Девојки дали знаете нешто за здебелување на ендометриум на природна база и покрај терапија од естрофем и лепенки никако да се здебели повеќе од 7 мм сега дури и ТСХ -то паднато е многу испод граница 0.08 е моментално па трансверот е одложен и овој пат . Ве молам за искуства
Кај нас проблем е машки фактор,едниот дијагнозата му беше астенозооспермиа ,а др уште полоша нешто олиго мислам беше олиготерато нешто така.За инсеминациите кога ми беа примав дабростон и аспирин 100 мислам од Систина,а во државна немав ништо терапија за инсеминацијата.Сега ме збуни само тоа ми е терапијата друго немам,прегназонот ми е од самиот старт на ивф,а сега само утрогестанот и на денот на трансфер инекцијата пролутекс.Слаба ми е терапијата или?
Јас го мразам Микрогинонот. Го пиев наутро, повраќав и косата ми паѓаше многу. Тука прочитав дека навечер го пиеле ама мене др ми рече наутро. Прашај кога да го пиеш. Полесно поминале тие навечер што го пиеле. @Bubce38 има подобро искуство за навечер. Нема слаба јака терапија секој случај е индивидуален. Само јас прв пат слушам Утрогестанот пред трансфер/инсеминации да се прима. Бидејќи сте со машки фактор не те оптоваруваат многу, изгледа си помлада и во добра здравствена состојба. Јас на твое место би препрашала за Утрогестанот со оглед на тоа дека и ти не си сигурна за употребата. Чисто за да бидеш мирна.
Да 28 години сум инаку,причината ни е само машки фактор и најверојатно затоа така одлучил докторот.Инаку да препрашав за сигурно се прима на 8саати......фала
Анче, мене после пункција ми препишаа прогестерон односно Кринон секоја вечер, до трансфер а и после тоа..така да можно е !
Колку естрофеми пиеше? јас некогаш пиев 3х2, некогаш 4х3 ама имаше ефект. Пиев и Овунорм паралелно со естрофемот 4 апчиња на ден. За ТСХ да одиш обавезно на ендокринологија, да ти направат и ехо и тие некои други Т ... што ги испитуваат, ако треба ќе ти дадат и терапија, мене ми беше 0,02, ама веќе бев бремена и не ми дадоа терапија, само ме следат секој месец. Инаку можеби и самиот ендометриум ќе си се здебели следен циклус. Не е секој циклус исто. Е сега чекањето измачува, ама вреди. Јас до пред трансфер вежбав - фитнес, и боди тек. А на природна база - ја си сметав Овунорм за природни
Лелеее, душо ако најдеш нешто да функционира, да пишеш Јас со истиот проблем сум. Какви се тие лепенки? И колку естрофем користиш? Од природни работи цвекло помага (демек) спорт индиректно заради подобрена циркулација.. друго, кој знае.
И EdnoBiserce, Цвекло, кикирики, може и путер од кикирики, ананас до трансфер(после не), бразилски орев, авокадо. Со среќа! Девојчиња, освен Профертил, дали земавте паралелно и некој друг витаминско-минерален препарат? Оти Профертилот не содржи баш се’...
Ај види ова https://natural-fertility-info.com/thin-lining-of-the-uterus-build-the-uterine-lining-naturally.html. На природна основа е се, ама вообичаено не додека пиеш хормони или си во процедура.
Со лесно нека ти е. Јас немав никаков проблем си нив, инаку јас ги земав без упат 170 ден така нешто платив и ги завршив стискам палци за успех
Јадев се ова и пак одвај стигна до 8 мм ( највеќе естрофемот ми помогна. Сега не го пијам и пак катастрофа
Дај боже, ама тешко верувам. Чекам ред во Чаир за биопсија и дијагностика, па ќе видиме..ама годините се тие и мепопауза "куца на вратима", а против природата борбата е тешка, скоро невозможна
А да се консултираш со лекарот за повисоки дози е витамин и л-аргинин ако немаш пробано, можеби до циркулацијата е проблемот, па ова може да помогне?
Л-аргитин нарачав и чекам да ми стигне. Од сублемати пијам се што ќе чујам и тоа во максимално дози. Циркулацијата сигурно е проблем, носител сум на тромбофилија ген, ама си пијам нели Аспирин..ама последниве месеци место да оди нагоре, ендометриумот паѓа уште повеќе. После неуспешното инвитро ми е околу 3,5 мм. На едно мерење беше и 1,5мм. Не знам колку е можно ова да се санира
Да не земаш случајно и мака? Според источната традиционална медицина маката го истенчувала ендометриумот и кај некои жени дава симптоми на менопауза.
Зимам да, ама симтомиве (а и наодите) се повеќе време вакви отколку што ја зимам маката. Ќе прочитам за ова што кажуваш, па ако треба ќе ја исклучам од употреба
На приватно одат не се многу скапи до 140 денари максимум. Јас ги пијам во моментов, малку менувам расположение ништо друго.