Супер само напред читам само позитивни зборови за Илиевски сигурно си ја знае човекот работата, пуштам среќа!!
Па, следните ваучер ми е тек во февруари, и ако од биопсијата нема бенефит некој, а сублемативе не вршат работа плус (зборам кај мене) со амин од докторката, би почнала терапија со циклопрогинова. Е, после здравје, може и ова твоето, ако дојдам до второ инвитро
Дали ПРП метода на ендрометриум е иста и се прави на исти начин како и ПРП метода на матка Т.С подмладување на матката . Доколку си ја направил дали има ефект и за ендримерриумот и за подмладување на матката
Како што пишав погоре за методата ама ич не сум упатена само од зборовите на докторот дека наводно влијае на имплантација и дебелината на ендометриумот... да не те излажам ако грешам нека ме поправи некоја дека оваа метода се прави на ист начин како и онаа за јајници, зимаат крв ја обработуваат и одма ја враќаат тоа е тоа ..
Јас ја правев да така се прави ти земаат крв ја обработуваат и ти ја враќаат, ама мене сестрата ми објасни дека е за подмладување на матката, а јас имам проблем со ендрометриумот многу ми е тенок па затоа прашав дека веке ја направив дали ке има ефект и на ендрометриумот дали е исто
Dodavav od kesickite od aptekite sto se po edna dve kesicki maticen mlec jas ne gi ostavav da otstojat
Бидејќи пред некој ден, добив различни совети околу испитување на скриен шеќер и инсулин, а советите беа дадени од луѓе кои ги испитале овие параметри во крвта..ветив дека откако ќе одам на ендокринологија, ќе ви напишам како ги направив јас испитувањата. Најпрво, хроно и вакви испитувања не може. Мора нормална исхрана минимум три дена. Односно, јадењето не е толку битно колку што е потребено внесување на шеќери, па со тоа хроното отпаѓа. Друго. Забуната околу иститувањето односно внесување на шеќери дали еден или три дена, зависи од тоа Што Точно Испитуваш. Значи има два Вида тестови односно испитувања. Едните се прават со исхрана и внесување на шеќери од еден ден само, а другите со три дена. Гликоза во серум, гликозиран хемоглобин и исулин се испитува со еден ден, додека пак, толерантен тест за гликоза и инсулин (ОГТТ) со три дена внесување на шеќери. Кои се разликите, односно кој тест е "меродавен" за тоа дали имам/немам скриен шеќер и инсулин, докторката рече и двете. Ако на првиот не се открие, може на вториот. Ако се открие на првиот, тогаш со вториот се гледа целосната толеранција. (Ова како што јас разбирам значи. ) Во прилог ќе ви ставам и испитувањата и постапката за храна и внесување на шеќери. На првата слика, тоа што е подвлечено, е испитувањето со три дена внес на шеќери
Колку што се изначитав на форумов, за ендометриум ананас препорачуваат да се јаде. Фала на исцрпниов одговор, ама малце запазив некои контрадикторни моменти. Имено, велиш и двата теста се меродавни, АМА ако не ти нашле скриен шеќер на првиот,тогаш може да ти најдат на вториот. Ова ми нема смисла, ќе ми се смеат да одам и да им речам Јас испитував скриен шеќер, не ми најдовте ама сеа сакам со нешто друго да пробаме пошо може сепак може имам. А уз пат немам никакви симптоми за тоа, ама сепак, you never know,right? Извини бисерче, може па и не те разбирам ко што треба. Поздрав!
Мене не ми се смееја. Првите ми го направија, а вториот во петок закажав бидејќи денес беше многу касно, бев со приоритетен упут и касно ме прими. За првите, исто резултатот ќе го земам во петок. Значи нема да знаат дали има или нема шеќер/инсулин. И, не знам зашто упорно се жештиш. Веројатно ти си испитала што треба, си знае за докторот што да те испратил. Јас ниту го смислив правилникот за испитување, ниту претходно знаев како и што треба. Си следев доктор, си кажа и си направив како што ми кажа. За тоа што ти звучи контрадикторно, да може..затоа што може Јас грешно го објаснив (грешно во смисла што добиваш како резултат од првото, а што од второто испитување) , кажав уште одма..ама дека тоа се две испитувања, сигурно е така. Поздрав и до тебе. Иначе, советот за ананас не ти е целосно точен. Ананас се јаде во период пред да почнеш со инвитро и само тогаш може (ако навистина може) да помогне околу ендометриумот. При започнат процес, поготово после пункција, а најпоготово при постоечка бременост, ананас е забранет. Содржи состојки кои може да доведат спонтан.
Не се жештам, никој доктор не ме прати да испитувам, јас самоволно отидов и тие така ми кажаа да постапам, според ова твоево испаѓа дека работата не ми е целосно завршена. Ме стави на мисла не за друго. Што па ти се жештиш? Човек неможе да праша нешто. Тоа за ананасот незнам како ми отишло, почнав вчера да го пишувам и не го довршив, а сега ми го испратило како зачувано изгледа, Фала на поправката учителке!
Не ме праша ништо до сега, туку употребуваш зборови како "прави си како мислиш" "од кај па сега од форуми совети ќе добиваш". Малку дрско. А, обратно беше. Јас барав совет од вас бидејќи не сум испитала ништо од ова.., ти ми кажа за еден ден и ок е, точно е, и ти бев благодарна за советот и тоа што ми појасни, ама ако некој дал различен совет, а исто така се водел од свое искустви, не е причина за неприфаќање, туку подобро е да ја воочиме разликата зашто кај едните е вака, а кај другите поинаку. Значи советот ти беше на место, затоа и пишав опширно што денес ми пиша во упатот за испитување и која е разликата. Колешка кај мене на работа, која исто како тебе, направи испитувања со еден ден, доби резултати и терапија не го направила ова другото испитување и исто кажа. Јас стварно не знам ни дали ми е потребно ни едното ни другото испитување. И сите ние трчаме по лабаратории можеби повеќе од тоа што ни е потребно, но баш од причина што некогаш сме доведени во недоумица и може баналност како оваа ме дели од моето бебче. Нека е и за џабе трчањево. Ете...иронија.) Ако, не ми смета. Не читам само јас овде. Не читаат многу. А, не се ни познаваме за да си контрираме. Дообјасуваме само. Членката што праша за ендометриум е пред трансфер, па затоа вратив дека ананас не би требало да зима за решавање на проблемот.
Бидна и трансферот два ембриони вратени во мене,терапија премногу овој пат.Муабетот ми е за пролутекс 15дена треба да примам а гледам прогестерон депо ја има истата улога а далеку поефтин е.Го прашав докторот ми вика демек прогестеронот депо српски бил нз што,пролутекс да сум си земала демек поефикасен бил
Закажавме трансфер на 31.10 . Со среќа нека ни е на нас и на сите што се во процедура.. Ми дадоа терапија Аспирин 100mg 1x1 Vag utrogestan 200mg 3x1 Progesteron depo 250mg 1x1 3дена Декотрин таблети 5mg Buscopan I amp fraxiparine 0.4mg Ако сакате да ми кажете искуство и кое за што е. ...
Фала мила дај боже сите да успееме,инаку терапија имам утрогестан вагинално 1*1,аспирин 100 1×1,декортин 5мг 2×1/2,прегназон 1×1,пролутекс 1×1,фраксипарин 1×1
Аспирин и Фраксипарин за циркулација, Прогестерон депо и Утрогестан се прогестеронска терапија за поддршка на имплантација и бременост, Декортин за задржување на плодот, да не го исфрли организмот како страно тело, Бускопан против болки после пункцијата, ама мислам дека во Борн го даваат ко стандард терапија после пункција. Со среќа и успех! Претпоставувам дека имаш и некој витаминско-минерален препарат и фолна...
^^ве замолувам да не ширите непроверени информации, некоја ќе се извади од памет, а можеби и самообвинува! Ананас предизвикувал спонтан абортус и забранет бил на трудници???!!! Баш сакам да знам кој гинеколог/специјалист покрај совети за успешна бременост дал забрана за ананас Во ништо не е убаво да се претерува, но дека ако се прејадам со ананас и ќе имам спонтан ми е нон сенс Мене ананас ми беше стално на мени, цела бременост, јас обожавам ананас и 1/2пати неделно јадев сигурно, на одмор 10дена секој ден јадев ананас, знам бидејќи тоа нудеа по ручек, а јас не успевав да му одолеам. Инаку за ендометриумот треба тоа тврдото во среде од ананасот да се јаде, колку помага не знам, јас не сум го јадела ама така викаат, не доктор некој кој читнал некоја статија и се надевал на позитивен ефект Ми дојде да ја гушнам @Софија 88 ете така без причина, но со повод
Ти благодарам мила на одговорот. Не ми кажаа за фолна и витамински--минерален препарат...според тебе што да земам?
Јас се извинувам ако некого сум извала од памет. Ама, може да се просурфа за својствата на ананасот и точно да се види дали нешто е така или не. Кој гинеколог? Не би го именувала, ама неговиот одговор беше дека одредени состојки од ананасот се наоѓаат во антибеби пилули. Јас еве при обично сурфање најдов најобична статија. Секако, кога некој ќе дојде до одредена ситуација каде има спротивни мислења може да ја провери, па и да прашаат доктор. Што се однесува до тоа дека тебе ти годел ананасот, се е ок и нема зашто да чувствуваш вина ако си го консумирала. Веројатно и други го консумирале..па сигурно не доживеале спонтан. Има и други состојки кои се забранети за трудници, не е дезинформација. Фактот дека помага за едно, а може да направи штета на друго, сепак треба да се знае. http://ma.ungurury.ru/itn/maјchinstvoto/bremenost/57597-ananas-vo-bremenosta.html