставам маслиново масло и суви смокви. Секое сабајле јадам по една. Не ги оставам да стојат со денови како што пишуваа и други, туку само дополнувам. Плус фолна и Овунорм земав.
Фала мила само успешни приказни сите да имаме,инаку терапија само прегназон и утрогестан 200мг на 8 саати се стават и многу протеинка храна тоа ми кажаа друго ништо.Сега нз се збунив ама ништо не ми кажаа,ти како помина?и дента на трансферот треба да примам една инекција пролутекс
Здраво феминки, Сакам да прашам дали мекој имал искуство со д- Златески од Охрид. Слушнав дека правел сирупи за подобрување на спермата, како терапија, дваесетина дена се пиело и после кажувал точно на кој ден треба да се има односи (го следи циклусот). Фала однапред! Поздрав до сите.
Прегназонот е суплемент, а утрогестанот сега го примаш ? Невообичаено ми е тоа јас го примав за време на инсеминации. Утрогестанот ти е прогестерон. А што уствари имаш проблем ? Која ти е дијагнозата за ивф ? Јас луто поминав не прашувај. Уште сум лута што не успеав. Ама сега на наредново ќе успеам
Епа женички мои го почувам патот кон моето прво инвитро. Почнувам со микрогинон, на прв ден од менструација ќе почнам да го пијам. Дали има некој искуство со овие таблети, како што ми кажа сестрата ова се таблети за контацепција. Дали ги има само на приватно или може и матичниот гинеколог да ми ги препише?