Хахаха лесно ако е до неа, ќе ја прекинам одма. )) Ќе направам пауза и така при крај сум со пиење на Примолут за добивање, па за некој ден ќе ми почне и циклус, па да видам дали ќе има некоја промена во наредниов.
Незнам дали ме имаш прочитано али не е на одмет да се повтори нешто што некому му помогнало јас успеав со ПРП метода на ендометриум да се здебели до неверојатни 11,2 врввв ми беше тоа, те советувам да го направиш обавезно..
Подмладувањето се почесто го практикуваат со се поголем успех. Јас ќе правам на јајници. Те молам кажи ми колку време имаше ефект ? Постои некој ограничен период на функционирање ? Јас нешто прочитав дека само 6 е месеци подобрувањето? Ај те молам повеќе инфо сподели ако не ти е проблем.
Да, те читав тогаш и дури мотивирана од тебе, зборував со докторкава за ова уште при првото инвитро. Ми рече дека иако визуелно го зголемува ендометриумот, квалитетно не покажува успех (говореше според проценти значи) на терен при импатација. Дали кај тебе имаше некаков успех, тоа не се сеќавам. Имаше ли? Сакам од лично искуство да знам, не од проценти. И, секако би го направила ако другиве работи не вродат со плод
Kolku treba da se stavi maticen mlec I kako ti go pravis kolku suvi smokvi I maslinovo maslo stavas I kolku dena treba da stoi. Nekoj kaza mislam deka se stavale 40 suvi smokvi I edno litro maslinovo maslo I da stoi 40 dena ama ne sum sigurna dali taka bese zatoa prasuvam
Баш ми е мило што така сум делувала јас имав проблем со тоа голем, али ете еднаш го направив и делуваше но немав за жал имплантација, наводно освен за дебелината делувало и на имплантација колку е тоа навистина така незнам немам искуство дали влијае...мене ми збореа проблем наводно таква е матката невгнездлива што како е мила само Господ знае...пуштам среќа бар кај вас методава да доведе до успех ❤
Не мора да значи оти одма ќе видиш промена по прекратувањето, мене ми предизвикуваше жештини како во менопауза и од кога ја прекинав ми требаше уште еден месец додека да престанат.
Еве ти помош, преку слика. 40 смокви се, колку собере масло толку. Матична млеч не ставам бидејќи матична употребувам со друга комбинација, а овој лек го знам само со смокви и маслиново масло. Се прават две вакви тегли. Едната ја почнуваш одма со консумација, а другата да отстои па ќе фатат 40 дена..инаку кој да чека месеципол од сега..јас имав три, оваа ми е последна, деновиве ќе правам нови две. Ок да, сигурно треба период, само мислев таман ми се поклопува со нов циклус, за да го започнам како со некоја промена
Искрено немав читано ама баш ништо за методава оставав на докторот што како ќе каже, по тој трет неуспех направив пауза до сега меѓувреме на едно ехо бев и ендометриумот беше со дебелина иста како и пред методата што би значело бар кај мене дека делувало само во тој момент и за таа постапка после наредни месеци не...да не лупетам немам инфо можеби грешам но сметам тогаш за тогаш дека е бар за ПРП на ендометриум за јајници незнам како делува искрено...ти ја пуштам цела среќа да биде успешна и да извадат добар бр и квалитетни со методов ❤
Види, ако дава успех немам зашто да не го правам. И те како ќе го правам. Тогаш ми беше прво инвитро, и успеа некако со естрофем да го подигне ендометриумот до 8 мм, па отпадна идејата, ама еве сега пак се појавува како проблем, па во наредниов период ако ништо нема ефект, ќе мора и тоа да го применам..
Пробај ништо не губиш како и да е мн е едноставна постапката и е безболна...трансфузилогот баш ме праша како поминав со ПРП и она ми вика кај моја пријателка не делуваше, али ете кај мене сакаше но што дека кога успех пак немав..кога ќе видиш како и да е најбитно е мн коцки да се склопат битно се пробај па што даде Бог ❤
Прво да направам биопсија, може тука има некој проблем, кој ќе ми го даде решението Илиевски од Чаир ми рече..јас кај тебе не гледам проблем. Едноставно природен циклус е тоа. Јас тебе би те ставил три месеци на циклопрогинова и вештачки би те држел надвор од менопауза. Така и еднометриумот ќе се покачи. И имам намера, да зборам и за оваа варијанта со докторката бидејќи муабетот му држи вода
Лекот со смоквите мене многу ми помогна.и не само за јајниците и ендометриумот.плус средува столица и за гастритот ми помогна.ми го среди желудникот. До пола тегла кога има повеќе масло го дополнувам со смокви.чекам да се зголемат од маслото и продолжувам да ги јадам
Фала ти срц Како и да е јас одлучив да ја правам. Иако и јас сама сум малку скептик ама и верувам на докторката па освен пари ништо нема да изгубам. Иако искрено само гласно размислувам, ако подмладувањето во суштина е свежа и прочистена крв која директно се вбризгува во јајниците колку рок на траење би имало тоа кога крвта постојано циркулира низ цел организам. Ако е тоа решение да ја подобруваме цела крв не само одредена количина. Хах, хаос си направив во мозокот ама си најдов нова цел. Ќе чистам крвта сега. Ќе пробам ништо не губам само ќе си зголемам шансите за успех
Не те баш разбрав имаш грешки во текстот мене ми даваш совет три месеци да зимам циклопрогинова или? Ме интересира зошто биопсија ќе правиш и што би се очекувало да покаже истата не сум упатена во тоа?
Неее! За мене Илиевски рече дека според она што го виде на ехо, а и според сите резултати..дека тоа ми го предлага како решение. Зашто биопсија? Маж ми има аглутенацијата (антитела) кои може исто да ја напаѓаат матката...исто, може да има некоја бактерија која фатила некое лежиште.. било што што не е видливо на брис, крвна анализа или ехо преглед, а би можело да влијае на ендометриумот.